А има посебни адети? Ние во неделата го крстивме малото, во црква носевме крпа, сапун и масло (плус копија од изводот на бебето), кумовите треба да носат платно/крпа за бебето и свеќи. Се плаќа 2500 родителите, 1500 кумот. Е сега, обичај кај скоро сите е кумовите да купат облека за изнесување на бебето од црква (црквата не го налага тоа), јас искрено не го облеков целосно во нивната облека, бидејќи многу плачеше. После си го пресоблеков во алишта што ги имав планирано да ги носи за роденденот. Инаку, со благослов од кумот јас го држев малото додека траеше церемонијата (оти плачеше). После крштевањето попот го зеде и го однесе во олтарот. Тоа би било тоа. Не знам колку месеци има малото, ама еве, јас со двете деца не бев поштедена од плачки, првото повеќе плачеше додуша.
Фала ти,ме интересира околу дарувањето. Ке бидат поканети старите кумови што не венчаа,сега кумството го презема нивниот син и ке го крсти син ми кој тогаш ке биде 3 месеци. Дали се даруваат и старосватовите и другите гости. Во мојот град симболично се даруваат сите,за во Битола не знаев.
Ние само кумовите ги дарувавме, ама немавме други гости на крштевката освен ептен најблиските. Истото и за првото дете го направивме. Сметам дека нема потреба сите да се даруваат, ама еве, нека кажат Битолчанките @BirMelek @kristina.k други не ми текнува во моментов.
И јас купив поклони само за кумовите.За никој друг нема потреба. И тоа за кумот треба да е симболично, (не како оние телевизори што купуваат). Мене искрено многу ми е просто да се даваат поклони на сите, се знае кум си е кум, тој е главен на крштевката, сите оние кои имале некаква функција на свадбата, за крштевката се обични гости и нема потреба од дарување. Кумот треба да го облече бебето после. Боди/маичка треба во задолжително бела боја. На мојата кумата и го облече само бодито за адет, после јас си ја облеков, ама во нивни алишта. Златната кума моја, буквално се и спрема, пс и памперс дури Во раце претежно ја држев јас попот така рече оти плачеше мојава. Инаку во црквата однесов крпа и сапун. За плаќање не знам, платија мм и кумот, ама по колку не знам точно.
@manako1 Исто и ние, само кумовите ги дарувавме. Нема адет во Битола да се даруваат и други. За во црква исто како @BirMelek кумата имаше спремено се, јас го облеков, а го држеше кумот цело време, мал беше и не плачеше, веднаш по молитвата го крстивме. Сапун и крпа носевме ние, а за цената тогаш мислам околу 3500 вкупно, 2000 мм, 1500 кумот. Можно е да е повеќе сега.
Јас искрено прв пат слушам старосватови да се даруваат. Прво немаат никаква улога во црква, второ зошто? Кумот крштева.
Јас здравје кога ќе правам само кумови и логично е. Золва ми пр. го даруваше секој присутен со пижами. И нас и мајка-татко и свекор свекрва итн....Поглупо здравје, а и зошто? Одеше од маса на маса па и пари на рака и даваа оти дар дава
И јас така мислам само кумовите да ги дарувам па викам да не треба и старосватовите. Ама ќе останат само кумовите дефинитивно.
Имам едно прашање, помалку глупаво. Треба да правиме крштевка... Е сега, свекрвата вели дека требало да го искапиме пред одењето в црква за да бил чист ( колку едно бебе е валкано???) Прашањето ми е... Дали имате информација, според црквата, дали детето може да се искапи вечерта или мора утрото на денот на крштевката?
Прв пат слушам вакво нешто. Еве и јас сега ќе крстам и не планирам да го бањам утрото. тек вечерта за спиење после кафана.