Предлог ресторан со убава летна градина за роденден и крштевка во Скопје, за околу 50 души? Благодарам
Ти ја препорачувам Градина. Убав амбиент, услуга-ТОП, храна и мени исто. Зеленило, водоскокчиња... restorangradina.mk,мислам дека и мени и цени има, види и ориентирај се према цените, зашто и тоа е битно
Да, тоа ни е последната опција доколку не најдеме на друго место таму правевме младенци и сме презадоволни.
Следната недела сме на крштевка кај нашите кумашинци,маж ми го крсти првото дете а сега на второто имаат друг кум ама секако сме повикани.Е сега ме интересира дали и сега треба да носам торта, кога бевме кумови носевме а сега не знам,дали торта или некои бонбони такви работи?
Мислам дека нема потреба. Доволно е да му купиш нешто на детето и една бомбоњера. И јас планирам крштевка но никако да се погодам со финансии. Испаѓа од луксузи да не може да си го крстиш детето. Овој пат се мислам само домашните и кумот секако, од црква дома. Да порачам ручек од кафана, да си купам пијачки, салати кифли нешто, бабите да направат да помогнат. Не ми излегуваат математики за во кафана. И мислам бебе раат ќе си е дома. Исто и за поклон се мислам. До колку пари е да речам солидно, што да носиме? Имаме и млади кумови кои ми го крстија првото дете, и стари кои го крстиле мм и не венчаа. Па и нив нешто симболично да им купам.
За првото дете кумот не беше женет и ги дарував сите и родителите и сестра му,сега е оженет и чекаат бебенце,и се мислам дали само нив да ги дарувам и до колку пари? Хелп плис
Жени здраво, во сабота крштевка ќе правиме па ми треба ваша помош околу адетите? Што кога како се прави? Гладна да одам или не, дома кумот бебето ми го предава или не итн? Се и сешто се изначитав, а не сум била на крштевка одамна па и не знам што како треба... И уште нешто, идеи за поклони за кумот и кумата, освен саати и сваровски накит? Фала ви!
Појди во црквата каде што ќе правите крштевка да ти кажат што-како треба и што се носи тој ден (пешкир, сапунче, кутивче за косичката, свеки...).Се што ќе слушнеш надвор од кажаното од страна на свештеникот, се бабини деветини.
Ние ке правиме крштевка во недела па нашите кумови се млади и им зедов сатенска постелнина од tac, земав како да купувам за мене, зошто сам никој нема да си купи постелнина од 7000 ден. Плус за таткото и мајката на кумата планирам да земам од делимано некој сет садови за готвење. Можи е малку, не знам, што велите?
сумата што си ја дала е и повеќе од доволна.Но сатенска постелнина е знак прашалник кој колку ке му се свиѓа.Јас на сатен неможам да спијам па нека кошта и 500 евра (пример)
Јас за поклон за младенци добив и ја обожавам. Иначе постелнината е памучен сатен и е многу пријатен.
Kakvo peskirce treba? Isto i nas vo crkva toa ni kazaa da doneseme ama nez kakvo dali kako banjarka za da go izbrises neli posle krstevanjeto (mada toa kumata mislam) ili obicen nekoj peskir za tamu da se ostavi. I sapun zosto e?
И јас сум во дилема што да им подарам, ама изгледа за најбезболно да поминам ќе им ставам парички во плик и сите задоволни. Би купила нешто само за детето ама може паричкии за него. Наједноставно и најбезболни, скартува времеи трошење енергија при изборот па и дали ќе им се допадне.
Пари најубаво и најчиста работа па мало па големо чинело нечинело.. и јас пари поклонувам сегде и за свадба и за крштевка освен за повојница и на веридби и честење шо носам поклон и на роденден.. А башка последно на крштевка 2ца бевме 2000денари и плус купив благо и колекција бекутан чиста работа
Пешкир за раце, за попот да си ги избрише рацете. На крај си ги мие со сапунот, па ги брише со пешкирот.
јас кога ја крстевме малата, пешкирот, сапунот и зејтинот ги оставив до иконата како дар од мајката, попот не се бришеше...