Ксамил (Албанија)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од T-At, 2 јули 2011.

  1. Libra88

    Libra88 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2012
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    2.993
    И уште нешто да те прашам, дали на плажите кај што се лежалките можеш да одиш со свои лежалки бидејки ние имаме веке, па да не ни биде џабе носењето..
     
  2. Madlina

    Madlina Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    301
    ^ Плажите во Ксамил се многу мали, така да нема каде да се стават сопствени лежалки и чадор, џабе ќе ви биде носењето.
     
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    583
    Ја би ти рекла да не носиш, зошто нема место кај да ставиш. Не знам дали ќе ти кажат нешто ама стварно, преполно е а сега им е и сезона, плус за викенди има уште толку гужва.
     
  4. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Кој ќе оди во Ксамил или Саранда, обавезно да ја посети плажата Бора Бора.. Убавини! Романтика и природни бои и убавини во едно. Бел песок и чиста тиркис вода... Најладната вода во која сум влегла во јули месец, ама нема шанси да и одолееш.
     
  5. Kikobitola

    Kikobitola Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravo, i nie sme dvajca od Bitola i planirame toa vreme (28mi) da odime za Ksamil, pa kazete ako sakate ke se dogovorime nesto, mozi da go delime prevozot.

    pozz
     
  6. MiniMouse7391

    MiniMouse7391 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    30
    Годинава планираме да одиме на летување во Ксамил. Бидеќи не можам (а и не сакам) да одам преку Грција, би ве замолила да ме посоветувате по кој правец да одиме (со кола):
    преку Стење или преку Ќафасан.
    Би сакала да ми кажете и за цените на апартманите (брачен + 2 единечни кревети).
    Исто така ме интересира дали по плажите од Ксамил е обврзно користењето лежалки !!!
    Благодарам !
     
  7. KataSokata

    KataSokata Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Kiko daj da se slusnime i da se dogovorime
     
  8. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
  9. male

    male Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Ние планираме да одиме преку Ќафасан, па ќе видиме, одиме накај 1-2 август...
    Навистина ајде некој нека каже дали на плажа може да си поставиме наши пешкири и чадори, пошто ние од тука ќе си носиме, бар да знаеме да не ги мкнеме по нас...фала :) :*
     
  10. pavlinapale

    pavlinapale Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Нема место за до постелиш пешкир, ние лани бевме Саранда ама одевме и Ксамил 3 4 пати и си плајќавме 2 лежалки и чадор незнам точно колку пари беше, ама бевме 4 ца и женските на лежалка машките на земја :) и ништо не ни рекоа ама како и да е мораш да платиш лежалка :?:
     
  11. vestra

    vestra Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Вечерва се вративме од Албанија. Само позитивни искуства и оваа година!

    Сместени бевме во Саранда јас и дечко ми и плаќавме 27 Е дневно за двајцата. Поефтино се наоѓа, но малку подалеку од центарот, што баш и не е сеедно кога се работи за Саранда, заради место положбата на градот.
    Имавме спална соба, дневна соба во која беше и кујната и уште еден кревет, купатило и две тераси. Веднаш до Алфа маркет и на 5 минути од плажите Африка и Алоха и од самиот центар на Саранда.

    Два пати бевме и во Ксамил, но мислам дека Ксамил почнале да "пуцаат високо" во однос на цените ова лето. Лежалките беа 500 леки, а на Алоха во Саранда 300 или на Андон Лапа 400.
    Плус во Ксамил шанса нема каде да ставиш лежалка или крпа, лежалките им се збиени една до друга, што ако сакаш после стомак да сончаш грб, мора да пазиш да не го удриш тој од соседната лежалка.

    Целиот одмор јадевме во ресторани, а цените во Ксамил за истата пица што ќе ја јадеш во Саранда покрај море во пицерија беа со 200 леки најмалку повисоки.

    Порција свинско на жар (две кременадли со гарнир) во Ксамил беше 650 леки, а во Саранда истото е 450 леки. Цените на морската храна беа исти.

    Во споредба со лани малку тоа ме изнервира и не отидовме повеќе во Ксамил.

    Лани плажата Африка беше преубава со ситни камчиња, а годинава морето го направило своето и истата не личеше на себе со крупни камења да ти се одмили влегувањето во море. Затоа за тие што планираат да одат во Саранда, топло ви ја препорачувам плажата на хотел Андон Лапа1. Водата и плажата прекрасни, услугата на плажа беспрекорна, лежалките со чадор чинат 400 леки, а имате можност за поставување на свои.

    Македонци во Ксамил и Саранда врие и летово:) Саранда е прееееполна со парови од МКД, а Ксамил претежно со фамилијарни Македонци.


    Како и да е на сите скептици во однос на летување во Албанија, им препорачувам да ги спакуваат куферите и да не му ја мислат многу или нека одат за мене на работа, јас пак ќе летувам таму уште утре:)))
     
  12. vestra

    vestra Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    На Joci-lala му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mila2013

    mila2013 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    0
     
  14. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    583
    Не, сместување најдовме од тука. Имам линкови постирано. Крстарење има од Саранда ама е многу скапо 28 евра од човек во еден правец значи 56 во 2та а само те носи и враќа. Што се однесува до лежалките во Ксамил има и за 400 леки. Цените се различни ради популарноста на плажата. Најскапо беше на островите 600 леки. Ама ние бевме почеток на јули, не знам сега дали е исто или поскапено. И уште еднаш ќе напоменам, не плаќајте со евра така зимаат повеќе.
     
  15. Joci-lala

    Joci-lala Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0



    Здраво девојкии :)) И јас со дечко ми планираме да идеме оваа година во Ксамил на одммор.. гледавме понуди и стварно се многу ефтини... најдовме понуда за 30 август за 98 евра со појадок,и уште 60 евра се доплаќа за повратна карта... многу е ефтини стварно :) Гледавме понуда за Хотел Мурати... па може ли некој да ми каже дали бил таму,дали тие убавите плажи што ги зборувате се блиску? :)
     
  16. Joci-lala

    Joci-lala Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0

    А преку која туристичка агенција бевте во Саранда? :) може линкче :D фала однапред :)
     
  17. Joci-lala

    Joci-lala Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Гледам многу позитивни коментари за Ксамил и многу ме израдува тоа :) Бидејќи ова лето планиравме со дечко ми прво да идеме за Грција, ама после дознавме дека и во Саранда билоо убаво... па побаравме некој понуди и имаше доста примамливи понуди и ефтини за Ксамил. И од тогаш ни одпадна опцијата за Грција хаха :lol: Така сеа сакаме да идеме за Ксамил.. Викаат дека мирно било местото и водата била прекрасна.. Нас побитно ни е плажата и водата да се добри одколку смештајот... идеме да се одмориме а не да се журкаме.. нормално ке искочиме ама до некој кафич или ресторан :) Па најдовме една понуда за во Ксамил во Хотел Мурати... па ме интересира дали некој бил таму во тој хотел,или во близина на хотело.. дали убавите плажи се блиску до хотело :) Чекам одговори :)
     
  18. lolly-1

    lolly-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    Kаков беше ноќниот живот? :)
     
  19. male

    male Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    да ве прашам дали носите со вас прибори за јадења, тенџериња, тањири, чаши..како се опремени во тоа поле апартманите и студијата?? незнам дали да носам, а планираме таму да си готвиме..т.е од тука јадење да си носиме и слично.... совет :wasntme:
     
  20. vestra

    vestra Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4

    Немам појма да ти кажам искрено :) Ниту лани ниту годинава не бевме заинтересирани за дискотеки, единствено лани останавме после полноќ кога бевме на калето над Саранда:) Инаку до полноќ бевме дома.

    Стандард одевме на вечера околу 21, а после вечерата во некое кафуле на пиво или на frozen ice cake :))

    Во Саранда одморот ни беше праввв одмор