Зборев дека +2000 дене си платиш ако сакаш да те венчаат за време пости . Барем во нашиот град е толку .
Да ама овие се кумулативно од кум, свекор, старосват и девер. Сите плаќаат одредена сума определена во ценовник
Аааааа, не сум знаела дека покрај регуларните, треба да платиш плус 2000 за да се венчаш за време на пост. Зошто плус? А знам, за време на пост треба екстра да се заработи. Што се нема да чуе човек
Абе вас може ве венчаа. Правило е во божиќни, велигденски и богородични пости не се венчава и тоа е тоа. Исклучоци има како за се, така и за ова.
Zdravo, me interesira dali znae nekoj dali se pravi krstevka megu golema i mala bogorodica vo septemvri.
Во август ќе бидеме кумови, детенцето е машко и ќе полни 1 годинка...дајте некој предлог за поклон, за облека знам тоа дека треба но за поклон немам поим што да биде ?
Пари во плик и нема да згрешиш. Ако си поблиска да прашаш што им треба и до колку пари да си одберат нешто.
Ние во јули ке бидеме кумови на крштевка, освен тоа што е за во црква бањарка и тоа што ке биде облечено детето, купив една постелнина од Стружанка(на попуст од 1150 на 750 ден) убава, колекција хипп,и ке купиме еден залатен крст. Тоа ке биде. Ако ти фака око и според финансиите за мене е ок. Кога бевме на повојница носевме лулашка наместо облеки, и сега не ми се купува пак такво нешто. Облеки некако не ми се носат.
Кумовите наши на синко му купија облека се што треба да се облече во црква, златна белегзија со име и пари во плик. Или прашај ги што да му купиш.
За еден месец ќе правиме крштевка на ќерка ми ..може да ми дадете предлог,идеа што да купам на кумовите ?
И ние се спремаме за крштевка, в недела ќе правиме здравје Боже, јас ќе си ја украсам масата в ресторан, на синко неможиме да му погодиме куси пантолони, никој не му одговараат, голем е во газето ќе имаме и музика и снимање и се 50тина гости... Се спремам психички за плачењето в црква, знам дека ќе плачи, плачко е искрено став ме фаќа, ама за убаво е, ќе поминиме