Верувале или не, постојат симптоми што можат да се појават кај идните татковци за време на вашата бременост.Да, можеби сте изненадени на прв поглед, но татковците ги чувствуваат промените кога ќе забремените. Што е синдром Кувада? Според клиниката Мајо, синдромот Кувада се јавува и кај целосно здрави мажи кои очекуваат бебе. Овие симптоми не се третираат како ментални проблеми, а научниците посочуваат дека тие можат да бидат навистина вообичаени. Овој синдром опфаќа широк спектар на симптоми - и ментални и физички. Најчести физички манифестации се гадење, металоиди, болки во стомакот, проблеми со дишењето, грчеви во нозете, болка во грбот, инфекции на уринарниот тракт, па дури и главоболки. Психолошките симптоми можат да бидат намалено либидо, немир, но и вознемиреност и депресија. Експертите за ментално здравје ја разгледале хипотезата дека ова може да се случи поради љубомора и неможност да се роди дете, но можеби и вина за да се направи таква промена кај нивниот партнер. Една психолошка теорија го истакнува проблемот со маргинализација на мажот за време на бременоста на жената. Постојат многу теории, но ниту една не е медицински докажана. Понекогаш се верува дека подобрата подготовка на маж за татковство, како што е учество во пренатални часови, доведува до појава на овој синдром. И покрај многу истражувања, овој синдром се чини дека е поврзан со нивото на хормоните, пред се тестостерон. Многумина ја поврзуваат оваа состојба, особено кај мажите кои за прв пат ќе станат татковци, со меѓучовечки борби, што може да биде неверојатно стресно поради мешани чувства. „Дефинитивно има многу фактори кои се вклучени“, рече д-р Ролс Готсфилд. "Луѓето имаат различни животи, но исто така и стрес. Некои може да бидат повеќе склони кон хормонални промени за време на бременоста на партнерот." Промените што се случуваат, но исто така очекуваат и двајцата партнери може да бидат навистина стресни, така што не е чудно што тие водат до физички и ментални промени. Лекарите посочуваат дека е многу важно двајцата партнери да бидат свесни за постоењето на овој симптом. Важно е да имате добра и отворена меѓусебна комуникација, но и да се консултирате со лекар доколку е навистина неопходно. Според клиниката Мајо, синдромот Кувада се јавува и кај целосно здрави мажи кои очекуваат бебе. Овие симптоми не се третираат како ментални проблеми, а научниците посочуваат дека тие можат да бидат навистина вообичаени. Овој синдром опфаќа широк спектар на симптоми - и ментални и физички. Најчести физички манифестации се гадење, киселини, болки во стомакот, проблеми со дишењето, грчеви во нозете, болка во грбот, инфекции на уринарниот тракт, па дури и главоболки. Психолошките симптоми можат да бидат намалени либидото, немир, но и вознемиреност и депресија. Експертите за ментално здравје ја разгледале хипотезата дека ова може да се случи поради љубомора и неможност да се роди дете, но можеби и вина за да се направи таква промена кај нивниот партнер. Една психолошка теорија го истакнува проблемот со маргинализација на мажот за време на бременоста на жената. Постојат многу теории, и ниту една не е медицински докажана. Понекогаш се верува дека подобрата подготовка на маж за татковство, како што е учество во пренатална часови, доведува до појава на овој синдром. И покрај многу истражувања, овој синдром се чини дека е поврзан со нивото на хормоните, пред се тестостерон.Многумина ја поврзуваат оваа состојба, особено кај мажите кои за прв пат ќе станат татковци, со меѓучовечките борби, што може да биде неверојатно стресно поради измешаните чувства. „Дефинитивно има многу фактори кои се вклучени“, рече д-р Ролс Готсфилд. "Луѓето имаат различни животи, но исто така и стрес. Некои може да бидат повеќе склони кон хормонални промени за време на бременоста на партнерот." Промените што се случуваат, може да бидат навистина стресни, така што не е чудно што тие водат до физички и ментални промени. Лекарите посочуваат дека е многу важно двајцата партнери да бидат свесни за постоењето на овој симптом. Важно е да имате добра и отворена меѓусебна комуникација, но и да се консултирате со лекар доколку е навистина неопходно. Дали сте имале искуство со вакво нешто ? Јас мислам дека имав . Маж ми , ај што беше поспан , имаше и променливо расположение и голем , гоолем апетит . Јадеше за тројца . Не знам колку ова спаѓа во симптоми на бременост , но како трудница јадев обилно и некои чудни комбинации на храна , нешто што во нормала не би јадела . Текстот е преземен од ringeraja.mk П . С . Ако темата е глупава , не поттикнува дискусија и/или е тотално непотребна , канта .
Каква случајност да се отвори баш ваква тема Јас сум бремена 7 месец, се имам поправено 10 кила, исто и маж ми. Некогаш има киселини, се жали на болки во грбот. Јас го тешам, му викам ај ќе се породиш уште малку Јас какви киселини, грчеви, отоци на нозе, несоници, мокрење по 10 пати навечер па ништо не сум спомнала... Кога ќе го слушнам како се жали смешно ми е, како хормони него да го маваат одвреме навреме
Јас цела бременост имав киселини и повраќа, а маж ми во живот немал проблем со киселини ама јас додека бев бремена и он имаше цело време само што он не повраќаше, заедно си пиевме сода навечер. Исто некогаш го фаќаше стрв за одредена храна, и кога ќе го умислеше тоа мораше да јаде, цело време го зафркавав не се знаеше кој е труден кај нас дали он или јас.
Синдром и мерило кои се показатели за тоа колку таткото ќе биде наклонет кон своето идно дете. Колку ќе пружи љубов, емпатија, разбирање и родителска грижа. Воедно мерило колку ја сака својата партнерка и колку длабоко се сочувствува со еден од најкритичните периоди од животот - нејзината бременост. Ако имате ваков сопруг ,,благословени" сте.
Не знам дали Nesting синдромот спаѓа во груоава ама мм го имаше. Ја уопште немав дури отидов на порашај со пола несредени и неиспеглани алишта кои на него му беа оставени. Мене ме фати мрза и за средување и за се. А он како трудна жена што викаат пеглаше, средуваше, диплеше. Мене болки ме фаќаат он готово тука емоции
хахахах темава ме потсети на една епизода од др. Хаус , пустиот сопруг и симптоми и свашта имаше , со трудната седи во соба она болки он седнат на стол се препотува пустиот офка се онесвестува и двајцата викаат во дует реално постои како синдром со реални симптоми , реални промени биолошки , кај нас мислам ги нема .....
Мојот ништо нема, дури кога офкам ја не го интересира. Спие јаде, пие се нормално.. Дури еднаш се жалев на мајка ми, јас се откорнав од повраќање и викам, а маж ми ужива и ќе си добие дете И ми вика "Па шо да не сакаш и тој да повраќа" @Milkiway Е за ова не знаев, ама изгледа мене тоа ме има фатено во последно не само за бебето што средувам, станот ми сија како никогаш до сега, ете и тоа било некаков синдром.
И мојот ко твојот не е труден. Хахаха. А мене почнува да ме фаќа синдромот за средување, денес исправ се за бебето. Наместив торбица за во болница. Утре креветчето да се монтира и генералка уште една низ стан.
Ова интересен феномен богами... Јас трудна ретко сум стрвна на нешто ама затоа маж ми стана стрвен за 5 трудници. Има и он веќе болка во колкови и препони што ми е најсмешно . И за разлика од мене не бил љубител на благо а откако сум јас бремена само нешто меле, само му текнува те за баклави, локуми, чоколади секој ден почна да јаде. Има нешто во ова...
Јас бев трудна 42ра недела, како слон и нервозна од болки и контракции, маж плачеше до мене. Јас се дерам, он плаче. Шознам..
Чичко Гугл вели дека сепак постои ваков синдром . Мене случајно ми излезе на фб статија и ми се виде интересна за да ја отворам и прочитам .. и го најдов мм таму во некои делови . Стрвен си е и кога не сум бремена , особено си е по благото , може 5 милка чоколади да изеде во еден ден . Ама затоа спиеше и јадеше за тројца , нешто што за него не е нормално . Обично јаде обилно , но не за тројца . Околу спиењето , во нормала легнува околу 24 часот , а во 05:30 е веќе на нога . Додека бев бремена , легнуваше во 19 часот , пет пати се будеше и каснуваше ноќе , а стануваше во 06:20 ( одвај ) ептен што мораше да оди на работа инаку верувам уште би спиел . Тој беше повозбуден за породувањето од мене . Откако ми помина терминот , почна да паничи и да вика да го вадиме бебето со провокација . Свекрва ми вика : " што будала си , па не ти е на дугме детево бе алоо , не ќе го вадиме со сила сега чекај плус 5 дена ќе видиме како ќе биде , си има доктор за тоа " . Едно време загледуваше бебешки работи по излози ама му помина тоа , на почетокот го фати . Се поправи едно 10 кг ( па после го тераа од на работа да ги симне ) . Сигурно го имал синдромов , само не беше дијагностициран .