Кај нас кумата носи торта, родителите не. Едит: Јас и за 2те крштевки си однесов моја и и реков на кумата да не се троши ама таа сепак донесе па имавме 2 торти.
По крштевката, попот ни рече да дојдеме некоја недела за некоја молитва на бебето. Има врска дали имам добиено?
На колку го крстивте бебето, ти зема ли молитва за тебе? Ако си земала ти молитва за тебе тогаш сега треба да го однесете на причест, тогаш нема врска дали имаш добиено или не, а може и некој друг да го однесе бебето, за ќерка ми јас не ја носев на причест туку мм.
Девојки ми треба помош. За две недели сме на крштевка дм кај што беше девер,воедно тој му е и братучед со кој се друшиме, е сега јас немам никаква идеја што да му купиме на бебчето. Да земаме поклон или пари да носиме, на мислење сум не знам што да правам... вие што би направиле?
Пари ти се најсигурна опција. Ама ако сте блиски, прашајте ги што им треба - облека, релаксатор, хранилка, итн. Јас пример, кога одам кај блиски, прашувам и дали им е потребна облека за сега или за наредна сезона, прашувам и за број. Можеш и злато, зависи колку пари планирате да дадете.
Девојки дали може бебето да се крштева доколку брачниот пар не е венчан во црква? Ние планиравме на лето да правиме и свадба и крштевка, но поради оправдани причини нема да можеме и малку се изместија плановите.
Нас кумовите ни рекоа дека ќе му купат на мажот столче за хранење. Што би било идеално да им купиме ние?
Здраво да ве прашам околу дарувањето ај кумот и кумата ќе ги дарувам а на другите што да им дадам ќе бидат моите родители, свекор свекрва, золва золвеник, брат снаа и мои колешки и на мм колеги колешки и сеа околу дарувањето ме буни се на се околу 30души се собираат, реално да збориме неможам на сите исто да им дадам. Планирам на поблиските бањарки а на колегите крпи за лице доволно ли е?
И јас сум за тоа освен кумовите никои други ама адети дее и никако не сум колегите се најавија на повојница и моите и неговите и затоа решивме да ги каниме дома немам мн место а вака посекако у кафана ќе бидиме, ке го прашам здравје попот кога ќе за кажуваме за сигурно мене ми е битно да го ставам детето во мир а не сакам ни поклони ни ништо.... По колку се плаќа знаете ли?
На повојница му носат гостите подарок на бебето, а не ти да ги даруваш. На крштевка се дарува кумот зошто ти го крштева детето, може и старосват за да не ги делиш, ама не мора ни тој. Родители, браќа/сестри, золви, стрини, чуда и врагови, до сега не сум слушнала некој да дарува. Колеги ни на крај памет. Веќе ќе платиш за нив во кафана, повеќе од доволно е.