Ја исчитав цела тема и никаде не сретнав некој да спомне за приватно смесување или хотелско каде е дозволено да се смести и домашен миленик. Дали има некој вакво искуство и дали има плажи каде што е дозволено да се влегува со куче? Ако има некој линк од хотелот или сместувањето кај што бил нека ми го пише во лична порака, бидејќи ние решивме дека дефинитивно одиме
Девојки што сте биле со кола до Ксамил, кој пат е најдобар? Преку Албанија знам дека е лош, ама за преку грција има 2, еден со тоа cable ferry по кој да одиме?
И ние се двоумиме за патот, дали да одиме со автобус или со кола преку Грција, разликата е некаде 1000-2000 ден. со кола, ама побрзо ќе стигнеш, поубав патот, што знам... Ама па таму кој ќе му ја мисли секој ден, каде ќе ја паркираш, дрн мрн, дотаму патарини, граници, фери, чуда... се нервирам кога имам таков терет, да ја мислам колата, ја гребнал ли некој, ја чукнал ли некоје, бла бла... Решено е, ние одиме во Ксамил, мене ми е за плажата и водата, а сите ми потврдија дека се преубави, смештајот релативно евтин, храната преевтина, ми одговара, за 350 евра верувам дека не може да се истера полежерен одмор на море од овој, ќе видиме дали грешам. Не сакам гужви, не сакам бурен ноќен живот, дискотеки, сакам мирен пензионерски одмор, и што помалку Срби - тоа подобро, зашто се гласни, бучни и некултурни, кој како сака нека сфати, ама неподносливи се на одмор.
Нас ќе ни испадне пофтино со кола дека сме на плин. А имаме лимит за трошење преку сила 250 евра со се. Паркинг има во вилата, а и сите други што ги гледав имаа. Е сега не знам за патарините. Убаво ќе беше ако имавме друшто барем 4ца да сме. Ние треба и зелен картон да вадиме. Друго имаме. Уште да не ме заебе ова добиеново, чекам да ми дое...али ја сум баксуз може да се пролонгира. И да видиме што толку го фалат местото.... Која дата идете вие? Може ќе се најдеме
Најубав и најбрз е патот преку Грција, дефинитивно. Инаку, Sunshine, нели со регистрацијата на колата еднаш годишно добиваш и зелен картон? Или тоа само ако сакаш? Знам дека така е последниве две години.
И јас така ко да имав наслушнато, а испадна дека цената е 3700 ден. за цела година или 1700 ден. за 3 месеци, така од прилика... 570 км се возат за 6-8 часа максимум, дури и со влечкање дел од патот, а со автобус ќе фати минимум 10 - 12 часа. Па јас за толку стигнав до Истанбул со дупло поголема километража. Уште се думаме за превозот, за другото мање-више...
Дали некој што вејќе бил може да каже од прилика на 1 јули колку се движат цените било во приватен смештај или хотел,и дали подобро би било да одам "на слепо" да барам смештај или преку агенции?
Ние имаме зелен картон за колата автоматски со регистрирањето, можеби дека често одиме надвор од Македонија. Поевтино е вака, мислам. Инаку, колку ќе трае возењето до Ксамил многу зависи од патот, ама и од шоферот. Има разлика дали возиш по автопат или по селско патче. Плус, Албанците возат како луди, како да ќе нема утре, па мене и побезбедно би ми било да одам преку Грција. Кога бевме во Валона пред пет години, бевме сместени во апартмани некои си 20км после Валона, и често одевме до градот навечер. Многу ми беше страв, оти патот беше тесен, полна линија, а луѓево гајле си немаа, претекнуваа, брзаа, џанам по автопат возат
ние пред 3 год бевме во Саранда преку Далас Унион само превоз плативме али патот катастрофа до Ѓирокастро така ми се чини се викаше градот патот е саглам али после до саранда леллелеллелел,тесен пат се е планини спушти се симни се а возат 3000000 на саат едвај сум чекала да стигнеме а кога се вркавме преку Валона идевме ни тоа не беше нешто сјајно али за разлика од другиов пат ова беше писта а инаку Ксамил е многу мало градче на крај на Албанија после Саранда плажи има невероватни,песок бел ситен како на скупине острови и во морето е таков песеок и чиста е водата
Спојлер https://www.facebook.com/pages/%D0%A1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0-%D0%9A%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D0%BB-%D0%90%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8/207496942633205?fref=ts https://www.facebook.com/pages/Hotels-a ... 37?fref=ts https://www.facebook.com/pages/hotele-n ... fan_invite Ете линкови за во ксамил. Иначе ние не земавме со регистрација зелен картон зошто не знаевме дали ќе ни треба за оваа година. Сега мораме, а ќе ни трае до Март. Шоферот ми е супер за во Албанија знам како возат...Ама ако се стигнува за 6-8 саати преку грција ондак топ. Само не знам на граница како е, колку се чека, дали има гужва на Битола.
Да не знаете агенција што има превоз до ксамил од скопје? Јас неможам да најдам ако знае некој нека пише
ние лани сакавме да одиме на одмор во ксамил,албанија но ни кажаа дека патот бил многу лош и се предомисливме...
Дали може да ми каже некој (од оние што биле во Ксамил) дали е добар престојот, плажите, улицата, бидејќи многу ми кажаа демек не било добро, само плажите биле добри, немало струја, подобро во Саранда да сме биле сместени, било пусто во Ксамил, вака - така.. Ама ме интересира и вие што ќе ми кажете, затоа што стварно би сакала да одам таму летово.. И за патот да ми кажете, ми рекоа бил катастрофа а ќе идеме сами јас и дечко ми со кола не ми се иде, сепак ми е страв, за автобуска карта прашав била околу 60 евра повратна.. Секое искуство е добредојдено
И мене ме интересира нешто повеќе за Ксамил...оваа година планирам таму да одам. Има ли добри помирни плажи, има ли солидно сместување, па нека е и поскапо...и продавници нешто за shopping?
Мене една другарка ми кажа дека било многу убаво, дека плажите во Ксамил биле прекрасни, а во Саранда бил престојот супер (бидејќи она таму била сместена во хотел и плаќала 16евра од кревет, преку агенција) и имало за шетање (не многу ама имало за седнување за ручек, вечера, ресторанчиња), ноќен живот немало и плажата не била нешто посебна.. Имало некој голем супермаркет каде цените биле премногу евтини.. Е сега друга пак другарка ми кажа дека било катастрофа и во Саранда и во Ксамил, немало струја, се најлошо ми кажа не била ич задоволна.. затоа и пишав тука за да добијам уште некое мислење, за да си знам.. Ама и по слики што гледав во Ксамил плажите се рај..мирно место, баш за одмор и релаксација.. па сега здравје, јас планирам да идам со дечко ми околу 20-15 јули едно 10-15 дена..