100е фотосесија, плус цел ден дента да слика во црква и во ресторан, плус слики печатени добиваш во оваа цена, само не запамтив колку точно слики беа. Девојката е топ значи незнаете колку се труди со децата за сликање,инаку во фотосесијата ви следува и тортичка.
На страна, да не гледаат другите гости, или пред сите се поддадоа? Стоеја некаде складирани или во кафаната беа, видливи? Се извинувам за прашањава. Свесна сум колку безвеза звучат
Крштевка тек ме чека. Ќе кажам за свадбата. Кога заврши свадбата, си разотидоа гостите останавме само ние со нашите и кумовите , тогаш ги дадовме.
Ќе ти одговорам од моето искуство. Поклоните им стоеја во кола. Кога дојдоа сите гости, се сместија и почна да се служи ручекот. Тогаш ги земаа во кола и на масата ни ги дадоа. Не забележаа многу од присутните, сите беа размуабетени
Јас ќе им ги дадам кога ќе ги каниме. Се мисли кога ќе ги каниме да дојдат на денот, а не кумови да бидат. Ич не ми се бендисува момент делење поклони во сред маси
Ние веќе им ги дадовме, а крштевка ќе правиме викендов @danichap. И мене не ми се бендисува моментот давање на поклони пред сите. Отидовме кај нив и им ги дадовме дома.
Кај нас беа ептен само блиски(нашите) и кумовите и старосватови, па не беше страшно. И јас се мислев, ама друго немаше кога. Се чекавме во црква, а посебно канење немаше дека тие ни се кумовите од свадба и едвај чекаа да крштеваат, па посебно канење и други марифети немаше
@danichap И ние им ги дадовме кога ги каневме. Оваа сабота ни е крштевката ги каневме предходната сабота. Не знам за Скопје, ама кај нас во Битола освен покана и поклоните кога ги каневме се носи и погача и вино. Ние не ни имавме посебни поклони. Имавме еден фамилијарен поклон (решивме така да купиме нешто повредно и поголемо отколку на сите да им даваме поклони) плус поклон за девојчето нивно.
Ќе има и тоа сигурно и ние исто бевме на вечера кај нив ама овај "официјалниот дел" заврши одма за 2 минути. Се е ствар на договор како ќе се договориш. Мене искрено ми е многу убав тој чин на канењето ми дава посебно чувство (спремање, виткање поклон, погача украсување, некоја еуфорија пред крштевката )
Ем деца во раце, ем поклони, па и блашко... ќе треба сите, туто комплето, со се свекор свекрва, да им се тупиме за да има слободни раце за се
Па до врата нека ве подиспрати некој и нека се врати ^^ми дојде слика пред очи и се згазив од смеење, такви со 3деца-бебиња, торби со пелени, јадење, играчки, ќеси со поклони (кутии никако не е изводливо да носите) и торта