Нека му е вечно името. Инаку, сите дубаци се грди. Јас исто добив на поклон, кога го видов - ужас. Отидов да го сменам, сите беа грди. И си останав со тој. Веќе го навикнав. Едвај чекам да прооди да не го гледам веќе.
@monik55 нека му е вечно името на Давид, голем да расне И нас тоа име ни беше едно од 4те опции, ама друго избравме на крај
Јас бев скоро кума на крштевка на една мала принцеза. Дека правеа и 1 роденден и крштевка прашав дали имаат желба нешто посебно да и земам или нешто од што имаат потреба, ми рекоа кума по твој избор. Јас купив: бањарка, боди, хулахопки, фустанче, јакничка и чевли од кеги шус за да ја облечам во црква. Направив мала бовчичка со ќебенце, тренерчиња, летно комплетче, блузичка и хеланчиња. И купив и златни обетчиња и торта. Во црква платив 1500 плус свеќи. И се тоа затоа што јас сакав, не затоа што така треба. Потрошив околу 200 евра. Ако прашате во црква ќе ви кажат дека кумот треба само свеќи и пешкирче се друго е во договор и/или желба. Кумашинката нас тројца не даруваше (за секого по 2000денари и сметам дека е многу) и старосватицата со пари.
Девојки што се носеше за во црква? Крпа и сапун за попот, дар, што друго требаше? Крпа и сапун само за попот или и за кумот? Извод од бебето треба?
Крпа, сапун и зејтин за в црква. Извод од бебето, да. За кумот ништо не носиш во црква. Доколку сакаш, после го даруваш.
Може било каква, јас земав од тие за лице, некоја средна големина беше. Секако после тие крпи ги продаваат пред црква, на некој празник
Здраво Сакаме да закажеме крштевка во Св. Троица во Маџир маало, па ме интересира дали од вас некој знае телефонски број од црквата ако има, или од свештеникот, и кој е таму свештеник? Многу ви благодарам
Да. Петрови пости дозволуваат и свадби и венчавки. Божиќни Велигденски и Богородични (14.08-28.08 ) не дозволуваат.
Зошто не прашаат пред да купат дали сакате дубак ама озбилно само ради реда малата на сповојница такви глупави работи има добиено што никогаш нема да ги користи. Па се прашувам зошто не прашаат што сакаш кога веке купуваат
Nie si dobivme za povojnica mnogu ubavi rab ama oti moite site se vo stranstvo i od tamu i donesea alistenca a I od kumata kompletceto sto go kupi za vo crkvata bese mnogu ubavo a I poklonite na krstenkata se mi se dopadna bukvalno se ama oti bevme samo najbliskite
И јас сум во план летово да ја крстам.Ем топло, ем помала ќе е нема да знае многу многу. Така се лажам де, убаво знае веќе кој ја држи. Се мислам на прв роденден ама многу малтретирање ми е тоа а и зима ќе е. Инаку за децава други на кумовите секогаш им велев да не се трошат да купат само за во црква, ама не ме слушаат, пак подароци пари,златни алки торта.И јас ги дарував на возрасните пари а на децата им купив златни привезоци со гравирани имиња. И ичне ми е мака. И овој пат ќеим кажам да не се трошат ама знам дека пак така ќе направат и врти сучи 200еу ќе потрошат. Гледам и јас до таа сума да дадам за да не е ептен на нив се. А со оглед што многу си живееме, мм и кумот се како браќа ние како сестри, би им дала и многу повеќе ама не можам. Според мене најубаво дете в црква со кумовите и родителите еден скромен ручек,ни подароци ни ништо. Ама родителите одма бабите дедовците ке се збунат и мора сите .
Блазе тебе не е убаво толку да се жалам поклоните од моите сите беа убави, ама имаше од некои личности ствари на кои пишува за 3 и 4 год аман бре до тогаш модата ке и помине може нема да се за 3, 4 ама за 1ипол 2 секако се. Па и на бабино какви работи доби ајјј. Јас кога купувам нешто купувам како за мене сакам да е убаво да видам да го носат а не да стое во плакар, моме да е една ама убава ствар ама не 10 а страшни Како и да различни стилови се во прашање затоа и реков подобро е да се праша или нека не носат имаме што да носиме. Малку може и лошо звучам ама незнам на што следно ке се чудам