Ние правиме кршетнка здравје сега у недела. Од 10 закажавме во црква а од 11 во кафана. Едвај чекам да дојде недела да си ја крстам малата и да си поминеме убаво на крштенката
Здраво, би сакала да ве прашам дали знаете што треба да се однесе во црква за бебето, ние ќе ја крстиме малата на осми следниот месец па се спремаме полека
Зејтин и сапун се остава за попот. Другото кумот си носи, а ако вие си ги подмирувте тие работи тогаш: пешкир за бебето, облека, и свеќи.
Нас кумот комплетно ни го облече бебето: боди, алишта, чорапчиња, јакничка, кондурчиња. Плус сапун и пешкир за бебето. Ова исто зависи од град до град и од договорот помеѓу родителите и кумот. Е сега зависи од град до град што се адети. Кај нас на пример и злато се дава па си доби и злато бебе. Исто за попот треба сапун и пешкир за раце кај нас, ама тоа домашните треба да го обезбедат.
Мислам дека во црква на другарка и дадоа список што треба од нив што од кумот. Гледам нема спомнато погоре ама они купуваа и едно пластичнон кутивче за косичката Поздрав
Секоја црква си има свои ,,правила,, Ние крштевка правевме во Марков Манастир. Крпа и сапун не ни рекоа. Ни зејтин. Само си плативме според тарифата. Затоа најубаво е да си прашаш каде што ќе го крштевате детето, најточно ке ти кажат.
Прашај си во црква,секаде е различно. Мене попот ми рече “Ти треба само бебе да носиш,ништо друго” Ни крпи ни сапуни спомна.
Мајки дали знаете во колку часот започнува и кога завршува службата во недела конкретно во црква Богородица? За причест ме интересира.
Здраво мајки ние планираме крштевка да правеме.како што прочитав кумот треба да плате во цркава и ние,свеќи,да го облече бебето,купуваме дарови,како што прочитав кумот и торта донесува дали и ние ќе треба да носеме во ресторанот или само од нив треба
Јас земав без ваучер. Го земав саатот и на каса ништо не ми побараа, само го искуца и платив 2500 ден.
Бевме во црква да закажеме и попот кажа дека облекувањето може да биде како сакаме и дека не мора да се менува облеката по крштевањето.
Женички и ние ја направивме вчера крштевката. Бебушот беше супер немаше плачки се изнаспа, само два пати заплака. Се беше прекрасно во црквата и после отидовме до дома со мм бебушот кумот и женска му да го напрајме адетгос со миење на кумот и предавање на бебе па се наранивме и отидовме во кафана. И таму беше се супер, бебе спиеше цело време и беше префрлена во сите раце...радост. Како и да е поминавме прекрасно и беше прекрасен празник вчера поклонување на Пресвета Богоридица, многу убав свет ден. Ви посакувам на сите убава крштевка и нека ни се живи и здрави бебињата.