Легендата вели дека многу одамна во селото Куклица се случила голема трагедија. Момчето, во кое една девојка била бескрајно вљубена, се оженило со друга, поради што разочараната девојка ги проколнала младенците. Кога дошол свадбениот ден, навидум се било во ред: се собрале сватовите, стасале и другите гости, веселбата почнала. Во моментот кога младенците се бакнале, клетвата се остварила и сите свадбари се скамениле. Скаменетите свадбари и денес сведочат за гневот и за болката на несреќната девојка. Селаните го викаат местото "Весела свадба" зашто сватовите останале насмеани, а младенците се скамениле во нежна прегратка. Поради овие скаменети "кукли", и местото го добило своето име - Куклица. Го имате посетено местово? Ве молам, споделете ги вашите импресии. Јас имам одено многу пати, и секој нареден пат ми е убаво искуство. Дефинитивно, совршенство на природата. Според мене, едно од must see местата во земјава. Инаку, во близина има и ресторант 'Куклица етно'. Преубаво уредено место, фина храна и пристапни цени.
Ресторанот Етно Куклица таму ли е, во селото или во Кратово?Блиску ли се куклите до ресторанот?Цените како се, услугата во ресторанот?Споделете искуства ако сте биле и колку е далеку селото од Кратово?
Ресторанот се наоѓа на неколку минути од местото каде што се наоѓаат камените кукли, храната е преубава , а цените се многу пристапни сок 50 , кафе несс 50 итн , услугата е перфектна https://www.facebook.com/KuklicaEtno?fref=ts . Инаку ресторанот и куклите се некаде на 25 минути возење од кратово . Пиши ми друго нешто ако те интерсира .
Јас бев претходниот викенд работно нели, ама дечкиве од Куклица Етно се топ! Искрено се запрепастив од вниманието и услугата. Малку не ми се допадна затоа што немаа мед за со чајче, ама нејсе. Тоалетите им се супер чисти, со освежувачи, со се! Амбиентот им е топ, ми се допаѓа градината со детското катче. Од куклите е оддалечен 5 минути, луѓево си ја знаат работата дефинитивно, уште да го збогатат менито со некои финеси и ќе им дадам 10ка!
Убаво место. И јас го препорачувам да го посетите. Само не ми се допаѓа што околу куклите имаше отпадоци, ама тоа е нашата култура.
Интересно место со своја легенда, добро е да се посети, посебно што сега таму има и етно-ресторан, така што посетата би била уште поинтересна.