И јас знам за адетов. Исто и дека мајката не треба да оди В црква на крштевката на детето. За мене е огромна глупост ама ете мајками и за 3 те деца не била В црква.
Маж ми два пати крштеваше по истокот и таму адети да паднеш во несвест Мајката стварно дома седела! Зошто, зоштооо Потоа мислам дека отишол дома и и го подал бебето на врата
Кога ја крстевме малата си бев во црква и јас. Со мм кога крстевме, мајката на бебето си беше на крштевката. А девер ми кога крстеше на едни од светиниколско, мајката надвор пред црквата чекаше, а овде во Штип го крстеа детето
Епа мајка ми пред 15 г со сестрами не беше В црква и кумата на врата и ја даде сестрами. Се надевам никој не го прави ова сега, стварно е многу не убаво да не си бидеш на крштевката на детето.
И јас бев, нормално. Ние додуше адети никогаш не сме ни следеле за ништо. Едино што славиме празници. За крштевка бевме во црква иако не сме венчани со мм а сме крстени.
Маж ми е од Светиниколско. И таму се почитуваат адети. Јас кажав дека ќе одам на крштевка и дека ако на госпожата нешто не и се допаѓа, нека не доаѓа. За мене е глупост мајката да не оди на крштевката на своето дете. Мајка ми не била во црква кога не крштевале мене и сестра ми. Ама она сакала да го испочитува адетот. Баба ми не се мешала.
Присуствував на крштевка каде што мајката не присуствуваше. Шта да причам. Свекрвата главна ѕвезда. Кумот беше ставен во втор план.
Таму кај што бев на крштевка, мајката на мајката седеше дома. Се работи за крштевката на внукот од едниот девер.
Глупости живи. Свекрвата да оди , а мајката на бебето што го родила дома да седи. Ма немој. Јас си бев на крштевката нормално. И се знае дека мајката е битно да присуствува, а што фактор е па толку свекрвата? Ако многу збори таа може да остане дома А другата баба, поточно мајката на мајката нели е битна?