Прочитај на кесичката од задната страна Ама ај за секој случај да ти пишам . 1/2 литар млеко ќе го ставиш да се загрее .Пред да го ставиш да се грее ќе ставиш во чаша или чинија 5-6 лажици од млекото и прашокот за пудинг.Убабо раствори го прашокот во млекото.(мешај со лажица додека не стане еднолична маса без грутчиња)Додај 2-3 лажици шеќер и додај ја смесата во зовриеното млеко со постојано мешање .(намали ја јачината на ринглата )Мешај со жица или ако немаш со лажица,ама убаво и постојано да не ти се направат грутчиња. Вари го околу 2-3 мин. Се надевам ќе ти успее експериментот
Деца,абе да ви напраам еден домаќински муабет. Како чоколадната глазура на торта,да биде тврда баш како чоколатце,а не да ми биде мека?! М?! Онака да стопам,полеам и да биде цврста после,крцкава.
^ На мајка ми секогаш и е тврда,крцкава, ама нема некоја посебна тајна, најобично на тивко топи чоколадо за готвење количински зависи колку ти треба, претходно во садот каде што ќе го топиш малце зејтинче и толку. Ти како ја правиш?
Јас глазурата ја правам вака и ми е крцкава и тврда: 100 гр чоколад 3 лажици млеко и околу 1 лажица маргарин
Мене секогаш ми испаѓа тврда, а ја правам на стандарден начин. Ставам малку маргарин да се стопи , скршена на коцки чоколадата за готвење . Кога ќе се излади се стврднува. А јас би сакала да знам како да испадне да не биде тврда? Мислев ако ставам зејтин , ама не помогна
ДА исто и јас така ама најбитен дел е каква е чоколадата. Најдобри се Менаж,онаа од Кам маркет i на Краш. Се топи на тивок огин со зејтинче со постојано мешање.
За да не биде многу тврда една лажица млеко и маргарин или какао кремот на Свислајн не се зацврстува многу .
Девојки, поради одредени причини немам веќе кујнска вага, па би ве замолила да ми кажете како да измерам 1 килограм брашно ? Колку лажици/чаши, штодае, ми требаат за да биде 1 килограм?
Чашите се 250 мл. а грам и мл. не е исто, побарај го соодносот некаде на нет и тогаш мери со чаша... Едит-Грешка, исто било сега видов
Џоел ама не е исто милилитри и килограми, а плус има разлика од супстанца до супстанца знаеш како учевме на вагата пример кило сунѓер колкава површина зафаќа, и кило железо. Е сега мислам дека брашното е полесно за разлика од на пример шеќерот, и мислам дека требаат повеќе чаши, а не четири и тоа ме збунува...
Јас како што знам една лажица е 10грама,a во една шолја од 250милилитри имаш околу 125 грама, оние канчињата од кисело млеко збираат 250 грама брашно. А немаш ли онаква мерица во која може да се мери шеќер, вода...?
Нема логика да е исто, најлесно се гледа пример мерете шише со масло, или вода (јас масло имам мерено), 1 литар е, а тежи помалку, 1 литар е помалку од килограм. Како и да е, ќе прогуглам, ако најдам нешто, ок, ако не ќе пробам од око да го направам. Фала ви во секој случај . Едит- Се снајдов, видов на едно пакетче со мајонез, пишува 50мл/47 грама, што значи дека 1литар е 940 грама. Ќе мерам со чаши, и плус ќе додадам уште малку и таман ќе биде, се надевам .
http://wiki.answers.com/Q/How_many_grams_are_in_a_cup Granulated sugar: 1 cup = 200 grams Brown sugar: 1 cup, packed = 220 grams Sifted white flour: 1 cup = 125 grams White rice, uncooked: 1 cup = 185 grams White rice, cooked: 1 cup = 175 grams Butter: 1 cup = 227 grams Almonds, slivered: 1 cup = 108 grams Oil: 1 cup = 224 grams Maple syrup: 1 cup = 322 grams Milk, non-fat: 1 cup = 245 grams Milk, sweetened condensed: 306 grams Broccoli, flowerets: 1 cup = 71 grams Raisins: 1 cup, packed = 165 grams Milk, dry: 1 cup = 68 grams Yogurt: 1 cup = 245 grams Water: 1 cup = 236 grams Confectioners sugar: 1 C = 110 g Cocoa: 1 C = 125 g
Драги феминки мене ми треба ваша помош...Се ближи името на брат ми и слатките секоја година ги правам јас али никако не ми се погодува кога ќе ги премачкувам со чоколадо да бидат онака мазни не да се познава како се мачкани сакам онака од горе чоколадото да биде мазно има ли некое решение за тоа бидејќи мене секогаш ми се познаваат како ридови на слатките ве молам помош......
Не мешајте мерење на масло и вода. Маслото има помала специфична тежина од водата и затоа секогаш и испливува на површина. А еден килограм вода е исто што и еден литар вода. Инаку Ice-age за поглатка и сјајна глазура чоколадото се топи обавезно на пареа и се додава малку масло.
кога ке го топиш чоколадото се става малку маргарин кристал... на пример да речеме од прилика на 100 грама чоколадо да ставиш ( кристалот да го поделиш на 4ри еднакви дела и едната четврина да ја поделиш на пола и половинката би требало да биде доста за 100 грама ) се надевам ме свати
Чоколадото ќе го топиш со маргарин и зејтин. Ќе видиш самата, ќе ставаш зејтин за да биде потечно, па после одозгора со лажица ќе сипуваш и тоа ќе се разлее. Кога ќе се излади чоколадото ќе се стврдне. Значи финтата е во тоа да ставиш повеќе зејтин, а ако не ставаш ќе ти биде густо и ќе се познава мачканото