Вчера се вратив од Ксамил, па да пишам дур ми е тазе. Цените за лежалките, маркетите и рестораните константно се менуваат. Најниски се во јуни, највисоки во август. Цените во маркетите се за некои 20-30 % повисоки од Македонија, со исклучок на одредени производи кои се исти, а ретко да најдеш нешто поефтино. Во секој случај, не вреди да носиш храна од Мкд. Цените во рестораните се доста ефтини. На секој чекор има пицерии, паланчикари, ресторани со морска храна, маркети, менувачници, итн. Морската храна им се движи од 500 до 1500+ леќи, зависи што би јадел. Пиците им се горе-доле од 400 до 900 леќи. Гиро 200, отворено (огромно) 400. Хамбургер 200, тост 150. Паланчики 200-400, вафи 400-600. Сладолед топче 100. Нивни пива, кафиња и сокови во ресторан околу 150, максимум 200. Би ги препорачала Hello Creperie за палачинки и вафли, ептен се вкусни и не се скапи. FastFood KOKO за гиро, поготово отвореното. Momento Pizza за пица, ептен добра е таа со ракчиња. Bar Restorant Palma за морска (језда според муабетот со други луѓе, никаде нема да згрешиш, сите ги фалат), 500 леќи голема локална риба, 700 октопод, 900 големи ракчиња, 750 мешавина од мали ракчиња, лигњи и мали октоподчиња, пола литро локално винце 300. Сите порции им се за двајца. Од плажи, најмногу идев на Bella Vista од 2 причини: прво, вилата ми беше веднаш над плажата, второ, плажата е баш океј. Tиркизно заливче е Бела виста, лево од ридчево е Лори, а следна е некоја приватна со камења. На ридчето што е лево до мостчето има free zone за поставување свои лежалки, пешкири и чадори што баш топ ми дојде. Лежалките низ цел Ксамил се одвратни, прљави со флеки, пожолтени, некои подискинати. Плажата е некој фејк песок, бел. Плиткиот дел е тиркизен поради белиот песок. Има кафуленца со ефтини кафиња и пива. Не дека нешто сум вау импресионирана од Ксамил, ама зајдисонцињата ми беа омилени. Од Бела Виста пешачејќи по плажата ќе стигнете до едно кафуле Africana, веднаш до нивните лежалки има free zone за поставување свои работи, но искрено не ја препорачувам, плажата е со камења и грда црвена земја, водата е со камења како да си во Пештани. Но, веднаш после ова кафуле, следни уште една мала преубава тиркизна плажа со сите бел песок. Понатаму ако продолжиш со пешачење ќе стигнеш до Бора Бора, која не ја препорачувам иако им е најпопуларна. Всушност затоа и не ја препорачувам. Тиркизното заливче како и секаде е премногу мало за гужвата која се создава. Плажата е ектремно пренатрупана. И тука има free zone, но пре пренатрупана е и во вода и надвор од вода. Се што треба да направите е да продолжите на слредната плажа, според мене најубавата. Мислам дека се вика Saranda, веднаш над плажата се наоѓа ресторанот Tre Ishujt. Плажата во споредба со другите е поширока и подолга, има и доста голема free zone (десно на фотографијата). Водата е најчиста, најпроѕирна, тиркизна со мек песок. Има неколку мостчиња, па може да се препливува, лево и десно од фотографијата има уште многу плажа. Може да се преплива до поголемото островче, јас тоа го направив. А може и да се изнајмат педалнки (како и секаде), цените им се околу 700-1000 (зависи каде) леќи од саат. Помеѓу плажата и островчето има огромни "душеци" за скокање во вода, мислам дека беше евро за да го користиш. Има повеќе ресторани, над плажата има и продавнички. Од Бела Виста по пат оддалечена е 850 метри (според google maps), буквално се стига за 10 минути пеш. Десно од плажава има уште повеќе ресторани и хотели и навечер препорачувам тука да си шетнете. Си рокаат нешто нивно, нешто популарно латино рнб, тоа им се нивните "дискотеки". Убаво е за шетање, во најмала рака. Искрено, не дека сум вау импресионирана ко да станува збор за Бали, ама се изненадив. Не очекував дека толку ќе ми се допадне. Башка не е скапо. Вреди да се посети за промена.
najubav odgovor i opis za nekoe mesto do sega ! i slikite se predobri ! sekoja cest i ti blagodaram za opisot samo za prevoz da te prasam so avtomobil bese li preku agencija so bus?
Преку агенција, 45 евра. Од Скопје се патува до Битола и тука се префрлаш во друг бус, бидејќи превозот е битолски. На одење беше топ, на враќање во Битола накрца повеќе патници од седишта, луѓе мораа децата во раце да си ги носат. Се оди преку Грција, што е супер.
Искрено и јас истово го мислам, но не за цела Албанија, конкретно за Саранда, не можам да кажам за цела кога не сум ја посетила целосно, ти цела ли си ја прошетал? Некои па и се задоволни, секој со личните преференции.
Јас па убаво искуство имам од Саранда. Ама пред 11-12 год бев, само што почнуваше да се гради. Од тогаш Албанија не сум стапнала
Јас 2013та, лош смештај се погоди и плус плажата некако беше лоша со камењата, брат ми уште и мал беше многу, плачеше нозете ги испоисекол... Сега може и подобрено да е, не сум била ни ја
турска грчка бугарија кипар египет... нејкам на карта да ја погледнам а не па да одам таму ! за журка и провод златни песоци дефинитивно
Да се надоврзам за плажите во Ксамил. Моментално сум тука и иако сме со бебе, не не спречува да шетаме. Многу убава плажа е и Pasqyira или Огледало. Негде 10мин надвор од Ксамкл накај Саранда. Водата е преубава, чиста, цените се околу 1000леки. Попладне има браново, ако сте нивни љубители. Плажата е крупен песок. Пред неа се наоѓа Pulebarda, пред 4,год дива плажа сега топ средена. Од Ксамил накај Саранда има и еден кампинг. Најубава вода што сум видела тука, иако трет пат ми е во Албанија. Тука се камења ама водата е стакло. Има кампери, нема мн народ, баш за релаксација, цените се 500леки. Бора бора е ок, таа и околните плажи со тоа што бидејќи е најпозната и најнечиста е поради луѓето, а и доста поскапа. Единствено што ми прави кеиф е што е ептен ситен песок. Цените се горе доле исти, малце поскапи од кај нас, пивото во кафичите им е околу 150-200леки
Дали некој има инфо за малолетно лице на граница бараат задолжително пасош, или? Затоа што нели полнолетните само со лична карта преминуваат?
Дали некој бил во вила луна ксамил? Ме интересира каква е вилата. Секако нема одмор во Грција барем Албанија да одиме.
Јас сум моментално во Ксамил и ептен ми се допаѓа. Патувавме преку вардар експрес, ни организираа и превоз и смештај. На граница немавме никаков проблем, си поминавме многу брзо. Тука дечки, маска никој не носи. Ни се смееја првиот ден дека носиме. Од една страна се радувам што нема многу туристи и гужви а од друга страна жално е што живеат некои луѓе од тоа. Пред секоја куќа и вила има луѓе што чекаат и нудат смештај. Ние не знаевме дека може да најдеме толку лесно па уплативме во вила Алекс. Блиску е до бела виста плажата. @MissChievous ти благодарам за мислењето погоре, ептен ми се најде. Како водич ми е ❤
Кажими како е во однос на цените? Јас во четврток ќе одам Ксамил во вила Луна и таа била блиску до плажа бела виста.