Нека е среќна крштевката јас незнам како ќе поминам мојта душичка многу плаче иначе сме 1 месец незнам што ќе биде понатаму жално плака во сон се исплаше
И ние ја поминавме крштевката вчера, испадна одлично Бебе веселo, многу мирна беше и кај кумата во раце, и кога попот ја бањаше. Му се смешкаше,и на крај му се измоча во водичката Дури и кога ја облекуваа беше штама, за чудо (Дома кога се бањаме и облакаме, и комшиите слушаат какво дерење е тоа, а не плачење ) Од црква во кафана, бебе се изнаспа во количка со саати. На сите им беше мерак да ја држат, абе глас не и се слушна. Уживаше. Ко друго бебе да имам сега и денес е ептен весела, воопшто не плаче, си има мир сега детето Си доби алишта за следните неколку месеци ништо да не морам да купувам, стокмена е со се сега Си доби и поклони,и парички и преубави златни обетчиња, едвај чекам да и ги ставам. Алал на кумата за стајлингот што и го имаше испланирано,преслатка беше, па и со една огромна туфка на глава шетавме цел ден. Дарував на старите кумови сет бањарки,пешкири х4 и папучи за дома, на младата кума пари,на брат и убаво блузиче, и сите задоволни
Здраво,јас сакам мислење од вас.. Се спремаме за крштевка па прашањето ми е дали бебуш мора да биде облечен во кафана цело време како што ке го облече кумата во црква?
Kaj mene bese dodeka stignavme vo kafana posle se ispoti ziva voda i si gi presoblekov pobitno mi e deteto nego adetite.
Тоа е друга ситуација. Исто може и да прокисне памперсот на алиштата од кумот па секако дека ќе го преслечиш. Но тенденциозно да купуваш друга облека за по секоја цена да го преслечиш не е во ред според мене.
Мислам дека би требало да те праша за вкус Братучетка ми што ќе ја крсти Ева ми рече сама да си купам таа пари ќе ми даде на крај.
Да се надоврзам на ова погоре од кукле.. Леле другарка живци искина ама за да не ги навреди кумовите не го пресоблече детето. Не можам да ви објаснам какво беше малово во.облеката.. боже ми опрости ко мал дедо. Па до толку да се нема вкус а млади луѓе кумовите бре.кога ги гледа сликите ден денес плаче женава. Ај што ја имаше секоја можна боја туку и моделот висеше од сите страни. Хаос @fana потполно се сложувам со тебе. Или да одбереме заедно или јас па нека ми даде пари.
Не се секирај и јас мислев мојава ќе плаче ама супер беше, како викаат кога се крштева детето се става у мир. Нека и биде среќна крштенката и на сите други бебуши да ни ги чува дедо Боже
А млади ли се? Блиски сте? Ако сте, нафрли муабет некако одоколу што не сакаш бебе да носи. Или пак речи и не се оптерерувај околу облеката можам тоа јас да го завршам па ти на крај пари да дадеш. Баш ќе личи дека сакаш да и излезеш во пресрет да не се бафта по продавници.
И јас ке си плачам како другарка ти,ако не превземам нешто.. Вкусот им е катастрофа,а и бргу се навредуваат..
Мојата случка со кумата. Млада е, ама вкус има од 19ти век. Среќа случајно пред крштевка шетавме со бебе и ја сретнавме. Ете одбрала облека, да сме ја виделе. Свилен костим со сите салтанати( мислам и беше за сунет ) небесно сина боја, тоа светлото очи боде леле мајко. И кажав убаво, без навреди, дека костимот си е убав, ама дека ќе му биде претопло на бебе во него. Ок, без проблем прифати, оставив на неа да одбере, не беше нешто уау, ама во споредба со сатените, беше екстра. Сандалчињата му беа мали, па си ги носеше неговите од дома.
Леле оти бе си ја заменила, какви слики ќе испаднеле само да знаеш Па сте можеле 2 во 1 и да го ,,обрежите,, Бебе мое многу убаво го дотераа Ме прашаа и за број, кажаа и од каде купуваат па кој број носи од таму, мерев и ноџе за патики, додуше и ми ги покажаа стварите дали ми се свиѓаат и дали се добра големина Бебе цел ден беше во облеката и преспа во неа, само патиките и чорапите одма ги симнавме пошто бебе не трпеше ништо на нозе, навечер му ги облеков пижамчињата исто од нив. А да и прашаа и со кој прашак перам и како, да не случајно се нафрли бебе
Пријателка си ја пресоблече... незгодно и беше да и каже дека не и се свиѓа, а на фб и пратила, па дури и мене ми прати одма да сум видела колку не било убаво Убаво беше, но за на свадба Бело едно, баш како невестичка мала беше. Среќа жешко беше, летно време... па се извади на тоа дека и е топло во слоевите тул И и облече друго, поубаво по нејзин вкус Ние ке одиме заедно да купуваме со кумот... и јас ги видов тие во Окаиди Ама па ни кажаа што поклон ке купат за роденденот и доста вреди, па шанса нема да ги трошам и за облека толку многу... Ке шетаме низ Бисер деновиве, да видиме низ тие продавници дали има нешто убаво... Инаку едно прашање... Може кумата да крштева, а кумот да го држи детето? Кумот синко го крсти, а кумата малава ке ја крштева... но тазе трудничка е, а малава тежи