И ние закажавме крштевка на 19 ти мај. Дали сите гости ќе ги дарувате или само кумовите? На син ми на крштевката сите гости ги дарувавме, а на кумот 100 евра и плус поклон. И сега незнам дали пак исто да направам, а и плус за кумата уште нешто
Читам за поклоните некако многу давате или може јас сум грешка јас нема да ги спремам свекрвата рече ќе купела ама колку што ја разбрав нема да биде нешто големо поголем поклон ке има за главниот кум а за неговата фамилија како и старосватовите ке биде нешто симболично а ве читам вас и нешто не ми штима
Ние ќе бидеме вкупно 14 и така планирам за кумот 100 евра, за кумата незнам, а за сите други нешто формално.
Јас ќе им дадам пари како дар на кумовите, нека си купат што им треба. Планирам на двајцата по 50еур, за повеќе и немам. Само нив двајцата ќе ги дарувам, старосватите и останатите домашни не. За нив само ручекот во ресторан Вчера кумот ми рече да си одберам облека за бебо што треба да биде од нив, до 3000ден. Кумата ќе порача и торта, и мислам дека е доволно и од нивна и од наша страна.
Па до 3000 не знам што ќе купиш, според мене малку е. Само комплетче кошулче и фармерки ќе те фати 2000ден, а кај се патичиња, веш, бањарче... Јас како што следам баајги се скапички работиве за бебиња. А ти даруваш 6000. Подобро ти купи си алишта и торта и плус ќар ќе бидеш
Ми даде идеја и јас така да направам по 50 евра за кумот, 50 за кумата, а за другите ке земам нешто ептен скромно. Секако самата крштевка ни е доволен трошок.
Па не би рекла. Не сум во Скопје, овде бебешките алишта немаат цени до плафон Гледав по продавниците, и бидејќи не сакам 5 месечно бебе да облакам во фармерки и кошула, најдов памучни комплетчиња, пантолони со ластик, блуска и палтенце со марама за добра цена. Верувам дека ќе ми стигнат 3000ден, за бањарка (500ден), боди и чорапчиња (250 ден), комплетот (1500ден), патичиња (300 ден). А и не можам да мерам колку они на бебо толку и јас на нив Чест и задоволство ми е да ми го крстат бебето, самиот чин в црква ми е многу поважен од дарови и поклони.
И јас сакав тоа да искомбинирам 3000 денари не се малку патри за да облечеш бебе. Инаку во Скопје можат да најдат многу поевтини, а поубави работи одколку во внатрешноста конкретно за девојче гледав комплети од боди, фустанче, балетанки и трака и тоа убави за 1500 денари, ете кај нас тоа го нема.
Јас сум изглада некој прототип Не ми се јасни некои работи како може така да функционираат некако многу чудни навики имаме како за свадба така и за крштенка само натиго дајмиго мислам дека се прави со поклоните. Морало да се купува морало да се дарува а главниот чин се занемарува. Не е за парите ама дарувањето незнам кој го измислил мислам дека не се прави затоа што се сака туку затоа што се мора сеуште не сум кума или старосватица на некој ама кога би била несакам дарови ни за свадба ни за крштенка ај едно што неможам да се одлучам што да купам па и пари да им дадам ми е некако како поткупување хаха. Да се прашам јас немора да ми ја облекуваат малата ке се спремаме сами и одиме во црква ја крштеваат даваме ручек и толку сите среќни и весели некако се ми се врте околу пари и дарови да не ме свати некој погрешно ова е само мое мислење
Така е, во право си. Не мора ништо од ова, се е ствар на договор. Ние не сакавме ништо да има од кумовите, ама тие инсистираат да му купат облека и бањарка, плус торта. Чим така сакаат, ќе ги дарувам со пари и ќе биде работата на ти го- дај ми го, ама тоа е. Важно се да помине убаво на тој ден
500 ден се само патичиња а бањарчето 600. Баткото мој ќе биде во кошула и панталони. Пари во рака не сум за давање руку нешто што ќе им остане од нас. Ние им земавме две во едно и за крштевката и за станот бидејки скоро се вселија. За поклон за бебето ќе ни дадат пари и со тие пари ќе му купиме седиште за во кола. Тоа за сите дарови мие ептен застарено и незнам зашто се применува. Туку сакам да прашам дали некој купувал скоро да знае која цена се движат малите златни алки?
Nema pravilo, se e po dogovor. A mnogu ili malku za sekoj e razlicno. Imam pisuvano jas na nasiot kum mu kupivme skromen poklon í na kumata. A oni imaa samo obvrska da go oblecat deteto í toa bez patiki ( imase, nema zosto uste edni da se kupat) í da dojdat. Od drug grad se, í samoto doaganje e trosok. Nie sme mnogu bliski, pa bez ustrucavanje predloziv í se dogovorivme. Ne sakav ni oni , ni nie krstevanjeto da go osetime kako finansiski teret.
Нас попот кога се венчевавме ми рече крпата што ја ставаат на младенците од кумовите да ја чуваме за крштевка, а од материјалот со кој се врзуваат рацете до првата година да сошие свекрвата фустан за навестата. И сега не знам дали оваа крпа да ја чувам за крштевката?
Кум крпа на свадба не донесе. За што и да носи ич не знам, мислам адетот не го знам.. Како мислиш така прави И од кај па тоа свекрва да шие од материјалите, па и фустан? Знам за моментот дека се шие нешто, но ако и можеш да сошиеш јас добив едни материјали боли глава, уште седат у ќеса, па и кај мајка ги однесов она да ги чува
Јас мојот материјал од кумата го сошив сама со тетин ми ама оти сме шивачи а и материјалот беше убав бордо боја аи прв пат слушам за ова оти мора од свекрвата да е шиењето и оти мора фустан да е
a вие крштенка правите за кар да испадните? како се 3000 малце комплет до кај 2000ден имаш бањарче 300-500 денари и таман е акај е плакањето у црква свеки торта поклон
Аха да ќар, сигурно. Ако почнам да набројувам кои трошоци ги имаат тие што ја прават крштевката крај ќе нема на списокот. И кум е не е обичен гостин, ако не нека не ни купува само да се дарува па нека биде он ќар? И треба да биде обострано како на едната страна треба да им е кеиф што ќе им го крстат детето, така и на другата страна треба да им е кеиф што ќе го крстат. Никој не треба да биде и да гледа ќар ама факт е дека домаќините најмногу ги кошта секогаш треба сите да имаат осет. На крај ако не може да се сноси со финансискиот дел нека се договорат нека нема ни дарување ни па облека и торти од него има и така што прават па ништо страшно дете пак се крстило.
па ете тебе 3000 денари за да се облече едно бебе ти се малце се гледа кој за шо е и како нема потреба да се објаснува пријатно
Не мора лично таа. Туку таа да го плати шнајдерот демек од неа. Што знам така рече попот и свеки си го врза тоа во крпче и се штави 5000 И мојот материјал беше многу убав- жоржет во пудра боја. Си прикупив материјал и си сошив многу убав фустан за свадбата на деверите. Така да се искористи. Имам модерни кумови и не се сомневам дека и бебе ќе ми дотераат екстра.