Здраво јас и дечкоми планираме да идеме Ксамил со наша кола од 19ти Јули па до кај 26ти а може и да продолжиме плус два -три дена па така да ако некој е заинтересиран за делење превоз нека пише
Народе, Вие кои сте биле веќе таму, дали знаете како се движи температурата во Ксамил? Колку што видов на нет за до крајот на овој месец покажува околу 30-33 степени...Мислам, дали е многу жешко и дали имало навистина многу комарци? Поздрав
Јас бев минатата година на одмор во Ксамил и сум препрезадоволна!! Бевме сместени тука http://www.greenhouse-ksamil.com/apartmanet-mk.html Ние бевме во септември и супер беше времето.. храната беше многу ефтина, живо џабе.. цело време надвор јадевме што ти душа сака Каде што бевме сместени во Green House имаа нивна приватна плажа Lori Beach, со бесплатни лежалки и чадори.. водата кристал! http://www.greenhouse-ksamil.com/plazhi-mk.html еве линкче од плажата.. Ние резервиравме преку https://www.facebook.com/valmir.daci?fref=ts тој е сопственик на вилата и самиот може и да ве пречека доколку не можете да се снајдете во Ксамил Сите плажи беа тука на 5-10 минути пешки и позната Бора Бора плажа е одма тука Ви препорачувам да идете и дека нема да се покаете
Дали некој бил во вилата што е со праска боја на десно? Ресторанот нејзин се викал Џовани. Да не знае некој како се вика вилата. Таа е блиску до Вила Христо (од таму е сликано) И ако знае некој каква е плажата покрај Вила Христо и оваа?
Е многу жешко, соба без клима - никако, или па апартман. Навечер тешко се заспива без клима. А за комарци ние немавме проблем, ќе си купиш Аутан, ќе се шприцнеш навечер пред да шетате надвор, и ќе немате проблем.
Еве ја сум скоро во Ксамил.Овие овде се шекнале со цените.Лани во сезона апартман на 100м одплажа бора бора беше 35 до 40 евра.Сега од почеток на јули соба во центарот далеку од плажа е 30 евра ...ова е цена за македонците, бидејќи за албанците од кај и да се важат поефтини цени.Едвај најдов смештај до плажа и плажа бора бора и плаќам 35 евра,пошто од лани ме знаат.Лежалките на бора бира се 400 леки а на другата милион пати поубава плажа, кај ресторан Арби,лежалките се дури 600 леки или близу 5 евра има многу многу холанѓани,пољаци и други европејци и затоа цените се високи. Инаку врнело тука пред два дена. Цените во супермаркетите се високи едино во рестораните се слични ко лани...како и да..мислам дека повеќе не идам на одмор во Албанија.
Здраво , сакам да прашам дали сте иделе со лична карта во Ксамил, и дали освен преку Грција може да се идие преку Албанија ако некој знае нека пишеее фалааа
За пат со лк не знам.Ние одиме со пасош ради децата. До Ксамил можеш да стигнеш и преку Ќафасан,па до Валона па од Валона преку Лугара планината.Никој не го препорачува овој пат.Преку Лугара патото е полн со свиоци и е тесен и опасен.Можеш и преку Дебар па да се приклучиш на патот преку Џирокастро.Таму нешто е средувано и има малку нов автопат но незнам баш дали е нај ок. Преку Грчка е само автопат ако идеш до Игуменица.После од Мавромати граничниот премин идеш до Ксамил,малку пат во км но долго трае,зошто патот е крш.А можеш и преку грчка по виа егнациа,до Јоанина,па да се приклучиш на патот кон граничниот премин Какавија.Така и таму ти е свиоци но е подобар патот за разлика од оној од Игуменица до Ксамил. Како и да е,нас времето нешто овде не зеза,цените се високи,и гледам дека изгледа идната година Албанија нема да ми биде дессинација за одмор.
фала сепак ние планираме да одиме со организиран превоз автобус или слично, но мене ми истече пасошот па затоа прашувам
Тука сум во Ксамил. Преку Грција бевме, патот е прекрасен, тунелите се баш интересни. Од еден излегуваш, во друг влегуваш. Има некои по 3-4 километри се. До Игуменица супер е патот, после тоа нема знакови многу. А ние згрешивме пат после Албанската граница, по едни ридишта фативме. Преку сплавот бевме и воопшто не е опасен и страшен. Напротив, многу е стабилен и воопшто не се чувствува кога се движи. До Ксамил после е ептен краток патот. Плажите се супер, нешто тревки има ама ништо. На Бора бора уште не сме биле ама ќе одиме. Вчера за Саранда бевме, ама Албанциве како возат бреееј, ќе полетаат уште малце. Тоа е тоа, супер е тука и препорачувам
A Lella, имам неколку прашања колку саати од прилика се возите под тунелите?И возењето на сплавот до Ксамил , колку време трае? Какво е времето сега? ИМајте убав помин
Автопатот во Грција, е да речеме околу 3 ипол или 4 саати. Ама цело време е автопат и не е страшен воопшто Сплавот е 2-3 минути најмногу. За сплавот ич да не се секираш, воопшто не се осеќа кога се возиш по него, само гледај надолу во тоа даските и толку Времето е супер. Вчера нешто беше заоблачено, ама денес е супер. Ни е спарно, ни пак ладно. Таман . Фала многу, исто и ти ако одиш
Здраво девојки, ние имаме уплатено преку агенција и ќе одиме во ксамил за некој ден. Постојано ги следам вашите коментари и навистина се корисни. Сакам да прашам (се надевам некој што сега е таму или сега се вратил ќе ми одговори) водата дали е топла и чиста и дали е пријатна за бањање. Кои плажи ги препорачувате? Планиравме храна воопшто да не носиме и од таму да си купуваме се. Скапо и ефтино е релативна рбаота, ама се повеќе ччитам коментари за високите цени. Може ли отприлика некој да каже годинешни цени за лежалки, пијачки по плажи, јадење во ресторани и цени во маркет? Фала ви многу : )
Лежалките на Бора Бора се 500 леки, ама мене таму не ми се свиѓа. Ние одиме на плажа кај ресторан Арби, тоа некои 200 м подоле од Бора Бора, а таму лежалките се 600 леќи и тоа не е баш ефтино,, ама водата ми е поубава. Водата е топла, зависи како за кого меѓутоа е чиста.
Ние се вративме пред една недела од Ксамил и си поминавме фантастично (одмор во вистинска смисла). Во однос на цените, беа исто како лани, штозначи лежалки (во зависност од плажата) 400,500 и 600 леки (1 евро е 135 леки). Ние се храневме претежно во ресторанчињата на плажа и сега од прилика грчка салата беше 300 леки (голема) пица голема 400 леки, школки 400 леки, леврек и коч 9морска риба) 600 леки, паста со морски плодови 400 леки. Цениве се во просек, со +- 100 леки во зависност од ресторанчето. Супер маркетите се како во Скопје цените. Ова се годинешни цени за периодот од 28 јуни до 9 јули. Поздрав
За леките ќе му дојде 1 денар= нешто помалку од 2 леки Значи ако лежалката е 500 леки. Во денари е 347 или тука некаде. Некој праша за водата дали е чиста и топла. Па чиста е, тиркизна (до таму каде што е песокта ), има малце тревки ама ептен малце, само на некои места. А на Бора бора па ич нема тревки. За плажи, сите се слични и сите се убави, Бора Бора е убава, широка ама ептен многу гужва има и нема место за да си ставиш чадор, а од гужвата и водата се заматува. Значи ако сакаш на Бора Бора ќе мора лежалка да купиш. А на оваа плажа исто и водата е поладна. Друга плажа убава е Бела Виста. Ние на таа одиме, ем најблиску ни е. Таму има како терасче кај што ставаат луѓето чадори, а лежалките се 500 леки. Водата е просек некој, ни е многу топла, ни многу ладна. На почеток кога влегуваш секако е ладна, дури и забите ми се тресат Ама после се навикнуваш и не е проблем. Убави се плажите барем за тоа не се секирајте.