Кумата се премисли и купив постелнина дупла, на кумот каиш со новчаник, и за децата урамени имиња украсни околу 5000 ме фати се. На кафе ќе им одиме среда/четврток ќе им ги однесеме тогаш даровите. А таа денес ќе купува за малиот. Ама какво комплетче видов, а ефтино, само 600 денара, кошулче шема на кратки кремасто со бермуди фармерски и каиш, ама големи броеви само имаше, над 92ка, а моево џуџе 80ка носи. Да имаше број ќе и речев да го зима, одоздола со боди на долги. Има и поефтини, а убави работи по градов. И реков да не се троши многу.
Родителите се трошат да, ама се трошат за свое дете. Глупа работа е да се гледа за крштевка кој ќе испадне ќар, а кој зијан. Кумата наша овој пат за 2рото дете беше прашана дали ќе го предаде кумството на старосватицата, но таа не се согласи, сакаше и ова дете она да го крсти, што мене ми остави многу убав впечаток и многу го ценам. Можеше да одбегне трошоци, но не сакаше, затоа и и кажавме да не се троши непотребно, само основните работи и толку, ни торта, ни бовчи, ни ништо... и така ќе има трошоци околу 4000-5000, зар треба уште нешто дополнително??? Јас ќе дадам ручек и поклони за нивната фамилија околу 100 евра (не дека и тоа е којзнае колку многу), зашто јас славам за моето дете и јас сум таа која треба да се потроши.
Се согласувам, родителите слават за своето дете. Се согласувам и дека не треба баш да се мери кој колку дал. Ама, сметам дека кума/кум може да дадат нешто на бебето (макар и симболично), што ќе остане и ќе си го знае детето дека му било подарок од кума/кум за крштевка.
Многу убав гест ми се виде, кога присуствував на крштевка во православна црква во еден европски град, кумот освен облеката како подарок треба да даде златно/ сребрено крстче на детето. Баш симболичен подарок кој има значење. Од друга страна, кумовите не плаќаа во црквата, тоа го подмирија родителите.
И јас знам дека кумот покрај тоа што ќе го облече детето подарува злато. Ние кога крштевавме подаривме и злато.
Ништо не е правило, се е ствар на договор, колку се можностите, какви се гледиштата. Мене баш ме нервира ставот ,,кумот ТРЕБА,, не ништо не треба, на крајот од денот на родителите е ,,забавата,, да не речам трошокот, од кумот е голема чест и благослов, детето добива втор татко. Далеку од тоа дека треба да дојде со раце у џеб, некој дар, поклон на ,,настанот,, се носи, но кантар на МОЈА прослава, за МОЕ чедо не се става.
Таман работа да се мери на кантар наше дете наш трошок. Ако имам ќе правам ако немам нема да правам. Трошоците за во црква си ги превземаа дедовците. Кај нас се случи немил настан,може и ќе ја откажеме крштевката. Само се да биде добро.
Ne si bas vo pravo. Minatiot mesec nie go krstevme naseto kumasince i cehot bese okolu 12 iljadi. Plus za oblekuvanje za nas sto kupuvavme. Ne e samo obleka bashka, a zlato, a poklon, a banjarka, sveki, ukrasuvanje, vo crkva... Bitno e so kejf da go pravis vo sekoj slucaj ne e bitno sto kolku kako.
Не е во ред облеката што си ја купил за себе да ја сметаш како трошок за крштевка. Таа тебе ти останува на крај мора ли ново да си купиш за еднаобична крштека? Поклонот е најчесто злато како што рекоа тука, така да и поклон и плус злато не даваш.
И мене така ми кажа попот. Дури и материјалчето го спакува и а свеки 2 го даде. Експресно ми бешњ вратенко, а таа тошо се направи За пешкир од младенци, прв пат слушам што е тоа Кој како сака, така. Кој колку има, толку. Битно задоволството и дружбата да минат добро.
Не ми се верува што читам, на кантар ставање поклони! Кумот го внесува детето во вера, тоа е крштевката. Не е фотосесија и дрецкање во кафана. Ние договоривме крштевка со кумовите па во црква, ги прашав што сакаат да им купам, они се изначудеа зошто. Вика еј, ми даваш сопствено дете за кое ти си се мачела, и ми дозволуваш да гарантирам за него пред Христа! Нормално дека им купив подарок, од срце. Така сакав. Ниту им кажував што да купуваат, ниту ме интересираше. Крштевката е свет чин, и нејзината вредност е доволно голема за верниците.
Сум крстила неколку дечиња. Не би да ставам на кантар колку сум дала и колку ме дарувале. Ама ако размислам, би рекла дека повеке од дупло јас имам дадено. Обично купувам нешто златничко за бебето и некои тропкички и играчка, купувам облека , плакам во црква ,носам торта и пијалок. И обавезно цвеке за мајката. Без 300 евра не сум поминала крштевање. Многу ми е убав тој чин. Фала богу па сум кума на неколку места ,што од мома кога бев ,што по линија на маж
жени поздрав. нова сум на форумов и првпат кума на крштевка на бебе ☺☺ кажете ми што се мои обврски, што се треба да купам за во црква, за бебето, како и што се носи поклон. помагајте
Алишта за бебето комплетно да го облечеш и крпа за него. Свеќи. Торта. Да платиш во црква, ќе ти кажат колку не се сеќавам. Да му купиш поклон на бебето.
Да ви кажам дека бидна крштевката на бебо денеска, преубаво беше Сите убаво си поминавме, а бебо најсреќен што беше меѓу толку народ. На сите им се смееше, сите го држеа Во црква заплака малку додека го бањаа, после умен беше во ресторанот. Си доби преубави подароци, и пари од најблиските кои ќе ги искористиме во иднина за нешто што ќе му треба, здравје само
Јас на твое место не би откажала. Сепак не станува збор за свадба, крштевка може мирно да помине. Сепак, прашај го човекот како се чуствува околу ова. Ако рече да одложите ок, ако не нека си крсти.. А за старосватицата.. Твој избор. Ни јас мојата не ја викнав.
За во црква свеќи, вино, бањарка за бебето, 1500ден такса. За облека, торта се договарате со родителите на бебето.
И нашата крштевка бидна. Џивџи се згази од плачење, од попот. Дур го соблекувавме/облекувавме мирен, ама штом го види/слушне попот беше драње на квадрат. После супер беше, кај сите во раце пројде, штафетка, поголемиве деца играа/трчаа по скали тој по нив се смееше и дереше. Дечкото спремен е за лето со облека сега. И кетерингот убав, дур бевме во црква се си наместија тие.
@happygirl @DuchessAnn Вечни да им се имињата на малите лепотани. Поминавме и ние Помина се во најдобар ред,бебе плачеше само кога го извадија од казанот,во ресторан си беше бајче си спиеше два саати после се смееше,е небеше штафета бидејки мајката малце лоша па не давав да се држи во раце,ќе беше која баба и кој дедо попрво да го држи вака никој. Услугата и храната беа одлични дури изненадувачки убаво. Си доби подарочиња за летоска ама не по мој вкус,парички од кумот за седиште,хранилка,златни алки кој и многу грд дубак Ваков дубак мислам никој нема Еве ја тортата од кумата