Мислам дека не е секаде различно и ние плативме 500 денари за молитвата во црквата во Ченто. Крштевка сега на Водици правевме во манастирот во Лешок и плативме 3000 ние и 1000 кумата. По некој тарифник наплаќаат
500 ден е молитва. 4000 е крштевка. Имаат ценовници, тарифници сум видела во 2 - 3 цркви истите цени се.
Ќе бидам кума месецов и најискрено појма немам што треба да купам. Читав низ темава дека злато се купувало ама не знам, ич не ми текна за тоа. Ми кажаа дека треба бањарка за во црквата и облека, тоа ќе го купам ама за нешто друго немам идеја, а и оттаму ми рекоа да не се трошам ама сепак сакам да купам нешто. Торта ми е некако неизводливо да носам бидејќи ќе патувам по автобуси истиот ден. Дали мора торта да се носи, да не се засрамам ако отидам така? И колку се плаќа во црква?
Кај нас во Битола кумот не оди без торта. Во црква мислам дека по 2000 плаќаат и таткото и кумот. Поклонот НЕ мора да е злато. Може нешто поголемо што им треба на родителите, прашај ги најубаво. Алиштата и бањарката за бебето што ќе ги облече после крштевката, не спаѓаат во поклон.
Ништо не мора,освен да го држиш бебето и да го благословиш од срце. Крштевањето е свет и интимен чин,тоа што се наметнало низ годините кај/од народот со фешти,злато,пари,торти,на ти го-дај ми го,па мерење кој повеќе помалце,нема никаква врска со религијата.Прашај ја мајката,се е ствар на договор,битно е да учествуваш во чинот со срце
Убаво ти вика @dunika, прашај ја мајката. Јас конкретно се напнав за моите кумови. Ниту ме прашаа, ниту ништо околу крштевка. Незнаев дали ќе купуваат алишта, па купив се сама. На крај испадна, облека за после крштевање купена големина 18 месеци, а во бовчата 56к-ки големини. Шпикозни и глупости. Малата ја крштевав на 4 месеци, па ти види. Најјбитен е благословот.
Мамички давајте предлог за кафана за крштевка. Сакаме некаде централно градско подрачје за околу 20 луѓе во 13 ч со жива музика. Некој да ми предложи нешто убаво?
предлог за поклон за прв роденден и крШтевка? стварно незнам дали играЧка ,алиШтенца за кај едни пријатели за девојЧЕто
Купи од оние новите играчки што се како масичка или дрво со триста тракатанци на неа,ќе се занимава ќе игра. Или проодувалка,кукла што збори,патики.. Мене ме интересира дали во ресторан дозволуваат да си однесам колачиња за слатка маса од дома направени,декорирани или се мора да биде со декларација,како за торта што бараат?
Dobra ti e idejata za prooduvalka ke razmislam za toa, a ako imas slika za novite masicki isprati mi da vidam za kakva misles
Koe e najdobro vreme da se zakaze vo crkvata, a koga vo kafanata Krstevkata ke ni bide sredinata na juli