Мислам дека серијава заслужува тема. Според мене предобра серија, премногу интересна и смешна. Сите ликови ми се приказна за себе. Сите ги обожавам, а најмногу Ели и Џулс. Прејака ми е серијава. Инаку станува збор за комедија во која главни ликови се: Џулс, Ели, Енди, Лори, Грејсон, Боби и Травис кои уште се нарекуваат и ''уличната банда'' . Има премногу интересни моменти, дијалози, случки. Дефинитивно вреди да се гледа серијава. Досега има излезено 4 сезони, а петата се очекува наесен. Дали некоја од вас ја гледа или ја има гледано серијава? Што мислите за неа? Јас моментално ја завршувам трета сезона и ви ја препорачувам серијава.
Кугар Таун(Cougar Town) Мене Ели почна да ме нервира, се едно исто. Др. сите се кул, а Грејсон е доста згоден
Кугар Таун(Cougar Town) Јас ја имам изгледано само првата сезона цела, втората стигнав до пола и ја оставив, некако не беше за мене. Јас сум sucker за хумористични серии, ама оваа ми беше некако не доволна, барем тогаш. Штом сум ја почнала ќе ја догледам кат-тат, не остаам серија што сум ја загледала со сезони, така и оваа. Според мене има доста посолидни комедии, што не се исфорсирани. Ликчињата сами по себе се океј сите, од лудата вработена Лори, до комшиката со мажот(кој ми е очаен папучар но нема врска) и синот ми е океј лик, можда бившиот маж не им требал во приказнава но како ликови се океј. Настаните се некогаш малку досадни, барем мене брзо ми здосадија. Се на се, просечна комедија.
Кугар Таун(Cougar Town) Прва сезона цела ја има на јутуб. http://www.youtube.com/watch?v=oDeZH_l752c Од страна ги има одма следната, 2, 3, 4 eпизода итн... Втора сезона мислам дека ја нема на јутуб, барем јас тогаш не ја најдов.