a zasto kanite tetki strinki starosvati nez ti sto na krstevka jas osven deverot jatrvata sestra mi zet mi vnucite majka mi kumovite i nie si bevme na krstevkata drug nikoj ne viknav ne pokaniv ne pravam svadba pa da vikam tetki strinki vujni
jas koga sega. bi pravela krstevka bi gi viknala samo najbliskite rodnini potocno samo sestra mi zet mi kumovite majka mi jatrvata deverot I decata I nikoj drug I bi pravela vo domasni uslovi ne vo restorán
Сестрата твоја или на мажот е тетка нели? Сигурно старлич не мислеше да ја кани тетка му на мажот и Ужи круг Не сум се заинтересирала до сега, алиштата во кои го облекуваат бебето во црква ги пере некој пред да се облечат? Кумот,мајката?
Снаа ми, кога беа кумови до брат ми, таа ги переше алиштата за во црква. Знам, зошто пред мене и се јави на мајката, за да ја праша каков прашок користела, за да и таа ги испере со истиот.
Мајка ми,брат ми и неговите три деца,најмалото е 12години, ,снаата, тетка ми и тетин ми, тие немаат деца и никогаш за ништо не биле оставени,нон стоп ги каниме. Деверот и родителите, старосватицата е сама ама тешко дека ќе дојде, ја канам ете дека е сама,ама не се почитуваме воопшто, отиде со мажот во странство и дигна акции. Ми вика ние живееме во странство,немаме време да дојдеме секогаш кај вас. Две недели е тука а не ми кажала. (Не беше ова за тука, ама неколку дена ми скока нешто меѓу гради, бидејќи јас останав крива за се,после тој муабет) Свекрва и свекор,две золви,еден зет. Толку се. Се исповедав у 6 сабајле, лакше се дише, полесно ќе спијам Инаку за алиштата не знаев дека треба да се перат. Ќе и кажам на кумата.
Нас ни дозволија на една маса, со растојание,се по протоколи. Нема потреба од носење маски. Сепак на ручек ќе седиме. И ние почеток август закажавме. За во црква гледам носат маски, ако треба ќе носиме, само за сликање ќе тргнеме.
Свекрвата се 11 браќа и сестри, сите мажени женети со деца и внуци, ако ги викнеме свадба ќе излезе хахаха. Од страна на мајка ми, немам никакви роди сем тетка ми,сестра на мама.
Тоа зависи од кумата. Мои блиски што биле куми некои переле, некои етикета ваделе пред само облекување. Не мора ништо да и напоменеш, освен ако не ти е тебе шубе детето непрано да ти носи.
Не знам како треба, ама надвор од памет е бебе да носи неперено. Мене за прашок не ме прашаа ама имаат бебе, со синко разлика се неколку месеци, па алиштата мирисаа на бебешки прашок.
А дали би правеле некоја декорација во ресторан или дома или тоа да оставам за прв роденден здравје? Исто би викнала 2 саати фотограф да имаме успомен.
Се организирав, и балони и маси за торти и сликари, некои од моите ќе снимаат со тел. Сакам да си имаме убав спомен. Сакам се да биде убаво.
Ние во неделата правевме крштевка. Беа свекорот, свекрвата, брат на маж ми и кумот. Потоа дома кај нас на ручек, си наредив маси, си порачав од кафана јадење. Дома дојдоа и моите со брат ми и снаата. Јас од мерак си направив декорација со балони, гледав од јутјуб како ги прават тие како мост од балони. Се одбележи и заврши денот,убаво поминавме.
Сите носеа маски, освен јас и маж ми. Кумот го држеше но кога плачеше попот кажа да го земам, па после по потреба кога ќе кажеше попот пак му го давав. Незнам колку траеше ама отприлика пола саат. После дома ги извадија маските, моите кога стигнаа влегоа со маски за да го видат детето. Детето беше кратко во дневна, после си го однесов во спална и се менувавме јас и маж ми со него.
Крштевка секако се прави со најблиските, нема потреба цела фамилија да се збира, особено не сега. За перењето убаво е да се исперат алиштенцата затоа што е бебче. Нас кумата и перени и пеглани ни ги носеше. ❤Ние сме многу блиски и за се си се договаравме.
Здраво феминки Одамна беше кога јас правев крштевка на моите дечки, па ме интересира колку , што се променило од тогаш. Кумови сме и што се носи подароци за ручекот во ресторан да кажам?
Кај нас кумот носи торта, носи облека за облекување во црква, и подарок, може да биде било што. Нас кумовите не прашаа дали може да и купат златни обетки, ние рековме може. Прашајте што сакаат, што им треба,седиште за во кола, хранилка.. Барем сега има избор на многу работи.