наслов Код: [b](ФОТО) За Ксамил како што никој нема да ви каже, низ ШОК впечатоци![/b] извор:http://www.time.mk/c/fd57353ceb/doziveav-sok-a-planirav-super-odmor-ispoved-na-makedonka-koja-letuvala-vo-ksamil-albanija.html Ваквиот наслов, како и текстот и приказната што следува, јас од лично искуство како жена и родител на две малолетни деца, која со години четувам во Албанија, а воедно во КСАМИЛ, сметам дека не е ништо повеќе од нечија желба да се оцрни туризмот во ова место односно да се создаде впечаток дека Албанија е таа која што стои во место, а ние со нашите стандарди и очекувања сме Шведска. Да, јас догодина можеби и во Албанија нема да одам повеќе на одмор, пред се поради презаситеност и желбата да видам и некои други места на онското море, сепак сметам дека текстот е напишан и достојно објавен и пренесен од сите портали и медиуми со некаква друга цел. Да патот од Грчка до Ксамил е КАТАСТРОФА, ДА има сплав кој и не мора да се користи бидејќи има и други приоди преку други гранични премини. Во Албанија во последниве 7 години, Европската унија има вложено неколку милиони евра за изградба на патишта....кој одел од Рогожине до фиер, и кој одел накај Валона и Џирокастро, знае за какви нови модерни автопатишта станува збор. Е факт е дека не можат и тие да постигнат седге.Цените на смештај се дефинитивно поевтини од други држави на море, односно во сезона студио изнесува 30 до 40 евра. Сите сместувачки капацитети се НОВИ и одлично уредени. Точно е дека во Ксамил сообраќајната кутлура е на „нивоу“ со таа разлика што кај нас камерите и честите казни од полицијата не дисциплинираат.Затоа пак во Албанија има неказнена политика кон странците односно туристите при возење со голема брзина, односно полицаецот има наредба само да ве сопре и да ве предупреди ако брзо возите. Газдите во собите се однесуваат исто како и да сте во Грчка, сигурно нема нозе да ни бацуваат и да скокаат од радост што сме им дошле, бидејќи и со нас и без нас имаат доста туристи. Значи многу е битно со какви очекувања се иде на одмор. Како и во претходните мои постови поврзани со Ксамил, повторно ќе напоменам дека оваа година во Ксамил „вриеше“ од вистински странци, односно холанѓани, германци и французи кои доаѓаат на викенд посети организирано преку Крф и Парга и дефинитивно мислам дека и поради нив цените во Ксамил растат,е сега не е фер што Албанците се ориентираат кон оваа клиентела по радо....за жал, но тоа е тоа, кому не му се допаѓа има и друг избор.
Дотичната што го напишала текстот што го објави членката над мене не знам што очекува. Да и послтелат црвен тепих од креветот до плажата, а таму да ја чекаат две лежалки со златен чадор и коктелче. Па дури и се жали што немало слободни лежалки. Епа ако оди таа во 12 саат не би требало да очекува лежалки во прв ред, мада никакви лежалки. Со пријателите кои одевме таму требаше еден во 6 часот да стане и да зафати лежалки. И плус во 6 цел прв ред и пола од вториот биле веќе резервирани. Се согласувам со Фајтер, мора да знаеш со какви очекувања одиш на одмор. Штом госпожата тврди дека се распрашувала наоколу мора да слушнала дека Ксамил не е некој огромен град што работи 24/7 и има кеј и палмички наоколу. И што дроби оваа кога има тротоар и тоа баш убав. За патот сум сигурна дека ќе го направат во најбрз можен рок. Бидејќи допрва луѓево слушнаа за ова место, и верувам дека ќе се надоградува многу повеќе. Ако одела во сред сезона не може да очекува апатман за две фамилии од 15 евра. Кај го има тоа. А сопственикот кој не и ги вратил парите не е никаков претставник на Ксамил и луѓето таму, туку самиот си одлучил да не ги враќа парите. Не верувам дека само таму нема да ти ги вратат парите. А тоа што дотичната не можела да ја види плажата од луѓето е нејзин проблем, нека оди на очно може поубаво ќе и се гледа. Па „ја избркале од плажата бидејќи сите лежалки биле резервирани“, а што сака она, специјално за неа и двете фамилии со нејзе да ги откажат резервациите. Сите луѓе што планирате да одите наредниве денови или следното лето можеби, нека ова воопшто не ве замислува. Госпоѓава ептен преувеличува. И алал да и е штом во Грција се почувствувала како дома. Па и шокови набројува, ај мрш таму.
Патот преку грција е многу подобар а временски со кола е 7 саата преку албанија а преку грција 6 ипол саата може и помалце да се а за со автобус незнам да ти кажам
Истото и јас го искоментирав пред малку на фејсбук кај некој што го објави ова дека кога ја читам статијава не знам кој е будала дали женава што ја напишала или јас што немав воопшто таков впечаток ) На што добив одговор ОД МАШКО и тоа потенцирам :'' Епа ако не си била подалеку од ксамил те разбирам ''. Добро шетани луѓе се, разбравме )) Само не знам како тие шетаните и со толку високи очекувања воопшто дошле до ксамил , од толку многу дестинации нели ? Не знам за нив, јас барам одмор во вистинска смисла на зборот, убава плажа, убаво море и љубезни луѓе. Тоа и го добив. А другиве пред да почнат да летаат нека научат да одат.
Дали некој бил во Guest House Luiza & Bushati и доколку бил ве молам за впечатоци или ве молам да ми препорачате убаво сместување за двајца каде се дозволени миленичиња ( куче ). фала многу
А како се вика оваа плажа во Ксамил? блиску е до центарот? Зашо јас сакам да одам годинава во Ксамил ја гледав оваа плажа само незнам како се вика и кај се наоѓа. И дали си слушнала нешто за вила Алекс... Каде се наоѓа оваа вила..Ја гледав по агенцииве, дали е блиску до убавите плажи (бора бора, бела виста и сл.)и каква е вилата? A плажите Бела виста и бора бора блиску се? може да се иде и пеш до нив ?
Колку што се сеќавам не се баш ептен блиску, ама ние одевме пешки од Бела Виста до Бора Бора, по брегот ќе стигнете до неа.
ја лани бев пред Драч у Голем и си поминав екстра и цените се доста солидни две еспреса на плажа 1 евро, хајнекен излегуваше околу 85 денари во наши пари стварно ефтино плажата е екстра со ситен песок планирам и оваа година да идам на истото место
Lani, za 6 lugje (3 zasebni sobi so svoi toaleti i kujni) plakjavme 58 evra dnevno znachi ne beshe ni 10 evra dnevno, ama zboruvam za nova kukja, mozhe da se kazhe duri i luksuzno opremena. I dopolnitelno, ima mnogu ubavi plazhi odalecheni od Ksamil za koi e potrebna kola. A plazhite bash vo Ksamil okej se, so toa shto Bora Bora zvuchi mnogu egzotichno a e malo plazhiche so mnogu lezhalki Jadenjeto beshe ultra eftino .. ruchek vo restoran na plazha, pijalok, desert .. maximum 10 evra. Gospodski odmor terash za 10 evra dnevno. Ribata im e neshto fenomenalno i neshto nerealno eftina
Дефинитивно,рибатата во Ксамил во рибните ресторани е НАЈФКУСНОТО НЕШТО ПОДГОТВЕНО! Свежа,вкусна и направена на плотна...а како предјадење имаш и октопод потопен во специјален сос....леле кога ќе се сетам дека ручек за 4рица со 4 риби,октопид,салати,помфрити,пива и сокови не чинеше 30евра преку сила....пак ми се иде ...само за да се изнајадам вкусна риба.
Ние ќе тргнеме во четврток т.е петок околу 00.30. Планираме преку Битола да одиме. Препорачајте добра навигација испробана до таму да ја симнам преку плеј стор
Ние планираме да идеме на одмор во Ксамил. Само што уште не знаеме преку која туристичка агенција. Па би сакала да знам, доколку сте биле преку агенција, преку која агенција сте биле? И да, би сакала да знам, како се движат цените таму.
многу е евтино во ресторани за разлика во грција и кога бев јас лежалките беа по 1 евро се изначудив.
Ние размислуваме за тука со дечко ми бидејќи е ефтино, а немам јас баш пари. Сакам да прашам само дали има некои други плажи, туристички места одоколу што можат да се посетуваат со кола?
Ние лани бевме четворица и плаќавме 23 евра ... Имаше спална со четири кревети, кујна, трпезарија и купатило ..