http://bonapeti.rs/recepti/kolenica/ Еве и тука има повеќе рецепти, како супи, чорби. Сигурно ќе најдеш нешто.
Вчера сакам да испржам свинско месо, го пржев на ниска температура но внатре ми остана живо малку, потоа ставив наоколу печурки па го ставив во рерна уште 10-20 мин но пак ми беше тегаво. Има ли некој идеа како можам денес да го спремам некако со сос, дали да го допржам на коцки... бидејки извадив поголема количина да не го фрлам..
Ако ти е тегаво , динстај го со бело вино. Можеш и ,,клинче,, да му ставиш при динстањето, го омекнува месото и му дава шмек. За да ти биде уште полесно, исечкај го на коцки, ама не многу мали, зашто свинското се топи, да не ти дојдат парченцата многу мали на крај. Мој совет, гледај сите коцки да ти бидат иста големина/дебелина, за да некои парчиња не бидат препржени а некои живи.
Имам малку бисквити,орео колачиња,велнес колачи,пудинзи од ванила и чоколадо,шлаг крем,еурокрем,слатко од јагоди и вишни.. Што десерт да искомбинирам?
Свари пудинг дали од ванила или чоколадо твој избор (јас со ванила најчесто правам поубав вкус ми има) Во посебен сад издроби ги бисквитите, орео и велнес. Измешај ги заедно со сварениот пудинг(стави маргарин малку во пудингот откако ќе се ствари за да се стегне колачот) кога ќе ги измешаш заедно стави ја смесата во тепсија и разреди ја рамномерно. Стопи еурокрем на пареа па намачкај слој врз него слој слатко и на крај шлаг Убави состојки имаш ќе излезе вкусно
Се ближи роденденот на мм па планирам да правам торта. Имам рецепт за пандешпан но сакам да ја направам со фил со банани. Има ли некој рецепт за едноставен фил кој можам да го искомбинирам со банани?
Можеш! Омилен ми е филот со банани и пудинг од ванила. Го вариш пудингот со млеко и оставаш да се подизлади па ги додаваш бананите исецкани на кругови. Не ги ставај во топлиот пудинг така побрзо поцрнуваат. Инаку вака, до 4-5 дена во фрижидер нема гајле. Многу е вкусен и освежителен овој фил.
Женски дали имате правено Gingerbread cookies и дали ви се допаднале?Имам во план да правам за Нова Година (за прв пат) само не знам колку ќе е успешно. Споделете рецепт ако имате да видам.Јас планирав по овој да правам https://moirecepti.mk/post/божиќни-ѓумбир-колачиња
Кога печам пандишпан или тесто само со белки, ми пропаѓа во средина.Откако ќе ја исклучам рерната го вадам после 5 минути и го печам во сад број 20. уште пред да го извадам веќе средината е спласната. Совет?
Овој е супер рецепт. Јас ги имам правено, не баш истите ама се водев според овој. Лесни се за правање, не можеш да ги утнеш.Внимавај само на печењето да не ги изгориш.