Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ксамил (Албанија)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од T-At, 2 јули 2011.

  1. Jery

    Jery Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2016
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    А апп со 1 или 2 спални соби е, и колку чини пр само соба со wc
     
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.462
    Допаѓања:
    172.094
    значи цените се од 20 до 30 евра па според тоа дали апп со една или две спални а само соба со вц незнам дали има се е апартмани со кујни
     
  3. lillypad

    lillypad Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали некој бил лани, прехлани околу 1-2 август и успеал таму да најде смештај?
     
  4. Medicine25

    Medicine25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    1.540
    Пол:
    Женски
    На мене оваа година ке ми биде 3та по ред во Ксамил.Има смештај од 20-30 евра ке најдеш.
     
  5. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.018
    Пол:
    Женски
    Девојки сите кажувате има соби од 20 евра во Ксамил, јас никаде не најдов. Ќе ми дадете бројче за контакт или facebook?
     
  6. Zastitnicka

    Zastitnicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2015
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Ние лани бевме точно на први август и имаше смештај да си бираш, самите луѓе те молат да седеш кај нив..ние најдовме две соби со едно вц за 30Е
     
  7. Zastitnicka

    Zastitnicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2015
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Јас лани на фб пишав на секоја можна вила што има фб профил, сите држеа цена 25-30Е за соба за 2ца, но кога отидовме таму си најдовме смештај и беше многу поефтино
     
  8. Sylvanas

    Sylvanas Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Некoј штo бил Ксaмил сегa брзo дa кaже штo цени се движaт oд вечер aпaртмaн зa двaјцa oд 5-6 aвгуст и дaли се нaoѓa смештaј нa лице местo тaму
     
  9. mici.i

    mici.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    14
    Да, се наоѓа лесно, од вечер е од прилика 30 евра апартман зџа двајца
     
  10. Zastitnicka

    Zastitnicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2015
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Женски јас лани бев во ксамил, но не бевме со приватен превоз, па оваа година идеме со кола..дајте некој предлози за шетање т.е. некои убави плажи диви плажи.Лани ни кажуваа дека имало на пример некоја воена плажа, но незнам каде се наоѓаат сите тие што се на неколку км од ксамил :) па ако знае некој нека пише или сликче да стави да видиме :)
     
  11. deliza

    deliza Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    13.060
    Извини што вака касно одговарам, сега случајно видов на темата дека си ме цитирала.

    Иначе, за жал не ми текнува како се викаше плажата. Како и да е, сигутрна сум дека лесно ќе ја најдете и нема да зажалите :). Ние обично ги менувавме плажите секој ден, но плажаата за која прашуваш, ја посетивме два дена по ред :D.
    Плажата и во двете слики е иста, само што е сликана од два различни агли.
    Доколку одиш, убав помин.

    П.С Ви стојам на располагање и за други прашања ;).
     
    На ванилала му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.290
    Допаѓања:
    7.864
    Некој што бил околу средина на септември да сподели искуство? Дали е топло за сончање и дали е топла водата?
     
  13. lillypad

    lillypad Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Дечки си резервиравме превоз за 1ви август за Ксамил, се надевам ќе најдеме таму нешто за 25 30 евра кажете ми кои плажи вреди да се посетат бидејќи само недела ќе бидеме таму, па сакаме да одиме на различни плажи. Иии некаде прочитав имало и добри плажи во Саранда. Колку чини такси/комбе до таму?
     
  14. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Комбе или со диви таксисти чини 100 леки по човек.
    Најубава плажа е Tre Ishujt и немојте да ја пропуштите!
     
    На lillypad му/ѝ се допаѓа ова.
  15. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Јас штотуку се вратив од Ксамил, па да ви напишам впечатоци и искуства.
    Отидовме со превоз од агенција, 25 евра чинеше, а соба си најдовме сами, 20Е од ден беше. Собите беадоста големи, со балкон голем, клима, преубави, чисти, на пола смена ни сменаа постелнина и 2 пати ни чистеа, топ беше. Локацијата уште подобра на 1 мин маркет, на 2 мин центарот на Ксамил (кај Хотел Јони), а исто така блиску ни беа и плажите Bella Vista и Castle (на 3 мин пешки).
    Ако некој е заинтересиран пишете ми ќе ви дадам контакт од вилата.
    ***
    Плажи.
    Има еден куп плажи, од убави поубави. тие што се надоле од Бора Бора Бич (гледано на мапата надоле) се убави, а тие што се нагоре се преубави.
    Бора Бора искрено мене не ми остави нешто посебен впечаток, многу гужва, валкана вода од гужвата, а мала плажичка, тесна. Од дечиња не можеш раат да се искапиш, а плус од сите страни заградено со глисери и мириса премногу на бензин и нафта. 800 леки се плаќаат лежалки - 400 денари, но нема пијачка, туку само лежалки. После 3 часот се 600 леки. Ресторанчето на плажата е онака со цени ко кај нас, 200 леки кафе, 500 леки тестенини. Песокта е вештачка, па ви препорачувам боси одење никако -_-.
    [​IMG]
    [​IMG]
    ^BORA BORA
    Другите плажи надолу - Bella Vista, Lori Beach, Castle итн. се убави, ама водата не е како на сликите бела и врие македонци хаха пошто вилите на мак.агенции им се во тој дел и сите слегуваат таму на плажа, а лежалките се движат 600-700 леки, исто без пијачка. Натаму само прошетавме, не бевме на плажа, па не знам како е. Битно песокта е природна овде. xD
    [​IMG]
    ^LORI BEACH
    Плажите нагоре - одлични. Ако гледате нагоре после Бора Бора е Tre Ishujt - РАЈОТ НА КСАМИЛ!
    И немојте да ја пропуштите. Лежалки се исто 800 леки, но се прави резервација еден ден унапред, а претежно се странци таму. Плажата е вистински рај, пречиста вода, ситен песок, не е вештачки што е најбитно (барем за мене), и општо чиста плажа. Водата не се мати, а најинтересно од се е што спроти плажата има остров на кој се оди пеш преку вода или со пливање - ова немојте да го пропуштите исто xD Оваа плажа е милина. И тука пред и после неа има убави плажички во ист стил чисти и блиску до островот.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    ^Ова е TRE ISHUJT најдолу плажава
    После Tre Ishujt има една плажа Абиори, ресторанот таму е ексклузивен, не оставаат кафе само да се пие, ама плажата им е убава, има и платформа на која лежалките се 1000 леки, а на песокта се 800. Исто без пијачки.
    [​IMG]
    ^ABIORI
    Другите плажички нагоре се убави, средени, ама за капење не е нешто нај, водата не е како на сликите сина, онака стандардна, во вода се наоѓаат големи карпи, па бидете внимателни, а лежалките беа од 500 леки нагоре. Има убави барови на плажа таму се 700 леки, ечат музики, ама за капење не е убаво.
    Сепак првиот ден прошетајте го Ксамил и видете си која плажа е најубава за ваш вкус.
    [​IMG]
    ^Плажите нагоре
    ***
    Острови.
    На двата острови еден до еден што се поврзани со песок се оди со глисер/бродче, нас не чинеше 10Е за двајца повратен билет - те носат и те враќаат назад. Ама, не вредеше искрено. Воопшто не ми се допаднаа плажите, некако многу мафијашки ми делуваа, и откако слегов на островот се осеќав укочено. Лежалките беа 1000Е, и имаше мал шанк за пијачки. Ама доколку сте на местото убаво е да одете да видете, сепак е вкус и вкус, мое лично видување е тоа.
    Имало и уште некој остров, но не отидовме таму, ги постивме само овие два и тој што се оди со пливање.
    [​IMG]
    ***
    Ресторани, барови, ноќен живот.
    Во центарот на Ксамил до кај 11-11 ипол има луѓе, потоа пиле не пее. Има барчиња, таверни, ресторани на секој агол, а цените слични ко во Скопје и Охрид. Пример пицата е 700 леки - 350 денари, ама не фамилијарна огромна туку голема за 1 маж доволна, тестенините 500-600 леки, морското 1000-1400 леки, соковите 200 леки... (ако ве интересира нешто конкретно пишете ми)
    За со мали дечиња е идеално, има и голем парк за дечиња со лизгалки и нишалки, а има и Луна парк. Кај Луна паркот беше раздвижено и имаше повеќе луѓе, пошо има шеталиште и барови на едната страна, па таму мене баш ми се допадна. Ако сте поголемо друштво може да си направите забава на баровите покрај плажа, сите хитчиња ечат ама нема луѓе.
    Значи не е тапа, има кај да се оди, има што да се прави навечер. Јас бев со дечко и ми беше супер. Цел ден на плажа, навечер еден круг низ улиците и спавантус.
    Баш супер беше.
    За ноќен живот одат Саранда, ама 20Е такси треба да се плати пошо навечер автобус нема, во 18:30 е последниот.
    Во Fast Food BESHIKU има најдобро гиро, што баш има вкус на гиро, а во другите места месото му е како за Донер, па си нема врска со гиро што го знаеме ние. Суфлаки на повеќето места нема, ама општо кажано јадењето им е добро.
    ***
    Ете тоа е се што имав да кажам за Ксамил, сум била на многу места и можам да кажам дека е супер за одмор, ама далеку се од Грција. А за тоа што се кажува дека е ефтино, да, ефтино е, ама со истите пари се поминува и на одмор во Грција.
    Кога ќе си направам пресметки 6 дена по 800 леки (6E) тоа се 36 евра за ништо, само за лежалки, а во Грција барем кафе ќе имав со лежалката, а вака тоа плус. Парите се тие. Единствено што јадењето им е поефтино, гирото беше 180-200 леки.

    Добар одмор. :*
     
    На Thallia, Elena1000, deliza и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Makedoncence

    Makedoncence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    14
    Ај aкo не ти е тешкo пиши кoнтaкт oд вилaтa и кaде пoтoчнo се нaoѓa. Спoред пишaнoтo дoaѓa некaде пoзaди Hotel Castle, кaј игрaлиштетo или грешкa сум?
     
  17. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    На ни една плажа во Ксамил нема простор за свој пешкир да ставиш или пак само чадор да изнајмиш?
     
  18. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Точно пред игралиште, нашата тераса гледаше на игралиштето.
    Ти пишам ЛП.
    Па една жена на Бора Бора стави пешкир и и рекоа да го тргне, а мислам дека имаше една дива плажа најдолу кај што може да си ставиш пешкир ама беше далеку пешки
     
  19. Jery

    Jery Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2016
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    На бора бора има фрее зона јас бев и може со крпа,чадор
     
  20. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Молим те пиши ми број од вилата.