Јас годинава ќе правам орасници и нив ќе ги украсувам со фристинг. Ама орасници со мелени ораси само. Многу ги сакаме, вкусни ни се а колачињата не ни се баш баш по вкус на сите и ни остануваат. Оставај додека скроз не се олади рерната. Не отварај при печење воопшто да проверуваш само исклучи и остави да се олади само. Кафеав шеќер, кока кола, кромид и мајчина душичка гранчиња, остави преку ноќ, после на печење и ќе има ем кора таква карамелизирана ем ќе биде меко и сочно.
И јас планирам да правам нешто вакво, со друштво сме за НГ, утре ми доаѓаат на спиење другарки и другари.Ги убедив да правиме вакви колачи, но за жал еднаш имам правено со глазура исто од белки и шекер, не знам што утнав но цела стана упиена, се раскашави и се стопи. Се мислев или ова или мафини бидејќи цимерката има 2 калапи за мафини, ама овие ми се поинтересни. Некој да правел глазура ама дали е само оваа варијанта?
200гр шеќер во прав и една белка, прво ја матиш малку белката да се замати, да стане пена, после додаваш шеќерот, малку лимон, вкус ако сакаш некој и боја која сакаш. Оваа рецепта ми нема утка.
Јас ги правам со млеко и шеќер во прав и боја, некако шубе ми е белка да ставам. Еве ги од лани Годинава со бело чоколадо ги украсував.
Фала ти ќе ги пробам, инаку сакам да ги правам утре бидејќи ќе имам и помош, но има ли проблем ако преноќат? Дали би станале суви или нешто такво? Ќе бидеме за нова год друштво и сакам да има и благо обавезно
Иначе пошто бои се како суво злато, никаде ги нема, јас си купив степ и со него ќе фарбам. Додуша мене само црвена ми треба, така да само таква купив. А ги фрлив скоро, имав сите бои, смотаница.
Уште едно прашање Наместо риба може ли каламари да направам за Бадник? Заборавив да купам а не можам да одам пак.
Како се прај наједноставен кари сос? Барам на нет и има тон зачини внатре, а знам дека татко ми прај без многу многу зачини, а е доста вкусно ама е на работа и не можам да му јавам да прашам. Колку и да сакам зачинето се обидувам да избегнувам зачини ради стомакот.
Освен кари, сол и бибер друго не ни мора да ставиш. Чили малку, ама ако те јаде желудник немој. Кромид ситно сецкана (ако сакаш), ќе го пропржиш. После неутрална павлака за готвење додаваш (и малку млеко можеш плус, ама малку само). Од кога зоврие додади зачините, додека не добие густина каква сакаш - и еве ти кари без многу зачини. Јас не сфаќам зошто ставаат и куркума и ким и сите тие зачини посебно, кога кари и онака е мешавина од тие зачини.