jas ke odam septemvri vo ksamil 1 nedela me interesira mislenje kolku bi mi trebalo kolku bi potrosila za toj period?
Дали плажите во Ксамил се слободни? Не зборам за плажи пред ресорти, онака дали имаат плажи да си ставиш крпа и да си седиш без да плаќаш лежалка? Дали е многу гужва на плажите?
Пред 3 години бев. За со крпа имаше многу мал простор. Повеќето се лежалки и си наплаќаш башка лежалка и плус ако сакаш нешто да се напиеш. Јас кога бев гужва беше ептен.
Па и не баш, две години бев со ред лежалките се напикани до вцеата, една до друга. Тие градските плажи се толку мали и напикани, нема место да поминиш. Единствено лично мене ми одговараше да седнеш горе во барот на пијачка и да слегуваш да се искапиш. Она што јас би ти го препорачала за Ксамил е да ги посетиш плажите што се настрана од градот. Е таму богами вреди и лежалка да платиш а и имаше простор за крпа, малце настрана ама сепак постоеше такво место. Пристапот до плажите е достапен со кола до некаде потоа мора пешки. Кога пак би одела таму, само овие плажи би ги посетила. Средната ми е најубава.
Многу било поскапено, цените скоро како Грција, а вештачка песок. Така да јас не би ошла, не е евтин како што го знаевме
Како би знаеле каква ќе биди? Вообичаено секаде е топло, со то шо во септември се зголемува можноста за нестабилност со врнежи, ма да секоја година е различно.
Ние бевме минатата година од 1ви Септември времето беше топло сите 10 дена е сега за цените не би можела да кажам може се различни од лани.
Дали некој скоро е бил во Ксамил? искуства? И дали навистина цените се толку големи како што кажуваат
Здраво, да прашам оваа година цените за лежалки како се? Пред 2 години кога бев океј беа цените, сега нешто слушнав 70 евра да не биле. Ако тоа е точно воопшто не е исплатливо.