@iloveyou29 потполно се согласувам со тебе. Нема логика да седам дома, а свекрвата да изиграва мајка. Уште има сфаќања од типот дека побитна е бабата по татко.
Ако се однесува на мене син ми уште не е крстен и нормално дека ќе одам. Пишав за мајка ми дека не била. Таа така си сакала и може почитувала некој адет а не ја натерала свекрва и.
Кај мене тогаш никој не се ни осмели да ми спомне такво нешто. Ќе му го покажев местото секако. Прочитав погоре за Светиниколско адети некои. Јас сум од Свети Николе и сите различно, кој почитува кој не. Ама и покрај се, мене срце ќе ми пукне ако седам дома на крштевка на моето најмило. Тоа е така свечен и убав чин што не би го пропуштила за ништо.
Јас па не знам како бабите по татко си дозволуваат да ги понижуваат мајките. Демек они требало да бидат главни. Мојава уште и адети ми набројуваше. Ама јас пресеков. Она на мене ќе ми кажува како да си го крстам детето.
Ајдее, и тоа ли го има? Мајката дома да седи, а свекрвата главна Море ако многу кажува закони свекрва, може и да не биде поканета. И мојата почна да кажува адети. И јас и реков: ти си родител и ти плаќаш? И одма замолче и оттогаш не смее.
И двете се баби и јас не гледам зошто едната да биде по "главна". Фала богу кога ќе дојде ред да станам баба, сигурно нема да кажувам закони и да се мешам. Желба на родителите, се другото е небитно.
@Black girl јас му реков на маж ми - Кога ќе плати она, тогаш нека кажува адети. Оттогаш ни она, ни маж ми не рекоа ништо.
Ако мислиш на мене, јас бев на крштевката на децата. Јатрва ми не беше за крштевката на нејзиното дете.
Мислам дека адетот се створил затоа што порано обично крштевките се правеле на 40 дена. Мајката зема молитва и чека пред црквата (или си оди дома) затоа што веројатноста да крвари ( да не е “чиста”)е голема. Бабите во ова виделе одлична прилика да се истакнат, па си го тераат адетот и понатаму. Затоа, наместо да се нервирате и пречкате со свекрвата, најдобро одете со неа кај свештеникот во црквата кај што ќе биде крштевката и тој нека пресече а и за секоја дилема најдобро е во црква да си прашате затоа што има толку глупави бабини деветини кои никако не се поврзани со верата
2 дена пред да наполни 40 ја крстивме малата и молитва тогаш земавме. Прво надвор пред влезот на црквата попот читаше молитва, па влеговме да ја крстиме малата. Крварев уште и присутна бев, попот ништо не кажа
Јас се сеќавам дека мајка ми седеше дома на крштевката на сестра ми. Сигурно и за мене така било. Ама знам и дека ѕиркаше од прозор, блиску е црквата и се гледа. Така било во тоа време, пред 30 години. Сега, сите мајки си одат во црква на крштевка, па дури и дете држат, ако многу вришти кај кумот во раце.
Баш ова и јас ќе го пишував што го пиша Avery, порано бебината се крштевање до или пред 40 дена и мајките не биле “чисти” и од тие причини не смееле да влезат во црква па си седеле дома. Друго што прочитав тука и ми е ама навистина многу глупаво тоа што ако родителите не се венчани во црква децата се сметаат за вонбрачни или не може да се крсти бебе ако е со еден родител
Црквата не го признава граѓанскиот брак и затоа тие деца ги смета за вонбрачни. Сега крштеваат и деца кои имаат само еден родител.
Вака коа ве читам коса ми се крева од заостанатоста на нашиот народ. Инат ме фаќа адети коа ми се спомнуваат па обратно правам. Најлошо е што коа ќе прашаш за нешто зошто е така, барем значењето да ти го каже некој, тие креваат раменици и викаат ете така е останато од старите. Па старите ако биле прости и неедуцирани и ние ли сме? Околу тоа ,,чиста- не чиста,, мајка уште толку ми се Па природен процес е*ате... Причина плус да не однесам дете ни на молитва ни на крштевка.
Ние не правевме ни молитва, ни крштевка. На 40 дена отидовме во црква јас, мм и малата, запаливме свеќа за здравје и толку. Крштевка, здравје ако сака кога ќе потпорасне. После обидот за мешање и адети, од типот бањање во светена вода, барање прошка од кумот дека сами одбравме име и сл., и културно откачување на истите, никој ништо не се ни труди да каже Инаку мајка ми не правела молитва ни за мене, ни за брат ми, а крстени сме доста поголеми. Кумата ни е ептен побожна жена, ама вистински побожна, не се занимаваше со измислени, стари, нелогични адети и знам дека имавме баш најнормална крштевка, со присутво на моите. Убав спомен И да, ни моите не се венчани во црква, а крстени сме пред 20-тина години и не правеа никаков проблем. И да ви кажам, како вие си сакате и како ќе си замислите, не дозволувајте некој да ви ги наметнува нивните желби и фрустрации за ваше дете, на така убав ден.
@Sesil уште ако имаш починат родител мора да ја слушаш свекрвата. Мојата многу зборуваше па си доби карта во еден правец.
Ја како што знам, дете се крсти пред 40 дена, поточно се крсти на три недели по раѓањето. Мајката тогаш не оди во црква бидејки сеуште крвари и е "нечиста". На 40 дена оди мајката со детето да запалат свеќа. Не треба попот да праша, вие треба да го прашате попот или друго свештено лице, пред самиот чин, нели, ако ја почитувате верата. Пример, бремена жена не треба да се венча во црква, а ја лично знам еден куп трудници кои се венчале во црква. Да нема недоразбирања, ова сум го слушнала и го пренесувам како такво, не сум личност која тера адети. А за она што е пишано во Библијата, прашајте во темите за религија.