A sto ke gi daruvate kumovite nie nasite uste ne sme gi daruvale se dogovorivme da gi daruvame za prviot rodenden vo noemvri I zatoa prasuvam a inace krstevka si pravevme na 40 dena
И ние се двоумевме помеѓу 12 и 19 мај и се одлучивме за 19. Сè уште ништо немаме закажано ниту спремено, неделава со тоа ќе се занимавам.
Со што сакаш Мече и зависи од буџет, бирај од постелнина, ташни, каиши, часовници, накит, кујнски апарати, слики.. Месец Мај е месец на крштевки Сите со убаво и гордост да си ги носат имињата
@emkaemka Емче кога спомна кујнски апарати се мислам на кумовите да им земам ваучери од Нептун па да си купат што сакат. Што мислите, ок ли е или сепак да си бидат класични дарови? За свадбата им земав саати, за крштевката на син ми ташни и парфеми, а сега немам идеја воопшто што да биде.
Супер поклон е ваучер од Нептун, има избор за тон ствари да се искористи, секогаш нешто фали и ни треба од апарати. Јас би му се израдувала
Ете така Емче охрабри ме. Мајка ми и мм не се согласуваат со мојот предлог, а сепак не даваат идеи туку пак на мене е оставено да му ја мислам. А не сум човек што би земал нешто ради реда, сакам да погодам, но и немам многу време да се акам по продавници, а и нема нешто избор во нашиот град.
@Lolipop23 камо мене да ми текнеше за свадбата ваучер да им подарам. Им дадов пари и тоа 200еур и еве не знам уште што си купија, а и незгодно ми е да прашам. Ептен се зафркнав. А знам ги имаат така потрошено без намена. Одприлика од-до која сума мислите дека е ок да се дарува за крштевка?
Мојов кум изрази желба за каиш хахаха.. еднаш за роденден му купивме каиш и новчаник му се погодиле. Сега да ме утепаш не ми текнува од каде го земавме. А кумата изрази желба за ташна. Каде има убави кожни каиши, новчаници, ташни? За децата нарачавме за спомен како нашево име урамено, со нивните имиња, само на девојчето со црвени детали, машкото со сини.
Мона имаш најубави и најквалитетни кожни ташни, за поевтино Макпримат, Горица трејд, но обрни внимание дали се кожа, носат мешано, уствари Макпримат може и престанаа да носат кожа, не знам. Најн вест исто имаш кожни ташни, Манго, Пеко.. За каиши Бициани, Мона, Макпримат и на крај на гтц од страната на плоштад, некако карши Еликсир доаѓа, има една продавничка за машки ствари, па пред некои 3-4ри години на мм му зедов од таму каиш со две лица, ептен се погоди, па види и таму.
Ние сме договорени да нема многу трошоци ниту едната, ниту другата страна. Ќе ги дарувам кумата и кумот и двете нивни дечиња и од прилика планирам околу 100 евра да потрошам. (старосватицата ми е во странство и нема да присуствува инаку јас и неа си ја дарувам).
Ние закажавме и во црква и ресторан,одбравме убаво мени,се премисливме нема да биде Баба Цана туку одма блиску до дома,нема ни 5 мин,а и цената е ептен погодена. 15 души точно ќе бидеме родителите,кумовите,старосватицата и сестрите. Кумата ја нарача тортата,вчера купив пешкир за попот и многу убава бањарка за бебе. Утре да му ги исперам на бебе алиштата за дотеруванка,ми ги донесе кумата,ептен ќе биде дечко И ние кумот го даруваме со кујнски апарат. Сега се мислам за кенди маса,така малце колку за мерак. Мајката незнае уште што ќе носи вчера шетав и ништо не најдов. Маж ми ми закажал кај неговата фризерка уште во 9 саат за да сум имала време и нив двајца да ги средам
Јас денес се подновив, си купив исцели панталони, и морам да се пофалам дека многу убаво ми стојат За бебо гледав, има ептен убави комплети - памучни, а да биде дотеран. Деновиве ќе одиме со кумата да му купи. Фотографот е закажан, ресторанот исто. Не знаев дека кумата треба да носи торта? Или јас треба да купам торта? Ич не се разбирам во овие адетиве. Бањарка за бебо јас си купувам или и тоа е од кумовите?
Тортата јас сакав да ја нарачам ама кумата рече она тортата и готово. И затоа и реков бањарка јас ќе му земам. Никакби адети не терам туку се си се договараме.
Ќе биде истата како што сакав јас Ќе има торта и од ресторанот од Канела. Јас мафини ќе однесам и доста е
Ние ќе правиме на дента на 4 месеци, сега во мај, само нашите и кумовите. Сега бараме ресторан со убаво дворче, Маргер, Лира.. некој друг предлог да имате? Исто, може ли да ми кажете фотограф кој би можеле да го резервираме за дента, имате ли искуство со некој конкретно и колку од прилика наплаќаат? Убав помин на сите што си организирате наскоро, во многу љубов и среќа да ви помине денот
@didisi фала ти одличен предлог А мамички имате ли некои планови како би се одвивала крштевката? Ке спремате ли нешто Знам дека ке бидеме само 20тина ама сакам да има нешто интересно ама незнам што