jas sum starosvatica kaj edna drugarka,sega ke pravat krstevka za maloto.Kazete idei za poklon ,a da ne bide pari,zosto za sve dr pari sum nosela
Зависи колкаво е малото. Мој совет како мајка ти е.....нај фер е да ја прашаш другаркати од што има потреба т.е. што и треба. Најубаво ти е така. Скафандер квалитетен, постелнина, има нокшири 3 во 1но, дубак или џампер, кенгур, хранилка итн. Еве ти најпотрени работи за дете кој се па договарајте се чим сте блиски.
Мајки ми треба совет или идеја некоја, кумови сме и не знам што да купиме за малото мора ли злато да се земе? За машко бебе е од 4 месеци да е девојче ќе земев некој обетчиња вака нз не сме баш при пари не фатија неспремни што да купиме некој идеји и што носи кумот во црква?
За во црква адет е кумот да го облече детето вообичаено комлетно (боди, пижами, чорапчиња, некое комлетче или шпикозни и обувки). Кај нас е таков адетот плус треба и бањарка, моето беше во зима крстено па кумот беше купил и ќебенце. За поклон плус не мора да е златно, може и пари или нешто друго да му купиш е сега ти најдобро си знаеш колку можеш да одвоиш, има преубави работи по дуќаните.
Добро што не мора злато сите што ги прашав ми викаа кумот мора злато да носи, а златото не е баш ефтино... Ептен не фатија во тесно иначе ќе беше друго.
@VDT2906 прв пат слушам дека мора кумот злато да носи, што можеш да си дозволиш тоа купи. Не сум добила злато ниту за двете деца а ниту па знам по роднини и пријатели злато да се давало. Тоа си е на кумот што сака ќе дари важно редот да се испочитува и детето да биде крстено.
Не знам каде живееш зашто секаде има разни адети, ама овде кумот не мора да купува злато. Јас мислам дека е најдобро за подарок да се договореш со кумашинците. Нашите кумови кога ја крстија ќерка ми нѐ прашаа што сакаме да ни купат и јас им кажав. Мислам дека со договор сѐ се решава.
Летово го крштевавме синко. Со кумовите се договоривме само да му купат комплетче ( алишта ) за во црква во кој ќе го облечеме. Бањарка и остало несакав зашто имав и немаше потреба да купуваат. Купија комплетче, свеќите, торта и пари му ставија во плико по нивна желба иако бевме против. Сепак е ствар на договор и најубаво да седнете да се договорите. Нема потреба од злато доколку они не сакаат или вие не сте во можност. Нас најбитно ни беше и чест накдобриот другар да ни е кум на синко.
Кај нас го облекоа бебе целосно (пелена боди чорапи панталони кошулка мантилче патики) пешкир за во црква благо и златно крвче. Јас ги дарував со кумата-филигрански прстен и алка а кумот со комплет за на одело.
Се е ствар на договор. Ке седнете и ке се договорите, според вашите и нивните можности. Ништо не мора, ај сега за едно злато вие чудете се како месецот да го поминете. Ние на кумот му рековме само да дојде. Од друг град е, па сметам дека и доагањето е трошок. Дури и сама облека за од црква сакав да купив. Човекот дојде, донесе облека, бањарка и плати во црква. Што е повеке од доволни. Јас ги дарував со парфеми.
Имам слушнато дека молитвата на 40 што се пее, не ја пеат на бебе кое не е крстено во црква. Значи ли тоа дека крштевката треба да биде пред да наполни бебе 40 дена ако знае некоја од вас.
Двете бебиња ги носев во црква на 40, и попот пееше молитва. А и двете ги крстевме на роденденот. Уствари не ни праша попот дал се крстени.
Синко не беше крстен. Во црква влеговме. Молитвата попот кажа дека е за мајката, а не за детето. Само во молитвата не го кажува по име туку ова бебе.
Молитвата е за мајката, не за бебето. Никој не прави проблем, ама обично молитвата и не се одвива внатре во црквата туку во ходник (ако го има) или во помошни простории. Но мислам дека во повеќето цркви не прават никаков проблем ако бебето не е крстено. Моиве и двајцата се крстени на година.