И крштевкиве.. Од убав момент со тие дарувања и такви церемонии си правиме баук. Место да го обележиме моментот ние се исцрпуваме и умствено и финансиски. Адети.. Тоа ти е..
Ние ептен лабаво поминавме. Нит фустан барав нит се потресував околу тоа. Гледав да е масата полна со храна, да тоа ми беше битно, сакав убаво да почестам, но околу тоа што ќе носам или нокти или коса ич не ми беше битно. Коса ко секој ден, шминка ко секој ден. Имавме шеќерна маса (дека и роденден нели) но јас ја правев со украси од џамбо и балони со хелиум куп. И поминав со 300 еу се на се. Знам дека и во кафана би било толку но реално квалитетот на храната и пијалокот е сосема друг вака.
Јас закажав крштевка во Соборна родителите 2500 кумовитд 1500 секаде е иста таксата така да не е битно во која црква таксата е тас позџ
Кога ја крштевавме малата заборавив да ги дадам крпата, маслото и сапунот, а ни попот не ги побара, па така си ги вратив дома.
Леле јас отидов без масло извод и уште не знам што ... Ми побараа таму и немав. Ама сапун имав добро е хахахха. Оснесов наредниот ден не беше проблем,.
Не, никогаш немало такво правило. Ние не сме венчани во црква, син ми е крстен. Моите не се венчани во црква, јас сум крстена.
Имаше еден период воведоја за да земаат повеќе пари, исто и моите не се венчани во црква-ја сум крстена ама пред некоја година не можеше. Очигледно зависи од град до град.
Можи да се прави во Божиќните и Петровденските пости. А во Велигденските и Богородичните не се прави. Ова ми е кажано од поп пред еден месец. Ние ќе правиме во Петровденските.
Јас присуствував на крштевка каде родителите на детето што го крштеваа воопшто не се во брак. Никој не ги праша дали се во брак, никој никаков документ не им побара. Сеуште се чудам како е тоа можно, ама ете, се е можно во МКД.
Јас и маж ми не сме венчани во црква, па ги крстивме децата. Битно е родителите да се крстени. Зависи во која црква. Ние ги крстивме децата во црквата во Ѓорче. За поголемиот плативме 2 000, а кумата 1000. За помалиот 2 500, а кумата 1 500. Тогаш беа поскапени цените. @MIA-SK и јас се чудам како е тоа можно. Колку што знам, не се крштеваа деца ако родителите не се во брак или ако детето има само еден родител. Другарка моја има дете од непознат татко, па и дозволија да си го крсти детето.