Kako ne go priznava? Zosto togas koga se vencas vo crkva prvo baraat izvod od kniga na vencani t.e prvo vo maticno pa posle vo crkva. Nas crkvata ni barase prvo vo maticno da se vencame pa posle vo crkva.
Више ме иритира што некои ,,правила,, се многу деградирачки за жените. Мајката го родила, крвари и не е ,,чиста,, ама затоа тате е светец, чист - солза, и нема никакви диелеми околу него. Било свекрва, било некој друг, за секој обид за мешање си добива следување Ете ми иритира мешање, или коа ќе рече никој ,,ама така треба...,,
Точно.Секој треба да го знае своето место. Свекрва и баба (мајка ми) ќе се еднакво важни во одгледување на детето и завршена приказна. Кога станува збор за активности во врска со бебето крштевка молитва роденден не дај боже лекари и слично одиме јас мм и бебе. Нека проба да застани измеѓу некој ќе си го добие. Зборувам за сите: свекрва мајка ми сестра ми, золва ми свекор ми или татко ми. Да споделуваат радост со мене бебе и мм е едно а да го заземаат моето место или местото на мм е сосема друга работа, ова второво не го дозволувам.
Ние прво се венчавме во црква, а после во матично. Не ни бараа ништо. А и сите што ги знам, така се венчале прво црква после матично.
Прво матично е. Чудно е кај вас прво црква. А и мислам ни бараа во црква документ дека сме регистрирани.
Може така е правило незнам. Ама кај нас дека беше регистрацијата во хотелот и така највеќе одговараше прво црквата па после регистрацијата во хотелот и продолживме директно во хотелот. Па чудно, ништо не ни побараа во црква. А за крштевањето мора да си во брак? Не ми текнува дали носевме извод на венчани. Па ако не си во брак, што ќе однесеш за крштевање? Нема ваљда некрстено да остане детето.
Не ме сфати. Црквата ги смета за вонбрачни децата на оние родители кои не се венчани во црква. На тоа мислев кога пишав дека не го признаваат бракот. Јас и маж ми не сме венчани, па си ги крстивме децата. Грев било да не се венчаш во црква. @Sesil си доби следување и затоа пред да се крсти помалиот син, ништо не рече.
Кое презиме го имаш? Го задржа своето , или неговото го зеде или пак го додаде? На венчаницата од црква кој со кој се венча?! Што ти напишаа? Прв пат слушам да венчаваат во црква без граѓански брак. Сигурно не си грешка? Да не сте потпишале претходно во матично, а свечениот чин да е бил отпосле во ресторанот?! Друго не гледам како би се венчале без никаков документ. Дете може да крстиш и да не си венчан во црква нит матично. И вонбрачно дете се крсти , нормално
Епа ете чим сум се венчала така значи бива. Презимето само неговото го земав. После во ресторанот се регистриравме, стандард. Си се потпишавме двајцата и толку. И другарка ми исто така направија. Прво црква после регистрација. Претходно не сум била во матично. Јас прв пат слушам дека неможе така во други градови.
Мене за венчавка во црква не ми побараа извод од матично, а што се однесува до крштеничето на дете чии родители не се венчани во црква, поповите викаа дека ќе го пишеле детето во крштеничето дека е вонбрачно, што не се случи, може беше обид за убедување на родителите да се венчаат прво
И ние исто прво се венчававме во црква ,а потоа матичното ни беше во ресторанот може дозволуваат сегде документот од црква т .е венчаницата не ја подигаш дента туку друг ден после свадбата .
Што ви е чудно , од општина до општина има разлика различни правила, исто ко за надоместоци некаде дават некаде не , не е е се исто секаде .. И ние се венчававме в црква па вечерта регистрација у ресторант ко најнормално се со ред потписи смена презиме , др ден појдовме си а земаме венчаницата , никој не ни побара ни спомна документ .. Па и адетиве каша попара се секаде ..
За тие кои се регистрираат во ресторан, а пред тоа се венчаат во црква, кога закажуваат во црква кажуваат име презиме, а после неколку дена носат венчаница во црквата. Па врз основа на тоа што го пишува во неа црквата прави пусулче дека сте венчани, незнам како се вика тој документ точно. И секако го даваат после една недела, а не на денот на свадбата. Барем така беше во нашиот случај. Па дури добивме и книжуле "Светата тајна брак", (што ниту ја прочитав, ниту знам каде е).
Сестра ми пред 16 години не беше за внука ми. Така и рекоа, така направи (детиште ). Јас си прашувам во црква, и муабетиве врска немаат. Може да го крстиш кога сакаш. Го пратив и мм да праша пред молитвата што, како зашто уште крварев и попот рекол нема врска.