Колку што сум информирана во Зрзе сеа не кршетваат...а во Бигорски да само со повреме да се резервират
Најдете си друг кум. И нашите ни откажаја кога се роди бебево. Си најдовме други. Златни ми се не си ги менувам за ништо новите кумови. Најдовме да во една продавничка што се продаваја ствари се за дома. Прашај си и други од Прилеп. Зошто ние му однесовме и кошула и маица бела на прерамки за под кошулата. Тоа било дека ќе крштава. Така се носело. Инаку јас не се замарав со тие работи, свеки среди.
Живи здрави нов кум ке си најдете. Поарно што ви кажал, него да го барате, молите, да ве избегава. Може си има некоја причина.
И да има причина има ли уста да каже? Не треба да се правда, ама фер е да им каже да си планираат. Вака ептен детски. Не се јавувам на тел, ќе ги игнорирам.
Баш поради ова сме изреволтирани да испаднеше човек да кажеше вака и вака (доколку има причина) а не вака му се јавивме за мекици не дојде викам ајде пак да му се јавиме за роденден на маж ми не дојде. Не ми се јави дс ми честита ќерка викам ајде може си има некој проблем и му пишав го прашав и он само ми пиша дека причина нема едноставно ја одбирам мајка ми само неа ја имам.. да напоменам и свадбата ја откажа поради мајка му бидејки му рекла да не испадне да се разведеш трошоци ова она и.човекот одлучи дека не сака да се жени. и сеа си мислам дека е под огромно влијание ама па ние и ден денес нџ што па на жената и згрешивме ама нема врска ќе најдеме нови иако мн ми е криво..
Не не не баш поради тоа се зачудив добро стоиме ни беа за велигден си пишувавме на вибер си одевме едни кај други.. маж ми мисли дека финансиите се главен проблем си викаат ајде сега крштевка утре родендени а некако за парички се потстиснати иако имаат ама тоа не е моја работа не е вкусно вака да коментирам.. нз искрено што да кажам
Абе така си е, ама и сешто има по лугево. На мои блиски исто им се деси, ги бараа кумовите на тел, не се јавуваат. Сто пати, или ке се јават па као во гужва се. Еднаш им се јавија за на гости ги откачија. А овие крштевка за детето требаше да прават. На крај испадна кумовите биле во лоши односи мегусебе, мажот имал друга, жената го фатила, па се разведуваа. И сега не е лесно ова на кумашинот да му го образложиш на телефон.
Мене многу глупаво и некултурно ми е тоа криење, ако не сакаш повеќе да си кум или можеби финансиите не дозволуваат, подобро кажи нема ништо лошо и срамно во тоа. Повеќе срамно е да се криеш и да се правиш на Тошо.
@Independiente и ние сме во слична ситуација. Мм се налути за една голема работа која кумот не ја заврши а прашање на живот или смрт беше (не поврзано со пари) а тој не се јави воопшто ни да извести дека не може. другарство неразделно 10+ години. Демек тој кум ние требало да попуштиме и ќе поппуштевме ама тој не сакаше да му биде попуштено. не крена воопшто телефон што значи му одговара да не се дружиме. Ќерка ми ја нема побарано ни тој ни кумата. Ма ни лајк на фб немаат ставено на девојчето.
Јас сум тип кој не прашува многу. Од кај знам што е причината, па не ни прашувам да не ми кажат нешто страшно, да не знам на која страна да се свртам. Не треба образложение. Само не сум во можност да продолжам кумство и тоа е тоа. Вака е безобразно најблаго кажано. Не одам на мекици, не кревам тел?!
Кај мене кумот е другар на маж ми јас не го знам многу 3 пати го имам видено пред свадба ... и сега за крштевка известен е и само рекол добро ни да праша што треба како треба ... се си купив сама не ни очекувам дека ќе донесе нешто ... искрено многу се нервирам не ми го знае детето а ќе ми го држи таму ама маж ми е крив му викам на што личи ова и вика епа таков е што да му правам о мн се караме за тоа ...
Па не е крив ама може другарски да му каже ќе дојдеш на крштевка какп што треба или не ... мислам дека е срамота кум да дојде без пешќир, а маж ми да преќути
Па може дома прашал мајка, жена ако има што треба да однесе не значи дека ќе дојде туку така со празни раце. Не се нервирај за џабе и не се карај со маж ти за тоа.
Извини вака, ама јас не би одбрала за кум некој што сум го видела само еднаш во животот. Кума ми е другарка. Односно, заедничка другарка. Децата за крштевката ги дотера, и поклон им купи. Инсистирав да не купува ништо, ама она запна да купи. Мерак и било.
Девојкиии другарка ми за 2 месеци треба да се породи. Стариот кум им откажал , и ме праша мене за кума да бидам. Јас прифатив без размислување , и сеа се свестувам што направив Голема чест ми е и многу ми е мило , али не знам никакви обичаи. Дечко немам , значи сама кума ќе бидам. Што треба да правам? Што да купам? На мекици што да носам? Првото дете им е крстено од старите кумови , ама јас го сакам ко мое да е. Сега што да правам околу кумствово врска неам. Помоооооош!!!!
Прво,честито кумство.За раѓање,можеш да му однесеш некој симболичен подарок (мече,боди,аливциња,тропалки,шише,цуцла,прошетај по бебешки продавници одма идеа ќе добиеш),за другарката благо,балонче некое и доволно е. Понатака за крштевка ќе си се договорите.Се претера во денешно време,кум да не можеш да си,ќе те одерат.Се е ствар на договор,ако се разбереш со луѓето. Уживај си во кумството.
Благодарам да сте живи и здрави и само убавини да ве пратат. Јас купив веќе некои работи , за мекици сакам торта од пелени да однесам. А се кажува нешто кога ќе одам на мекици? Има некој адети? Другарка ми ми кажа да не се замарам таа ќе купи се што треба , али мерак ми е мене. На врата требало да и го предадам детето и да кажам нешто. Мене ми е страв да не згрешам нешто , па цела церемонија да упропастам.