Каков наут да купам за да направам хумус и од каде? Тој печениот што се купува не е погоден за хумус, така?
Тој во теглички што се продава бланширан е веќе или повторно ќе морам да го потопувам во вода пред да го блендирам? Инаку не сакам да купувам готов хумус затоа што тој е со лук, а јас сакам без лук да го правам по мој вкус.
Наут се продава и рефус, во продавници за здрава храна, па дури и на пазар може да се најде. Купи си непечен. Ќе го измиеш убаво, па ќе го ставиш да стои во вода преку ноќ, за убаво да набабри. Ако сакаш потоа можеш да ја смениш водата и на кратко да го провриеш. Така најлесно ќе го изблендираш.
Да, тој во тегли/конзерви е веќе спремен за правење хумус, а ако купиш непечен, првин искисни го цела ноќ, после вари го, па блендирај (за хумус). Инаку, без лук не е вкусен, имам пробано така.
Кај овој рецепт може млекото да го заменам со кисела вода или нема да се испечат правилно?Не сакам никакво млеко да конзумирам па затоа барам некоја алтернатива ама повеќето рецепти се со млеко.
Видов на тв пржеа пиперки полнети со урда. Пробав да пржам ама урдата ми се излеа. Ќе може да ми кажете како да ги направам?
Хелп! На колачот брзи гонзалез во преливот за одозгора мора ли маргарин да се стави или ке се јаде и без?
Ајде помош ве молам, пеќурки се во прашање Како по рестораниве што ги прават сакам, запржени, притоа залучени малце ама црни да се. Тоа црното сос е некој што е ?
Свежи печурки? Тие си потемнуваат сами ко ќе ги запржиш. Не верувам дека е некој сос. Може па дека на скара ги прават некаде затоа се како потемни. Не знам друго што може да биде
не мор, ја стварно не знам да објаснам. regular mushrooms ама црни се Немам слика кој ми е крив што не си го сликам јадењето у ресторан а завчера ги јадев @worrieddd Да, свежи се. Еве пола кг спржив не ми излегоа такви :/
Јас стварфно не знам за што зборуваш. Да не биле подолго пржени? Нема сос. Врело масло, зачини и пржи.
Не знам, јас ко ги правам не се црни ама се темно кафени. Абе мислиш ги мијат во рестораните така ги стават затоа се црни сигурно