Ја знам дека има таков адет, дека треба прво до дома да се оди, кумот да го внесе бебето или да го предаде преку праг на родителите. Не сум многу сигурна. Знам ни го спомна свекрвата, бабата на бебетоние кога бевме кумови, кога крштевавме. Ама и ние и родителите категорично не рековме А за дарување, порано имало дарување на сите, под сите се поразбира и на родителите, брат, сестра. Ама само на кумовите е доволно Се е по договор
Јас кај што крштевав дури попот на излегување од црква од кога честиташе ми рече сега ќе и го однесеш детето на мајката дома и три пати преку праг ќе и го подаваш велејќи "ти ми го даде некрстено јас ти го враќам крстено" и на третиот пат ќе и го дадеш. Така и правевме Овде частењето беше дома па не правеше некоја разлика Околу дарувањето не даруваше сите Кај што сум старосватица исто ме даруваа на крштевката, ама таму само кумот и мене , др гости не, на таа крштевка дирекно од црква сите отидовме во ресторан. Мислам дека од место до место си има разлика, овие два примера се во различни места, првото во помало градче
Ние тоа во црква го направивме, аа не три пати, само еднаш. Попот таму ни кажа. Се зависи до црквата и попот изгледа.
Па доколку е мајката присутна така може е и најлогично. Јас кај што крштевав мајката си беше дома, го крштевавме пред 40. Кај што сум старосватица го крштеваа покасно, мајката беше присутна па може при предавање го обавиле тој дел а не сум заприметила
Ние во ѓорче ја крштевавме во св Петар и Павле искрено ич не сум задоволна. Не е убаво да се збору вака ама попот беше чкљ нит ањ разбираше што збори букквално го прочита набрззина книгичето ја брцна во вода ко да е 5 години а не 8 месечно се изнаплака бебе.. се на се ниту малку духовнп не почувствував возбуда ко што сум осеќала коа сум.била на други крштевки. Се некако набрзина не знам да објаснам..и 4000 ден мислам е астрономска цена за крштевање пола мак плата просечна..
Дедото на мм почина пред 3 м. Сакавме да правиме крштевка на бејби пролетва но од почит рековме ќе ја одложиме за после 6 м. Прашавме и поп рече дека после 6 м слободно да си направиме. Сега свеки ми вика не свекор ми рекол после годината. Тоа ќе биде на зима, па пак ќе чекаме лето и ќе наполни малата 2 години. Искрено сакав додека е помала да се крсти, оти потоа ќе има трауми дете, а и некако додека е бебе ми е убаво да се направи тој адет ако веќе сме решиле нели да се крсти. И викам на свеки само куќните да одиме и кумовите без никакви салтанати и церемонии и таа ми вика не знам ќе размислиме. Е тука кога ме фати една нерва. Како може тие да одлучуваат за толку битни прашања за мое дете. Значи после 6 м без никакви церемонии и пак не може. Ај да беа ожалостени и во црно ако требаше и 5 г ќе чекав ама тие ни еден ден не облекоа ни црно ни пак се неш мн ожалостени. Исто да напоменам дека после 2 недели крстија внуче од сестра на свекор ми. Зошто ние години да чекаме. Значи не можам да разберам како стариве сакаат се да контролираат само за да се покажат пред народот. Тие сакале да канат 50 души и музики. Епа јас не сакам свадба без зет и невеста. Како може јас да не се прашувам и да си одлучувам за мое дете.
А зошто се нервираш? Што има свеки на ТВОЈА веселба гости да кани? Ај китка на десно и како мислиш прави си, а на неа само кажи и ден и време кога да дојде Аман греота е и се ама дедо е бе, ете 6м е сосема ОК период, јас за вујко чекав 6м и правев крштевка. Секако дека не е сеедно, но со ништо не можеме да ги вратиме..
Ставете го на поменот свекорот во литургија и можете да го крстете бебето нез зашто дозволувате свекрвата да ви се меша во тоа нешто
Што е најтрагично не е свекорот него татко на свекорот.Колку и да е жално за смртта сигурно имал преку 80 год па греота е така младите да ги кочат
Па така е реално.Животот оди понатаму.Седни си го маж ти и да си се објасни со нив.Дете на две години не се крштева баш така лесно.Вака дур е мало полесно е,ма да и до детето зависи. @Milaaa991
Ова адетов жива глупост дома да се враќаш па пак да одиш. Среќа имам маж алергичен на вакви работи и одма ржи
Tотално мислам исто ко @emkaemka. Баба ми (на мајками мајка) почина во мај јас свадба правев октомври. Мајка ми ми рече сама дека свадбата ќе си остане на закажаниот датум. Што мисли мт на темава?
Се сложува со мене и вели ќе зборни со нив. @emkaemka Граота е да речам ама навистина чекаа. Имаше преку 80 години и со времиња беше склеротичен и мн напорен тип и кавгаџија. Но за мртвите се најдобро нели?
И нека им напомени ако се ожалостени не мора да доаѓаат на крштевката. Крштевката ќе биде на ..... датум. Ако жалат нека не доаѓаат.
Закажавме со мм крштевка на 12 мај, на мм му е роденден тогаш. Се мислам сега ресторан дали да резервирам маси или во дворче кетеринг. 20 луѓе најблиските ќе бидеме. Ако заврне шо праиме. Ама па децава низ двор ќе трчаат, копаат. @Independiente Кој поп ви се падна? И ние таму, само не сакам стариот да биде од лични причини, рекоа некој Гоце бил тогаш дежурен. И што викаш 4000денари бре, 2500 родителите, 1500кумот. Ама ај ќе дадеш пари за тоа.
И бебе мое го крштевавме на бдеј, ама на мојот Јас би во дворче, ќе затопли, ќе биде супер. Ние дома правевме, исто 20луѓе, со кетеринг и келнер, но во соба бевме, не ни падна на памет на 40степени да се редиме у двор, таман ни беше под климче
И ние планираме во Јуни на роденденот на мм ќе има 6 месеци бебко, ако чекам година е Декември па ќе треба после на година и пол и нема шанси тогаш, голем ќе биди поќе ќе плачи, а и ќе тежи машала сега е 9кг околу 30-40 сме само блиски, јас несакам музика ама нз што ќе кажат домашните, ако сакат нека си плаќаат
Со мм се мислиме дали сега во мај да го крстиме бебо, или здравје на роденденот во декември. Ако бидне сега, би се собрале на ручек само со кумовите, моите и неговите родители и брат/сестра. Немаме можност за нешто поголемо, а искрено и не уживаме во такви фешти. За првиот роденден секако ќе бидат поканети и тетки/вујни со првите наши братучеди, другари и другарки плус. Ама се мислам ладно ќе биде тогаш, сепак е зима. Да си завршиме со тоа гајле сега, а?