Јас со мозокот избрзав но навистина некој кој тие близок другарка старосватица што се слушаш секој ден,делите маки и радости стварно не иде да не викнеш.
Здравје во јуни планираме крштевка со најблиските, а во однос на дарување ќе ги дарувам и кумовите и старосватовите така беше за првото така сега и за втрото
Јас имам неколку поблиски другарки, поблиски од фамилија ми се. Од цел живот. Секогаш ми одат во пакет со најблиските. И јас не сум за големи прослави ама први братучеди и другарките ми се must.
Realno ako i mene ne me pocituvaat starosvatovite ni jas nema da gi pocituvam.Gi pokanivme na krstevkata ubavo, a tie ne odbegnuvaat oti ne gi daruvavme. Sto ima za toa da se lutat. Se dogovorivme samo darovi za kumovite zasto oni krstevaat.
Епа и ние така си мислевме, или сите или само кумовите и одлучивме само кумовите, ама старосватовиве од тогаш така се на дистанца и не доаѓаат ни на гости. Искрено, се нервирав, ама сега веќе не. Што сакаат нека прават. Ние секогаш сме ги почитувале, за празници и се, ама тоа е.
Јас да ти кажам, сега да сум на местото на твојата старосватица, не доаѓам на крштевка. Оти никој не е на копче, па дојди, па не доаѓај, па како ќе ми текне на мене, така.
Искрено немам потреба со тебе да се објаснувам. Никој не кажа не доаѓај и слично. Ние си знаеме што е и како . Да не треба да ти објаснувам на тебе?
Па не, ама безобразно од твоја страна. За еден човек кој и не е така безначаен (ти бил сведок на склучување на брак), да не размислиш за истата таа улога што ја има е малку... никакво...
Уф се изначитав различни места различни мислења и адети И јас сушнав дека од дома кумот го зема и дека мајката не оде во црква ги чека дома и пишува во тетратка букви бројки за да било паметно детето Мене не ми се чека до годинка за крштевање многу ми е некако сакам сега да поминат 40дена и после недела две да направиме крштенка. За гости планот ни е кум и старосват со фамилијата и нашите родители со брат сестра. За дарување незнам се немаме договорено некои велат сите се даруваат по нешто симболично само главниот кум нешто повеќе некои велат само кум и старосват и незнам немаме одлучено сеуште. Туку дајте предлог за добра кафана рестиран за славење нешто нормално во Скопје
Закажавме крштевка на 12 мај Бебо ќе има полни 5 месеци здравје. Ќе бидеме само домашните, кумовите(другар на мм со жената), старосватите (моја најдобра другарка со маж) и деверот (другар на мм). Околу 15тина луѓе ќе се собереме, после црква ќе се седне некаде на ручек. За во црква нас ни рекоа да однесеме крпа, сапун и литро зејтин. Мислам дека ние плаќаме 2000ден, а кумот 1500. Следната недела треба да излезам со кумата да одберам облека за бебо што ќе му купат, да го дотераме човекот Планирам да им дадам пари на нив двајца, па што им треба да си купат. Само кумовите ќе ги дарувам. Ќе викнеме и фотограф за во црквата, да имаме убави слики за успомен. Се мислевме дали сега, дали за роденденот ама некако многу далеку ми е декември, а важно ми е бебо да си го носи името и пред Бога. Па се надевам убаво ќе пројдеме
На исти ден ќе правиме крштевка Облека за бебе купена од кумата,на кумовите дарот веќе даден,исто 15 души ќе бидеме. Уште утре во ресторанот да одбереме мени.
12 мај хит ни е, а? Само моево троа поголемо скоро 14 месеца. Ние решивме кетеринг, во двор, ако врне кај стариве доле. Мм дужи тамбураши у двор одамна, па и тоа може ќе биде, ако не звучници и плејлиста одобрена од мене. На дециве топки и низ двор нека трчаат.