Јас вечер одам, конечно дојде и тој ден, ќе ви раскажувам кога ќе се вртам....Се надевам ќе си поминам најубаво
Здраво Анушка. И ние сакаме да одиме оваа година во Ксамил во почетокот на Август (инаку, 2 пара сме), па ова што го пишуваш во врска со цената од 20ЕУР за апартман за 2 фамилии ми изгледа ептен примамливо. Ке може ли да ми дадеш точни информации каде се наоѓаат апартманите и дали навистина цената е 20 ЕУР за цел двособен апартман. Поздравче и ... очекувам одговор што побрзо.
чекаме да пишеш како е , особено ако одиш и до саранда и од там ме интересират информации поззз убаво да си минеш
Ајде чекаме да кажиш како било. Поконкретно ме интересира колку е сместувањето, пошто ние сме 2 пара.
За сите кои ме прашавте за смештајот - јас немам број од луѓето каде бев лани сместена, заборавив да земам, а и пишав дека седевме во Саранда, а преку ден одевме Ксамил со автобус. Затоа годинава ќе седиме Ксамил, на мене и на дечко ми ни е за добра плажа, море а не за шетање низ град или ноќен живот. За смештај немојте да се секирате, има многу вили, ние се што видовме лани беше чисто и многу пријатно, со клими, тв, постелнини се менува на секои 3 дена. Апартманите за два пара се најизводливи, пошто има дневна и две соби, кујна, вц... смештајот е отприлика 20 - 25 евра, значи од човек по 5-6 евра му доаѓа, преефтино. Е сега годинава евентуално јас мислам може до 30 да скокне цената ако има многу туристи, пошто како идат годините, се повеќе и повеќе го откриваат местово и нормално е со тоа и да скокаат цените, но дека се уште не е разработено како што треба, се уште се гради и се инвестира, мислам дека апартманите ќе си ја држат и годинава цената од 25 евра. И ние одиме пред 1ви август, накај 29 - 30.
Здраво луѓе. Ние сакаме да одиме во Ксамил на 14ти јули. Дали е препорачливо да одиме така и тамо да најдеме сместување???? Чекам искуства. И дајте линк од агенцијата Мередита
Јас со вереникот само што се вративме од Ксамил, престојувавме 10 дена во вила 50м од плажа, си поминавме прекрасноо воодушевени од буквално се ,плажите средени со бел песок чисти оджувани, водата тиркизна, мириса на сол премногу, јонско море е најубаво, јадевме во ресторани цените како кај нас, рибата на скара превкусна за 5евра, луѓето посебно фини , со струјата се беше во ред само еднаш снема во 10 дена и тоа еден сат некаде денски беше, ги посетивме островите многу се убави атрактивни, кој сака мирен релакцирачки одмор без ноќен живот местото е погодено без двоумење...еве слики од плажите
Прочитајте ја целата тема, не е многу страни Спојлер http://forum.kajgana.com/threads/kсамил.68223/ и ќе ја видите и другата страна на Ксамил- која дали две или три феминки ја спомнаа овде во темата, и видете слики какво е местото без шминка. И се` повеќе верувам во постот на Madlina дека песокот е вештачки, т.е. е дробен камен и од него водата е тиркизна, затоа што кога правам споредба со водата да речеме во Калитеа, тој простор, т.е. таа тиркизна боја е многу поголем, а овде е само на почетокот.
Ете ме. Се вратив вечерва. И искрено да ви кажам презадоволна сум. Местото е како селце, буквално за одмарање. Плажите се преубави, водата прекрасна. Струјата е супер, снема само 2 пати во 11 дена и тоа на 2 минути. Имаат пуштено нова линија сеа скоро па малце е раскопано. Доста е ефтино. Гиро 170 леки, мало точено пиво 100 леки. Само има една финта, никако плаќање со евра, така зимаат повеќе пари. На островите е преубаво и вреди да се види, малце е поскапо од гратчето ама сепак е поефтино од Скопје. Има и диско. Саранда не ми се допадна, хаос, гужва а и нема никаква плажа. Хотел до хотел, а до нив нема никаков пат, се е стрмно мислиш во секој момент ќе падне некој. Убава е само така за навечер за шетање и некоја забава. Мој совет, ако идете преку Игуменица, никако не идете до тоа сплавот, патот до него е крш, камен до камен со дупки и се така 15 км, за 15 км плус возиш по преубав пат, плус сплавот е 3 евра оваа година. Слики ќе се потрудам да ставам утре, зошто сега сум малце уморна од патот.
И јас сакав да одам оваа година Ксамил, но со некои искуства малце се двоумам а и некако превозот ми е скап затоа што ке одиме со автобус двајца сме и ни иди 120 евра. Ке одиме на 10 ти август па ако има некој што оди тој период со кола нека пиши па ако сака можи да напрајме да делиме за пат и ај уште некои искуства од оваа година тие што беа
Каква е состојбата со комарци? Ги има премногу или се во "нормала"? Исто така за лежалките, дали е тешко да се најде место, колку чинат? Состојбата со паркинг во Саранда или подобро е со автобус да се оди?
Затоа од рекла-казала муабети никогаш не се живее, колку и да читаш различни искуства додека не појдеш, видиш со свои очи и не се увериш, не можеш да се потпираш на туѓи мислења, какви и да се. Колегите на татко ми десетина години наназад задолжително одат во Валона, Саранда и Ксамил и самите признаваат дека тие луѓе таму немаат никакви допирни точки со овие нашиве тука. Било руинирано, било со шминка... тоа е туристичко место кое допрва почнува да се развива, не знам какво очекувате да биде... Суто Море е туристичка дестинација од памтивек, па е вистинско село, да му е с`клет на човек што им дарил Господ така убаво море, зашто они не знаат да мрднат со прст да одржување и унапредување... Преспа да не е подобро или можеби Куба Либре, каде што нема бањање во тоа калта и муљот, туку само фрцкање по штиклици... Јас одам и ветувам дека ќе се вратам со искрени коментари, нема да лажам и нема да преувеличувам или измислувам ако толку е одвратно (што не верувам дека ќе биде), со оглед на моите хорор искуства во Охрид и Преспа итн. Плус, бидете реални, многу јасно е дека Ксамил нема да е Бодрум или Мармарис... затоа тука со 300 евра ќе си поминеш без стискање, а во Турција немаш солиден аранжман под 550 евра. Кога се` ќе се премери на кантар верувам дека и те како вреди.
Комарци има многу, јес да ја и не сум искасана многу. За лежалки лесно се наоѓаа ама од денес почнува сезона и не знам како ќе биде сеа. Во саранда има за паркинг ама не и преку викенд. имаше една плажа во ксамил беше празна цело време.
Пеперутче колку плативте за престојот? Јас и дечко ми ќе идеме на 24-5 планираме 10-тина дена да седиме.. И ако може да ми кажеш дали идевте преку агенција за превозот или со кола бевте? Ние планираме да идеме со автобус, па и некој друг ако сака да ми препорача агенција за превозот бидејќи не ми се сите сигурни..