дали некој ке патува од битола за ксамил од 17,08 сакаме да одиме со кола но некако не ни се оди сами
дали има некој отидено како е плажата,водата? за шетање кај е поубаво коллку е одалечено саранда од ксамил? и кај е поубаво да се сместиш?
Девојки да ми кажете од каде е најдобро да се патува за Ксамил, преку Грција или Охрид? Секако мислам на патот.
искуства од ксамил кај е најубаво да се сместиш и дали е блиску саранда за шетање на вечер или има и во ксамил ?
Преку Охрид искрено е многу лош патот незнам дали сега е направен ама не верувам. Најубаво преку Грција да одите викаат дека патот бил одличен.
Во Саранда е дефинитивно подобро да си сместена а во Ксамил да одиш на плажа .. Саранда е градче каде што има што да се прави и каде да се шета и денски и навечер кафичи , ресторани , шеталиште, бутици .. има и добри плажи не се како во ксамил но за млади се супер има денска шема , Ксамил е преубав за плажа , песокот водата убавини .. Но ако си во Ксамил сместена освен добра плажа нема друго што да видиш навечер сигурно би ти било досадно .. Затоа мој совет Саранда барај смештај а иди во Ксамил на плажа.. а да и Саранда и Ксамил се многу блиску некаде 20 тина ми возење има автобуси и комбенца што ја возат таа релација цело време ...
Мојот впечаток за Ксамил Одевме преку Грција. Патот во Грција е преубав, автопат е и се мине бргу. Во Албанија патиштата се за нијанса полоши од нашите. Кога влегуваш во Ксамил, прво нешто што помислуваш е дали се водело војна бидејќи на страната од кај заливот има многу разурнати куќи и неасвалтирани улици. Всушност, во последните неколку години биле урнати 280 градби поради немање дозвола и не градени по урбанистички план. Ви препорачувам таму да најдите смештај, и да е поблизу до морето отколку заливот. Делот од кај заливот се ридови и полно стрмнини. Плажите се убави ептен и водата е убава, само што се помали. И 98% од плажите се со лежалки, така да ако сакате вие да си поставите чадор, ептен тешко ќе најдете такво место. Лежалките се во просек 1000 леќи, освен на Лори Бич-700 леќи, Кристал Бич-700 леќи. Некаде знаат да бидат и над 1000 леќи, како на пр на Бора Бора. Според мене, лежалките се најскапиот дел од одморот вп Ксамил. И секаде, ама баш секаде да барате сметка! Бидејќи на мени една цена, келнерите наплаќаат друга. Има многу ресторани, таверни, барови, ресторани за брза храна и сл. Цените на рестораните покрај море се поскапи. Јас буквално секоја можна морска храна ја пробав - Школките и Sea Bass рибата ми се врв! Бевме со чамец до островите. 3000 леќи е цел чамец да те однесат и си кажуваш саат за да дојдат да те земат. Лежалките се 1000 леќи на островите. Да знаете дека не се ништо посебно, впрочем најгрда плажа ми беше. Подобра варијанта е да земете педалинка, околу 8-10 евра на саат се и да отидете до таму, искапете во морето и да се вратите. Други плажи кои се неколку км надвор од Ксамил би ви ги препорачала се Пулебарда и Паскири - препреубави се. Се' на се', мене ми се допадна Ксамил. Не се уште дојдени до ниво на Грција, ама се ептен попријатни и поуслужливи од Грците. Сите куќи се нови, чисти и смештајот е преефтин во споредба со Грција.
Јас моментално сум во ксаммил и навистина е пррубаво. Воопшто не е скапо има многу плажи и сите плажи им се навистина убави.Мора да ја посетите Бора Бора и Манастир.
Да лесно е за смештај. Безброј луге чекаат на патот што нудат соби.Ние тука најдовме 25евра од соба но дупла соба дневна плус спална со тараса клима тв кујна вила адријана на букинг и мн е близу
Викаа заради тоа што е Крф блиску, имало превоз од Ксамил до таму? И до Саранда има комбе негде или такси ?
Од Ксамил до Крф се оди секоја недела со брод - 40€. А секоја сабота до Парга - 30€. А за од Саранда незнам.
за до Саранса има автобус линија го гледам стално кога си идиме од плажа околу 7 и знам дека лугето чекаат во центарот на улицата. веднаш до станицат има канцеларија информации за туристи ке ви кажат се. инаку саранда е само убаво за навечер има мн барови бутици и поголемо шеталиште.Но за плажи и чистота Ксамил е незаменлив.Ви препорачувам да најдите смештај во ксамил
Не знам ова со смештај да барам таму ме буни, уште се двоумиме дали да одиме во Ксамил, ама па едни пријатели минатава недела цел ден барале смештај во кслами не нашле, па се вратиле во саранда - и таму не нашле, и на крај заминале во валона....Искуството за таму барање смештај некој да споделите...