1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крштевка

Дискусија во 'Бебе' започната од soncicko, 6 февруари 2011.

  1. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    во недела сум на крштевка кај близначиња (машко и женско). е сега дека сама ќе купувам поклон а не сум многу при пари не знам што да им земам. има некој идеа?
     
  2. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    399
    Ај ве молам, еден совет... Утре сме на крштевка и се земавме поклон за бебушот и нарачавме и цвеќе за мајката мало внимание, и сега тетка ми кажува не се носело цвеќе на крштевка... Сте слушнале ли нешто за ова? Поголема глупост немам чуено, а многу скапа и голема икебана нарачавме... :@
     
  3. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    194
    И јас прв пат слушам за тоа демек не се дава цвеќе,абе се тоа се бабини глупости тоа не се купува оноа не се купува не знам каде ги пишува тие правила па ние да се ориентираме по тоа
     
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.722
    Пол:
    Женски
    А зошто не??Мислам јас не сум била до сега на крштевка освем на моиве ,ама не гледам причина зошто не.Убав гест, да се посвети внимание и на мајката :)
     
    На Viiiiip му/ѝ се допаѓа ова.
  5. taurus25

    taurus25 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    0
    Дали има некоја феминка од куманово која ке знае убаво да ми ги каже адетите кумановски за крштевка:што и кој се дарува,и слично,зошто јас знам дека овде се прави крштевка до 40 дена а и слушнав некои муабети дека требало да се даруваат и свекор и свекрва и мајка ми и татко ми.А мене кој ќе ме дарува??? :rofl: Шала на страна ако некој знае нека ми каже стварно сум збунета и не знам што и како.Јас би си купила се предвреме затоа што не планирам тогаш да трчам па и на тоа ладно време
     
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Можеби некого ќе бидам од помош, тазе ми се сеќавањата па да пишам. :)
    Прво си одите во црква и закажувате ден и час на крштевката во консултација со попот.
    Ви дава едно ливче да го пополните и таму се` убаво е напишано што треба да се однесе во црква:
    -извод од матично на детето, може и копија,
    -зејтин за здравје, пешкирче и сапунче од родителите,
    -две свеќи носи кумот, треба да се купени од црква.

    На денот на крштевката истото ливче му го давате на попот, а по завршувањето на церемонијата Ви дава Крштеница. Така беше за ќерка ми кога ја крстевме, а сега ни рече попот да си ја земеме за една недела.
    Таткото плаќа 2000 ден., а кумот 1000 ден.
    Инаку свеќите треба да се однесат наредната недела или првиот празник после денот на крштевката во црква да догорат и детето да ја прими првата причесна.

    Е сега кога станува збор за дарувањето т.е. бовчи, ние спремавме само за кумовите и старосватите.
    Со кумовите се договоривме да им дадеме пари и тие да си купат што сакаат, а на старостватите им купив постелнина за нив и за детето. Сметав дека е доволно врз основа на претходното искуство. ;)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Ние сега на 11ти ќе правиме крштевка, шетам шетам и се мислам што да и облечам на малечкава за до црква , се што најдов беше преголемо па ако има некој вакво искуство со по малечко бебенце нека го сподели :)
     
  8. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Било што Јуник само велат бело да е.
    Ние па се мислиме скоро 40 дена ќе правиме па треба голема молитва да земиме само не знам што и како оди тоа ако некој има поголем инфо да ми даде.
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Aко не е крстено детето само ти одиш во црква. Постиш 3 дена (четврток, петок и сабота) и во недела наутро одиш на молитва во црква па потоа по гости (нели треба во 3 куќи на гости да одиш иако немора да значи дека обавезно мора). Не ти треба ништо освен свеќа што ќе си купиш во црква - ќе ти каже поп и пари за попот за молитва :)
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Ноелле знам дека кумата треба да ја облече во бело ама не сум знаела дека и јас треба да ја облечам во бело..
     
  11. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.176
    Јас не сум крстена,ама баш би сакала моите дечиња,ако ги имам,да ги крстам :D
     
  12. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски

    и ние сакавме на молитвата да направиме и попот ни рече дека тогаш е најправилно и убо ама бевме покуси со пари и направивме по еден есеч. а инач е за облеката да голема му беше (како и се останато во тој период) а и син ми беше во бело кошулче и бели пантолончиња.
     
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Ние правевме крштевка минатиот месец и моето бебе не беше во бело облечено. Ниту јас, ниту пак кумата донесе бели алишта. Исто и кога сум присуствувала на крштевка на други бебиња/дечиња не биле во бело. Да требаше да бидат во бело сигурно ќе ни кажел попот. :!:
    Исто и ќерка ми кога ја крстевме, ова мора да е нешто ново, првпат слушам. :^)
    Всушност ова е кај Католиците, тоа сум го видела на филм, дека децата без разлика дали се машки или женски се облечени во бели фустанчиња специјално само за крштевка што се продаваат.

    И ова ми е чудно. Нас 40 дена ни се погодија за работен ден, баш среда беше. Мм зема слободен ден од работа и сабајлето околу 9ч отидовме во црква, купивме една свеќа, дојде попот, испеја молитва, а детето т.е. децата си ги држев во рака, не беа крстени. Откако ја испеа молитвата отидовме да ја бакнам (само јас и попот) иконата на Мајка Богородица и иконата на Светецот на тој ден, плативме 440 ден. и толку.
    Потоа отидовме на 3 места на гости и пред зајдисонце се прибравме дома. Со тоа всушност и заврши 40 дневно седење дома.
    Не постев и никој не ми ни рече дека треба да постам и сигурно немаше да се нафатам затоа што никогаш за време на доење не би постела, па од каде ќе се наполнам со млеко, од сокови и компоти и посни јадења :^) Јас не постев ниту за едното ниту за другото дете.
    Немојте да сфатите погрешно, не наметнувам ништо, кажувам за себе.
     
    На Isabel и crazylady им се допаѓа ова.
  14. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Мојот помал братучед знам дека од дома беше облечен во бело, а кумата мислам дека му облече комплетче, бело сина комбинација беше. Така да, мислам дека баш и нема врска како е облечено :)
     
  15. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    И јас прв пат слушам за ова дека децата кога ќе се крштеваат треба во бело да бидат облечени.Досега татко ми од кога памтам јас има крстено две детенца,и памтам дека само бела крпа(пешкир) зедовме само,а алиштата си беа за девојчето женски боички,а за машкото машки.

    А имам гледано по филмовите,дека кај католиците е така се во бело да е облечено,мислам. :?:
     
  16. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    уф добро е .. лолитке ме просветли па јас си мислев дека треба без детето да се оди во црква.. чим може супер
     
  17. Lamei

    Lamei Активен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Кога се зема Голема молитва, се оди заедно со бебето во црква, без разлика дали е крстено или не. Ако е крстено, свештеникот го зема бебето, и ако е машко, го внесува и во олтарот, а ако е девојче, само во црквата.
     
  18. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    јас се крштевев пред да се венчавам :lol: :lol: :lol:
    и незнам од кај излезе то ама ми рекоја бела блуза да си купам
    мајками купваше за крштевката на син ми и купи бело, незнам дали му текна дека така ми рекоја или така се погоди. белото претставува чистост и невиност зато требало во бело
    кизнај шо е вистина прајте си како што ви одговара
     
  19. violetmoon

    violetmoon Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    не знам јас лично првпат слушам,никој не ни кажал за тоа,на керка ми и правевме крштевка на 23 октомври минатата година имаше 4 месеци,јас ја облеков во фармерчинја и блузичка и розово капутче(беше цуцка мала),а кумата во бело-розево тиролче и розе хулахопки.крштевката помина супер во поблискиот круг на семејството а мојата цуца беше мн мирна глас не и се слушна додека ја крстеше попот.
     
  20. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Бевме на повојница пред некој ден кај кумашинчето мало, и однесовме облека. Ни соопштија дека крштевка сакаат да прават почеток на февруари, што сега за подарок за повојница? Некој да ми пише ако не е соодветна темава барем во лп, да дадам идеја дома да ни помогнете :) одамна кај бебе на крштевка не сме биле, а моите не крштевале цели 24 год :)))
    Ви благодарам! ;)