Декорација сама правев, имав и на масата, имав и слатка маса со колачиња, мафини, гумени бомбони, се по ред.. Торта од Аромати. А да и поклончиња давав на сите, нешто како мини тортички.. Како сакаш така, за мерак се е дозволено
Ние бебчето ке го крстиме околу нова година па ме интерисира да ми дадете некој предлог што да ја дарувам кумата, размислувам да и дадам пари во плик но незнам колку. Искуства?
Здраво, ве молам за помош. Дали некој може точно да ми каже кои се обврските на кумот и кумата? Фала многу
Се е прашање на договор. Ние со кумот договоривме само свеќи и пешкир/бањарка тој. Јас сама си го облеков.
Крштевал ли некој во Пантелејмон во Нерези? Сакам во март да ја крстам малава ама нели постите почнуваат од 11.03 не знам дали крштеваат тогаш. И кој ден во неделата има ли врска? Има некој список што треба да се купи од моја што од на кумата страна или да одам директ таму да си прашам.. планирам поклони за кумата и ќерка и. Подобро е подарок или гифт картичка пример од сити мол за двете по една па они нека бираат што си сакаат?Имам замисла по крштевка да дадеме некаде ручек и тоа е тоа. Фотограф ќе дојде ли за во црквата само и отприлика цена.. и колку се плаќа крштевка во црква? Фала ви убав ден
Ние крштевавме внука лани во црквата десно што е од последна 57ка во Нерези.Здравје и мое би крстила тамо.Ми се свигаше просторијата,убаво средена и топла а и поповите се стварно фини. За купување незнам што и како знам кумава купи се за малото така она сакаше.
Лично јас бебе за време на пости не би крштевала, нема што да прашувам пости се. Не сум нешто побожна, но кога правам сакам тоа да е ОК. Околу поклоните се е ствар на договор. Но пак лично не би дала пари, би купила нешто што ќе им остане, ама пак под услов да знам дека ќе им погодам, ако не пари, ваучер што год.. Ти во црква треба да носиш пешкир и сапун за попот, зејтин за црквата. На попот дадов и благо, плус носев благо и откога заврши крштевањето отворов и почастив. Плативме 1500ден. Кумот носи свеќи, пешкир за бебето, облека (ова како ќе се договорите, но тоа е као за кумот). За него плативме 1000ден. Тарифиве за плаќање знам не се исти по сите цркви, ќе си прашаш за сигурно таму каде ќе крштеваш. Фотограф плативме 3.000ден и сликаше пред црквата, дојде некој половина час, за време на крштевката и после дојде дома и таму се задржа еден час сигурно, ние и на маса го седнавме За тие 3.000ден добивме 20слики и сите слики на цд.
@emkaemka знаеш до кога траат постите? Ние здравје сакаме во април да ја крстиме. И кој ви беше фотограф?
До Велигден, мислам 21ви април е Велигден. Fairy tale ни сликаа, еден дечко од кај нив, сликите се многу убави
Мајки што славеле крштевка/роденден. Во истиот фустан после крштевка бевте и во кафана или ги пресоблекувавте по ваш избор? П.С која боја фустан?
Јас и на синко род и на ќеркичката се пресоблеков. Но имавме луфта време доста, па затоа така направив. Да одевме одма црква, кафана немаше да се пресоблекувам. Бојата не е толку битна, каква сакаш ти таква... Со синко во црква носев син фустан, во ресторан праска боја. Со ќеркичката темно зелен во црква, во ресторан тегет
По мое некплку дена бе мењаат ништо така да поубаво во Мај наместо во Април де се крштева ем потопло и може да се руча на отворено. Ние во Мај ќе правиме,од гости само фамилиите и кумовите. Имам идеа и каде ке се руча одма блиску до црквата е така да нема ни бебе да малтетирам многу,а и местото е убаво и за мала фотосесија,фотограф обавезно ке викнам. За поклон на кумовите бидејки се малце специфични или ке ги прашам директно што или ке им земам ваучери па нека си одберат,пари не давам. Искрено едвај чекам да дојде крштевката,некако посебно го доживувам тој чин.
Не мислев за мајка та. Мислев за бебето Извини не сум напишала убаво. Кумот сака да и купи фустан (за после крштевка) ... ама незнам дали ќе ми се допаѓа. Прекрасна си btw
Бебето си го облеков од дома јас, кумот во црква. Некое време и вкафана беше бо алиштата од кумот (се испоти) го слеков во моите п.с фала ти, јас помислив за мајката
И јас разбрав дека за бебе прашуваш, па се посмеав на Мариз, ама не успеав да пишам од бебе и сега кога се вратив Бебуле уште толку ме насмеа, па документирала и со слика Нема опција сама да избереш што ќе носи бебе, а они да купат? Нема да те прашаат што би, па и за број, покажат? Со тие алишта ,,треба,, да седи, ама може бебе да се испоти, исфлека, помоча/покака, па по брза постапка да се врати во облека од твој избор
И јас сватив за мајката,да имавме направено и јас ќе ставев слика Ние планираме Мај да биде крштевката. Е мене не ми е јасно дали масата од тортата треба да биде украсена како за роденден,балони чуда