Кај нас свекрва ми си носеше топла вода во ѓум од дома. И попот таја ја тури и не дава никој да ја проба дали е топла или ладна демек никој не смеел да чепка во водата. И не го намокри цел само нозете и на главата 3 пати му тури водичка.
Само мене не ми текна на водата. Додуша нашава модерна црква со чешма со топла и ладна дирекно во коритото за крштевање. Додуша синко само на бањање заплака. Може и ладна да му била
Мајки ајде тие што знете ве замолувам да споделете. Во план сме за некои две недели да ја правиме крштевката на синко. Е сега прашањето кумовите ни се од прилеп како би ги поканиле за крштевката дали имаат некој обичај или нешто?
@kiki_riki е Битола, има поназад постирано и слика што носела, мислам слични се обичаите со Прилеп. Но и како си сакаш, што сметаш. Ние ги каневме 2недели пред, со покана, поклоните, благо и пијалок. Скопје сум јас.
Кај нас попот праша кој го бања малиша. Таткото како од пушка оти он бања и на него му дозволија да ја направи водата. @Mimmi39 кај нас често ги крштеваат на манастирот во Вадоча. Разликата е што таму не се плаќа никаква такса.
@emkaemka под поклоните мислиш на она што сте купиле за дарување на денот на крштенката? Или се купува и за канење усте по нешто? Знам звучам смешно ама немам поима од процедуриве како одат.
Што сме купиле за дарување на крштевката, тогаш сакавме да ги дадеме, на денот со ништо никого не дарувавме, само бебе си примаше дарови
На телефон. Ние така, и нашите се од друг град. Нема шанси за канење толкав пат со две мали деца. На телефон се договоривме кој што како, а кога дојдоа после кршевката кога седнавне на ручек им ги дадовме подароците.
И нашите се од Прилеп. Ние правевме свадба крштевка пред 2 месеци. Бевме да ги каниме фамилијарно со свекрва и свекор. Свекрва ми носеше повеќе работи ама дел беа за свадбата. За крштевката имаше земено кошула за кумот, долна маица на прерамки бела, бонбоњера, вино црвено и погача ама мислам погаѓаат беше за дека ќе не венчава и плус дар исто дека ќе не венчава. За в црква попот рече да купиме ѓум и во него да ја носиме водата топла направена од дома, крпа и сапунче. За почестување на попот ништо не носевме па тој сам си побара па ај трчај по бомбоњера и за него.
Во шок сме хахах Дали да плачам дали да се смеам Договаравме крштевка некаде септември да го држи барем малку главлчето да не мора да се дерам по попот да пази ( ги пукнав моите домА пази пази пази само тој збор ми е во уста) и замислете кумот другар на маж.ми го снема некако.се изгуби му вртиме периодов се некаако.отсутен зза на крај да ни каже дека се откажува од кумството нема да ми ја крсти душичката. Од нигде никаде без извинување без објаснување без ништо ете така му текнало. 15 год се дружат неразделни со маж ми и сега ете што ни направи. Сега што да нааправиме? Маж ми е разочаран и повреден и не сака да коментира на тема кум. Знам.дека темава е за.убави работи.ама ете кога ја прочитав ме облеа нервоза. Се извинувам
Ќе си најдете друг кум или кума и ќе си го крстите сонцето. Ѓум бе . Од каде му текна на ѓум? Најдовте? Инаку, со ѓумов ме потсети на убави работи .
Da ne dvoe i on da si go pobara negoviot del. Znaci vino bombonjera pogaca i toa so ke im zememe za daruvanje za krstenkata fala za informacijata