Не знам во кој крај живееш,секаде е различно.Тука кај мене нема такво нешто,се крштева детето,ако е машко го носи попот во олтарот и толку.Е сега,во јужните краишта знам дека по крштевката кумата го дава на мајката и и вели нешто како беше рисјанче сега е христијанче,не сум баш сигурна ,така нешто беше. На мекици што да речеш,да е живо и здраво.Штом сте си блиски со другарката се таа ќе ти каже што и како треба.
Тоа со предавањето на детето е после крштевката, откако се крштева се оди дома и кумот го подава детето на мајката преку прагот и го кажува тоа членката горе што го пиша..не се многу замарај со тие адети затоа што околу вас секако ќе има повозрасни кои ќе те потсетат што да правиш..на маж ми му рекоа пред крштевката не треба ниту да јаде ниту да пие, забите на детето да биле здрави..абе глупости..ќе се онесвестеше на жешкото, едвај некако истрпе..и после му спомнува на попот за адетот и тој се изнасмеа, вика на овие бабите што нема да и текне. Така да ако имаш можност прашај си некој поп најдобро ќе те упати. Инаку за на мекици не се кажува ништо посебно, ќе им честиташ, да е живо здраво и тоа..
Веќе ти кажале тоа со предавање на кумот е после крштевката. Порано (сега немам слушнато да се прави така) мајката не одела на крштевка, па детето крстено кумот и го предавал на врата дома и го кажувал името.
Нашиот кум дојде со раце в џеб... ни пешкир ни поклон... и не му чуе. Мислам дека само мене ми се има ова случено
Како и да е срамота е Си носев јас се, бидејќи до денот нити се јави да праша нешто претпоставував дека нема облека да донесе ама ај си викам ќе донесе барем подарок овој ништо
Може ,,не знаел,, дека треба нешто, уз муабет што не сте спомнале, јас би му рекла ,,куме поголем пешкир треба, ваљда знаеш,,
И вака ли има?! Јас не би му дала дете да ми крсти, одма вадам другарка, мајка кој и да има со нас да си преземе крстење наместо кумот. Се шалам, човек не знае како да изреагира во такви моменти Инаку да прашам од адетите, кога попот го зашишува бебето па косичката ја чува, значи ли дека тоа треба да е прво шишање на бебето??? Да не се работи за чин кој навистина ми е свет нема воопшто да се запрашам, сепак цела позитива ја внесувам за тој ден па сакам да не ја утнам
А и тоа ли има. Шишањето било свет чин Не знам за што се смета, го потстрижа нашиов поп од вр глава бебе, ми ја замота во палома косата и ми ја даде. Наредно шишање ќе биде кога шишките ќе му идат во очи ^^И јас мислев кумот е ерген, како и поназад да пиша дека е сам, па нешто и мајка му ја спомнуваше @didisi не знам Купив. Уметничка слика од срма, ташна за девојчето, тренерки и топка за малиот, чоколади, пијалок. Кога ги каневме за крштевката, со покана дадовме, ако даваш на денот благо и пијалок не ми иде да даваш..