^^јас познавам многумина кои не се венчале во црква, а крштевале дете. Каква врска има едното со другото Ако не си крштеван, не можеш да правиш венчавка, ама за детето што има врска, не знам..
И јас сеуште се чудам. Некој да ми кажуваше, немаше да му верувам, ама бев присутна на крштевката и знам со 100% сигурност дека не се во брак. Ама, никој ништо не ги ни праша, не им ни побараа извод на венчани, ништо.
Во денешно време се е за пари. А цените им се огромни. Да не може човек да си крсти дете ако сака. Јас ги крстив затоа што маж ми инсистираше. Да се прашував јас, ќе се крстеа ако они сакаа кога ќе пораснат. Црквата ги смета за вонбрачни децата на оние родители што не се венчани во црква. Ама мора да ги крсти затоа што црковниот брак не е признаен во Македонија.
Мене не ми е јасни зошто не би можело да се крштева дете, ако родителите не се во брак или не се крстени?! Нели секој нов верник би требало да е примен во верата без разлика на околностите? Дали тоа значи дека сираче не би можело да се крсти? Или дете од мешан брак? Мислам лаик сум на темава, ама мене не ми е логично.
Затоа што црквата не признава невенчани родители. А како детето ќе прими вера, ако неговиот родител ја нема таа вера? Нема да ме чуди ако крштеваат деца на некрстени родители. Никој не бара од родителите крштеница.
Јас сум православна, не значи ако не сум венчана во црква дека немам вера. Децата ми се од мешан брак, татко им е католик, не сме венчани а сите три се крстени во православна црква, единствено нешто што бараше попот е кумот да е крстен.
И на мене тоа ми беше зборот. Јас и маж ми сме православни, ама не сакавме да се венчаме во црква. Кога бевме да закажуваме во црква, ни дадоа ливче да пополниме и имаше прашање дали сме веначни во црква или не. Заокружив не. Не направија проблем. И моите не беа венчани во црква, па јас и сестра ми сме крстени. Од тоа што го дознав е дека црквата не ги признава дека се во брак оние што не се венчани во црква. Со самото тоа ги смета тие деца за вонбрачни. А зошто е тоа така, не знам. И нас ни бараа кумата да е крстена. И ние да сме крстени. Со маж ми дури и крштениците сакавме да ги однесеме. Не ги сфаќам поповите. Ако не бев крстена во црква, немаше ни да ги крстам децава.
Секаде е различно, нашите кумови се италијанци значи таму си е родена малата се таму,па не ни побараа дали таа е крстена,само кажуват колку треба да плати кумот
Не сме венчани во црква , а овие 2 год крстивме 3 дечиња во различни градови. Никој и никаде не ни побара да сме венчани. Исто јас сум крстена, а моите родители не се венчани во црква
Слушнав дека првата коса на бебето се пресекувал дел првпат на крштевката, таков бил адетот, што ми е чудно малку, дотогаш да не шишаш дете, замисли го крстиш на 5 год. Прашањето ми е кој ја сече попот или кумот?
Нормално дека ќе го шишаш, вообичаено ги крстат до првата година па затоа останало така првата коса. Има луѓе кои и како возрасни се крштеваат, нема врска тоа .
Така остснало адет,секој не го практикува.Еве пример јас не го почитувам синко е 18 месеци и не е крстен,а истрижен е 4 пати до сега(првиот прамен си го чувам).А до годината 2пати,роден е со многу коса и брзо му расти и сега не ќе го оставев така и плус лето беше.
Големиот син го шишавме пред крштевката. Имаше многу коса. Свекрвата коментираше дека јас не требало да го шишам затоа што немам мајка. Си го доби тоа што го заслужува.
Имало некаков адет - Оној родител што има починат родител не треба да шиша дете. Го оставив маж ми да го ишиша, а она си доби следување. Свашта има по светов.
Не знам дали навистина има таков адет или она го измислува. И како капак на се беше тоа што не требало да одам на крштевката. Од истата причина. И беше кажано дека она не мора да доаѓа. Па си го крена носот до плафон. И двајцата се крстени кога полнеа годинка.