Обично заедно се прави крштевка и род.(бар тие што ги познавам)па незнаев дали е ради род.украсувањето или ради крштевката.. Значи ради чинот
Како си сакаш така направи. Сега нели ние правевме крштевка и беше украсено ама скромно. Имаше слатка маса која дел остана не чепната, само дечињата си ги зедоа тегличината со бони-топ и повеќе се изедоа корнети од кам и чоколадните корнети,Другото си го вративме дома.Имавме еден балон во форма на цвет и неколку балони на под,дечињата си се изнаиграа со нив. Донесоа уште три торти и мораше и тие на масата да ги ставиме,пошто немало место во кујната.
@emkaemka Ајде де, и ја така и реков, барем за број нема да погоди. Ама кумата тврди таква е традиција, неможе ја да купувам. А со таков човек неможам на крај да се докажам. Готово идам на шопинг да ги искористам попустите 2 фустана ќе купувам за секој случај за во кафана . А за мене 1
И ние планираме за Мај Слатка маса нема да има бидејки ке бидеме најблиските мислам дека максимум 15 души. Планирам сите да бидеме на иста маса мислам споени маси и на самата маса да има балони што висат и пред секој тегле со бонбончиња и името испринато на нив. Маж само ме премислува за местото сакал ма поубаво а мене тоа мие убаво Туку кажи ние мајки како ке се дотераме?
Си Давај идеи.. Имам една првична,штом добијам слика ќе ти пуштам. Туку малава што е плачка,премира,не смее никој друг во раце да ја земе,незнам како кај поп и кум ќе стои.
Пред една недела правевме кртевка попот рече за денес да ја однесеме да се причести..е сеа освен свеќите друго што.се носи, како иде ова??
За месец дена правиме крштевка, ме интересира мислење дали за кумот и кумата да земам некоја убава златна алка? Или нешто предложете ми и дали се дарува старосватицата?
Ние во мај ќе правиме. Старосватица не се дарува туку само комовите. Јас планирам да ја однесам кумата во тач и да си избере постелнина каква сака. Секако од убавите не од оние од 1500 ден. Сега скоро се преселија па знам тоа ќе им треба.
Ние планираме да ја крстиме на велигден Ме интетесира после црква одевте во кафана или прво дома па во кафана? Има ли некој обичај ? Нешто слушам од свекрва требало прво дома кумот да ја внесел па после на ручек да сме оделе сите. Ама мене ми е ептен глупо на рати да правам, ке имам најмногу 30 души со се деца све комплет тоа се најблиски. Исто слушав порано сите се дарувале, мислам што е многу многу е, 30 души да дарувам?? Само кум и побро ке дарувам...
Веднаш се иде некаде. Е сега ние дома правевме веселбата, по црква, но мајка е по адетите и да имаше некој таков ќе нагласеше, плус јас си го внесов дома бебе Само кум се дарува! Јас дадов поклоните една недела пред, кога ги каневме, на денот не подадов ама баш ништо. Убав ден сте одбрале, убаво да си поминете
Мајки барав текст за покана за крштевка,освен јас сум злато на мама тато друго ништо интересни не најдов. Предлог за поклон за кумот
Јас не сум слушнала некој да дава покани за крштевка. Сум била поканета телефонски неколку пати и ние каневме телефонски. Ние на кумот му дадовме кожна торбичка од Мона што собира таблет во неа. На кумата накит од Сваровски.
,,Најубаво име си имам, ...... сум јас и често сакам да викам колку ме држи глас. Многу години немам, но голема забава за сите Вас спремам. На ден ....... во .....часот повелете на моето крштевање во црквата.... а потоа во ........... ,, Ова ми текна, исправи малку и печати @mal.ecka
Имам две прашања: 1.Колку време пред крштевката треба да се закаже во црква? 2.Предлог убаво ресторанче за ручек за околу 15 души? Јас мислам за Баба Цана на Водно. Прв пат ние да правиме веселба и незнам како е подобро за 15 души да си нарача кој што сака или да биде сервирано во ордевери?
1. Две недели пред крштевка, закажавме во Богородица. ( се надевам дека толку време треба и во другите цркви, јави се утре во црквата прашај си за сигурно ) Добра ти е идеата таму да правите. Ние кога правевме секој си нарачуваше сам главно јадење, а салати, мезиња имаше сервирано. Мене ми е ок и да е сервирано во ордевери.
Во баба Цана пази на ракијата од жолтата следниот ден халуцинации се дешаваат. Домашна ставаат чист отров. Јас би нарачала три големи свежи салати, имаат убави даски таму со пинџури и месено и преубаво сирење на скара и мешана скара две порции. Ако сака некој нешто плус нека си порача. Изгледа гладна сум штом у три саати оправам мени за на маса.