1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Куклица

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од sadgirl21, 30 јуни 2014.

  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Легендата вели дека многу одамна во селото Куклица се случила голема трагедија. Момчето, во кое една девојка била бескрајно вљубена, се оженило со друга, поради што разочараната девојка ги проколнала младенците. Кога дошол свадбениот ден, навидум се било во ред: се собрале сватовите, стасале и другите гости, веселбата почнала. Во моментот кога младенците се бакнале, клетвата се остварила и сите свадбари се скамениле. Скаменетите свадбари и денес сведочат за гневот и за болката на несреќната девојка.

    Селаните го викаат местото "Весела свадба" зашто сватовите останале насмеани, а младенците се скамениле во нежна прегратка. Поради овие скаменети "кукли", и местото го добило своето име - Куклица.



    Го имате посетено местово?
    Ве молам, споделете ги вашите импресии. :)

    Јас имам одено многу пати, и секој нареден пат ми е убаво искуство. Дефинитивно, совршенство на природата.
    Според мене, едно од must see местата во земјава.
    Инаку, во близина има и ресторант 'Куклица етно'. Преубаво уредено место, фина храна и пристапни цени.
     

    Прикачени фајлови:

    • 4dK2LJ5.jpg
      4dK2LJ5.jpg
      Големина на фајлот:
      357,5 KB
      Прегледи:
      71
    • hHtcbEr.jpg
      hHtcbEr.jpg
      Големина на фајлот:
      469 KB
      Прегледи:
      70
    • vrX9HVP.jpg
      vrX9HVP.jpg
      Големина на фајлот:
      411,7 KB
      Прегледи:
      71
  2. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.452
    Пол:
    Женски
    Го имам посетено еднаш, интересни се куклите.
     
  3. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Јас се мислам 2 години уназад да го посетам, али тешко иде. :rofl::rofl:
    Да затопли и таму сум. ]:)
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Ресторанот Етно Куклица таму ли е, во селото или во Кратово?Блиску ли се куклите до ресторанот?Цените како се, услугата во ресторанот?Споделете искуства ако сте биле и колку е далеку селото од Кратово?
     
    На irina.007 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. irina.007

    irina.007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    76
    Ресторанот се наоѓа на неколку минути од местото каде што се наоѓаат камените кукли, храната е преубава , а цените се многу пристапни сок 50 , кафе несс 50 итн , услугата е перфектна https://www.facebook.com/KuklicaEtno?fref=ts . Инаку ресторанот и куклите се некаде на 25 минути возење од кратово . Пиши ми друго нешто ако те интерсира .
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Јас бев претходниот викенд работно нели, ама дечкиве од Куклица Етно се топ! Искрено се запрепастив од вниманието и услугата. Малку не ми се допадна затоа што немаа мед за со чајче, ама нејсе.

    Тоалетите им се супер чисти, со освежувачи, со се! Амбиентот им е топ, ми се допаѓа градината со детското катче. :)

    Од куклите е оддалечен 5 минути, луѓево си ја знаат работата дефинитивно, уште да го збогатат менито со некои финеси и ќе им дадам 10ка! :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Убаво место. И јас го препорачувам да го посетите. Само не ми се допаѓа што околу куклите имаше отпадоци, ама тоа е нашата култура.
     
  8. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Интересно место со своја легенда, добро е да се посети, посебно што сега таму има и етно-ресторан, така што посетата би била уште поинтересна.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Brinetka и 5 други им се допаѓа ова.