А зошто фала да ти кажат?! Тоа е ваш ден, ден на вашето бебе, чим така размислуваш многу подобро би било ич ништо да не ги даруваш Јас им купив заеднички поклон, некако тоа бирање и редење што со што иде ме изморува, па дали ќе погодам, па да треба да мењам.. Мој совет ти е ако сакаш да купиш одделно купи една ствар, пример ташна за кума и паричник или чантиче ако е тој стил за кумот. Јас инаку им купив слика од срма Плус однесов благо, пијалок, за дечињата имав исто поклон, чоколади и секако покана за крштевката Не знам како е во Прилеп, прашај мајка, тетка, ако па не и направи како си сакаш и мислиш дека е убаво и ги испочитуваш. Вечно нека е името
100 евра на кумот и по една мала колекција на мајка му,татко му и брат му. Тоа што го добивме од нив е скоро во иста вредност колку и нашиот подарок. Искрено се мислев многу што да им подариме, на крај бидна ова што пишав. Поздрав и убво да си поминете Направи си како што мислиш и спрема џебот...и моите кумови се од друг град ама не се ни заинтересирав за нивните адети...едноставно така мислев дека ке биде најдобро.
Здраво мамички, на 24ти месецов правиме крштевка за бебка. Кумовите ни се од Германија па не сме нешто блиски па незнам што да му подариме, ако можи помош ии исто ме интересира дали после крштевката од ресторан дома ги викате да дојдат кумовите и одредени гости?
Ако не сте мн блиски дај им пари и уживај, а од ресторан па дома пак само трошок ке си правиш па чинии пак чаши мезиња и кога ќе видиш поарно дома прави крштенка.. Од ресторан дојди си дома како ништо да не било одморите си и готово... твое право е... На 17сега ќе правиме ние и од црква во ресторан и толку никој не викам доволно малтретирање за еден ден мала е кај мене 4месеци е а и дома па колку без ич треба да ставиш нешто само додатен трошок е ништо фазла.. Убаво поминете си
Ти благодарам на мислење, честитки и вас убав помин.. И јас мислев пари ама ајде реков да не е поубаво да биди поклон зошто и за свадбата му дадовме пари, ама најпаметно е изгледа. А за викањево и јас сум со мислењето како ти ама само слушам требало вака требало така па мм сега ми вика како така Кумот од ресторан да не го викни е, а башка што е трошок и малтретирање е па кумовите па моите па од мм и ете пак 15души а беба изморена цел ден, мојата е 7м
Прави како тебе ти одговара, врати некоја страна назад имам прашува о јас за дарување кај нас има некој обичај сите што се присутни да ги дарувам ама ја ке ги дарувам само кумот и кумата саат планирам да им купам, имам и др постирано види наназат
Здраво Да прашам дали кога ќе направиме 40дена (кога ќе ја земаме големата молитва) одма може да продолжиме со крштевка ??
Moze zasto da ne nie taka napravivme a za daruvanjeto nie sme em goli em zoli zasto moram da gi daruvam site sto se na krstevkata jas nikoj ne daruvav sega za prviot rodenden ke gi daruvame samo kumovite i tolku
Можете само однапред си закажете дека тој ден ќе земате молитва и дека ќе сакате да го крстите бебето.
Ве молам за мислења околу дарување на партнерите на кумата и старосватицата. И двете се во сериозни врски но не се земени. Сега не знам дали треба и нив да ги даруваме или не?
Ние дарувавме само кумови. Старосвати не. Логички само кумовите имаат улога на крштевката. Ама кога веќе даруваш, да и партнерите. Ако се присутни.
Мајки дали некој во скоро правел крштевка во св.Петка црквата во црниче, ме интересира тарифата која ја наплаќаат и за 40 дена дали нешто се плаќа за молитва некаде прочитав дека се плаќа ама колку?