1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Куглов

Дискусија во 'Рецепти' започната од Tikve, 31 јули 2010.

  1. Tikve

    Tikve Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    4
    Девојки ајде напишете како го правите кугловиот колач. Имам и калапче и се но незнам за тестото. Јас го правам со обичен пандишпан, но ако има некој друг рецепт слободно повелете :*
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    Благ куглов и јас правам со пандишпан. Може и да го направиш со пудинг, ама ќе ти требаат повеќе кесички зависи колкав е кугловот, само остави го да се олади и да се стегне .
    Солен куглов имам правено со палента, пред да ја истуриш во кугловот стави во палентата крупни парчиња сиренце, нека се излади, и со мала декорација изгледа прекрасно а и вкусно е.
     
  3. Tikve

    Tikve Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    4
    Тнх. баш ќе пробам :) :*
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.360
    Допаѓања:
    200.707
    Пол:
    Женски
    Irenna, добра ти е идејата за солен куглоф... не ми текнало, а толку време го правам. Ај баш ќе пробам да го направам со тесто за проја, мислам дека баш добро ќе испадне. Фала за идејата.
    Инаку, благиот куглоф и јас го правам со основното тесто за пандишпан - јајца, шеќер, масло, брашно, прашок за пециво... после го делам на два дела, во едниот ставам какао и го истурам врз другиот дел, па му доаѓа нешто како мраморен колач. Исто, ставам ореви, бадеми, лешници, суво грозје, се разбира по желба, а некогаш го преливам со растопено чоколадо. Чисто да сменам, да не е само со шеќер во прав.
     
  5. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    117
    jas projata sekogas ja pecam vo kuglov, samo prvo go premackuvam so margarin ili zejtin i go poprskuvam so susam,
    a za blag eve eden ednostaven recept
    1 jajce (se mati so viluska kako za przenje) 1 casa mleko, pola casa zejtin, dve casi brasno, 1 casa seker, 1 mala lazicka soda bikarbona (moze i pecivo) 3-4 lazici marmalad (najubav mi e od modra sliva) i po zelba seckani orevi, krsena cokolada i sl. odtkako ke se ispece go premackuvam so krem ili marmalad i go poprskuvam so meleni orevi ili rendana cokolada (posebno ubavo izgleda so agrokrem blok-onaa crno bela)
    probajte pa pisete dali vi se dopadja
     
  6. Tikve

    Tikve Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    4
    Ова баш го пробав вчера, и е многу вкусно:) тнх за рецептот :*
     
  7. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Јас го правам овој рецепт : Се матат 3 јајца и се додава еден филџан варен исецкан морков,1 фил. магдонос,1фил.сецкана салама,1 филџан рендано или сецкано сирење,1 јогурт(мало канче),1 канче зејтин,9 лажици брашно и едно пециво.Калапот се мачка со зејтин и се посолува со сусам ,а потоа се става смесата. Пробајте ;)
     
  8. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    elygj , зејтин цело канче се става ? И за јогуртот да прашам , канче од 500 мл, или мало како павлаките од 200 мл ?
     
  9. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Мало канче јогурт,значи ваљда 200мл и исто такво канче зејтин
     
  10. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    Фала elygj, ќе го правам наскоро , па ќе пишам дали ми успеал рецептот. Ако е успешен може и сликичка да постирам :)
     
  11. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Куглоф со вишни

    Потребно:
    - 3 jajca
    - 9 лажици брашно
    - 9 лажици шеќер
    - 9 лажици масло
    - 9 лажици млеко
    - 1/2 прашок за печиво
    - 2 ванилин шеќер
    - кора од еден лимон
    - шака сечкани ореви
    - 150 гр. вишни
    ______________________________
    Ги кршиме јајцата и ги раздвојуваме белките од жолчките. Жолчките ги матиме со 6 лажици шеќер, го додаваме ванилиниот шеќер, кората од лимон, млекото, маслото, брашното и прашокот за печиво. На крај ги додаваме белките кои претходно сме ги изматиле со 3 лажици шеќер. Калапот за куглоф го премачкуваме со масло и го набрашнуваме и ја истураме смесата за тестото, па ги додаваме оревите и вишните.
     
    На teodoricaa, koritsaki и cvetanoska им се допаѓа ова.
  12. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Не сум правела до сега куглов, а много го јадам ;)
    Сакам да го знам тој рецептот што е и бел и црн(мислам така чоколаден)
     
  13. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.768
    Допаѓања:
    18.264
    Пол:
    Женски
    Јас го правам многу често па еве ти го рецептот:
    3 јајца
    1 чаша шеќер (чашата е од 200 мл)
    1 пециво
    1 ванилин шеќер
    1/2 чаша зејтин
    1/2 чаша млеко
    2 чаши брашно
    2 лажици какао

    Јајцата и шеќерот убаво се матат да се добие смеса скоро како шлаг,а потоа се додаваат сите други состојки(освен какаото) една по една со постојано матење.Се подмачкува садот за печење и се става смесата,но не цела малку оставете и во неа додадете го какаото.Белата смеса ставете ја во рерна на 200степени и за 2-3 минути извадете го садот и додадете ја смесата со какаото.Потоа оставете го колачот да се допече отрпилика за половина час ќе биде готов,проверувајте си со чепкалка.
    Заборавив да напоменам кога ќе треба да ја ставите смесата со какао претходно со чепкалка малку расчепкајте ја белата смеса зошто ќе има фатено како коричка и така нема да мозе црната смеса да навлезе и да се добие шара,па така прво тргнете го тој слој па додадете ја црната смеса.Инаку ако немате куглов овој колач супер излегува и во правоаголен тесен сад.позз
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  14. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Куглов

    5-6 јајца
    250гр шеќер
    250гр ореви сецкани
    200гр суво грозје
    1 кесичка прашак за пециво
    300 гр брашно
    Се меша убаво и се пече
    Лесно и вкусно ;)
     
  15. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Мајка ми прави солен куглов. Незнам како го прави важно лижам прсти мммм... :)
     
    На cvetanoska му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cvetanoska

    cvetanoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    8
    Ako pravi ajde prasaj ja i kazi ni ........:) i nie da lizeme prsti
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Еве рецепти за солен куглов :)

    4 јајца се матат со малку сол, потоа се додава :
    1 филџан кисело млеко
    1 филџан зејтин
    1 филџан сецкана салама
    1 филџан дробено сирење
    1 филџан варен морков
    малку сецкан магдонос
    15-18 лажици брашно
    1 пециво
    Сето ова се меша и се става да се пече. Може да се филува по желба со мајонез, павлака.

    Еве уште еден

    300гр брашно
    3 јајца
    250гр јогурт
    1 филџан зејтин
    1 пециво
    Малку сол, по желба се става салама сецкана, дробено сирење. Се заедно се меша и се пече.
    Пробајте :)
     
  18. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    еве по овој рецепт :)

     
  19. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Kолку се израдував дека има тема за куглов ^_^ си препишав рецепти од тука,едвај чекам да направам солен куглов :mm: еве од мене некои,ова ми е омилена торта :)Toрта со кафе 6 јајца,1чаша шекер(од оние за чај)пола чаша масло,пола чаша кокос,1 пециво,1 чаша брашно,пола чаша нескафе,пола чаша какао(несквик)мешате убаво,и ставате да се печи.... Tорта со јагоди 5 јајца,5 филџани (мали)шекер,1 филџан масло,1 филџан кисела павлака,6 филџани брашно,1 пециво,1 ванила,5-6 јагоди,или џем од јагоди(јас ставам 3 лажици),потоа мешате и ставате да се пече јас овие торти ги мешам со ова...лажица
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Денес ми тргна со рецепти.. :lol:

    Мој куглов (поим немам како се вика), а и мерките ми се малку луди (во чаши) :lol:

    4 јајца се матат со 300 грама шекер, се додава една чаша млеко (за чај чаша), пола чаша масло, 2 и пол чаши брашно,1 пециво и 2 лажици какао. По желба може да си додадете и суво грозје, кршено чоколадо, бадеми, било што. Сето ова го мешате и печете во подмачкан куглов и посипен со брашно. :inlove: Многу е вкусен, глава давам. :!:
     
    На duffi и koritsaki им се допаѓа ова.