@emkaemka честито крштевка. Нека му е вечно името на баткото. @Среќичка ние исто само 14 возрасни+4 дечиња бевме(+ние тројца). Нашите, браќа/сестри, кумови, старосватови.
Да пишам за FairyTale. Сликите се преубави, сите убави моменти се опфатени, не е само шкрапано, ги препорачувам и јас Слики од слатката маса не можам да ставам, на сите има негова слика или негово име, или е он, сечев, шкртав ама не Еве некои од нешто.. Спојлер: Крштевка Инаку вчера идеме да го зедеме цд-то и мм уште во кола вика ,,па ние немаме за цд на лаптопот,, а хард диск, ниту усб не сме понеле, уствари не ни ни текна и на крај во Молот купивме такво за цд
Толку бевме и ние, 20 вкупно. Нашите, кумовите и браќа и сестри. Толку. Најблиската фамилија. Прави си ти како мислиш, остави другите нека зборат.
@duffi во ,,ластикот,, си на крштевката?? Нека е вечно името на бебе, жив, здрав, голем да расте и секогаш гордо името да го носи
Да Емка ,за таа намена беше ластикот. Благодарам. Вечно името и на малиша твој. Со здравје и среќа да си ги носат. Помина и нашата крштевка. Како што спомнав погоре, само со кумовите и нашите. Прво во црква, малиша примерен. На крај имаше плачки ама огладне, и жешко . Ама брзо се смири. Не беше ништо страшно. Потоа заминавме на ручек. И убаво поминавме. Кумовите ги гледаме два пати годишно(не се тука) , ама за среќа сме супер спојка. За се до сега убаво сме се договориле. Од таа страна сме на иста фрекфенција. Јас на ,,старите,, им земав постелнина. Слична на нашата која ја сликнав во Што последно си купивте. Само беше бела со некои поситни цветови. Не знаев што и се одлучив за тоа. Знаев дека ќе сакат да си го носат во другата дома. На девојките ташнички за излегување Гес и по една сребрена нараквица. Во нашиот случај они се главните. Ете идеја на некој кој му треба. Оти јас тотално изгубена бев по ова прашање. За црква тоа што беше наброено. Зејтин, крпа за попот и блачко за частење. Остатокот секој да си организира како сака. Ич никој да не слуша. Ние се мислевме за ручек или вечера. На крај пресековме за ручек веднаш после црквта. Малиша во 20часот веќе спие. Па ќе требаше да го малтретираме ако беше вечера. И супер поминавме. Малиша го облече кумата. Сто пати се јави за бројче да праша. Па имаше два комплета еден помал о еден поголем за секој случај да не утнала. Свеќите исто од нив и подарок си доби. Задоволни и двете страни. Се распишав, се гледа дека бебка спие.
има убави ленени кошулки во ваикики. за да му е комотно. може со некој шорц така по класичен и трегери и мокасини. се ова што кажав имаш таму ако ти се допаѓа
Мајки, дали некоја од вас правела крштевка во манастир, манастирска црква? Или, дали имате чуено некој да прави?
Не мора да е Бигорски, може да е и друг манастир (сеуште размислувам кој/каде ). И предлози се добредојдени. Знаеш какви им се искуствата на тие што крштевале? Каде крштевале, кој манастир одбрале?