Дај кажете рецепт за гулаш со мевце. Некој чорбест, со многу зеленчук, без запршки и такви комплицирани работи.
Јас знам дека тајната е во кромидот За пола кило месо потребно е 400гр кромид и два моркови Се пржи кромидот,не да загори Се додава месото и морковот некои 5 минути да се пржат заедно Се зачинува со сол,вегета,бибер,магдонос,црвен пипер и се полива со вода колку да се покрие месото Се крчка на тивко дури згусне Јас некогаш додавам сос од домати на крај и тоа е тоа
Ние вака го правиме: Рендам на крупно поголема количина кромид и морков и ги запржувам, па полека додавам помалку вода и ги динстам додека буквално не станат како паста, како кашичка. Па додавам сечкано на коцки свиснко и јунешко (некое што не е пресуво, врат на пример. Или идеш кај месарот и му кажеш дека ти е за гулаш). Посолуваш за да пушти месото вода па го динсташ и тоа. После додаваш малку црвено вино, диглејзинг чудо како и да е, да испари алкохолот додека е сѐ жешко и нема многу вода. Па печурки, и тие веќе многу вода пуштаат, компир, и крчкам на тивко додека не е се готово. Пред крај веќе се додаваат зачините (магданос, црвен пипер, чили, што ти душа сака). Нема запршки ама не е баш фаст фуд. Чорбести манџиџки си бараат време. Кај ме фативте на темите за готвење денес
Ма нема врска колку време одзема, постапката ми беше битна зашто за јадења со месо сум тапа. Имам јунешко баш како за гулаш и сакав да пробам утре, па ќе ви пишам што испаднало на крај. Фала @Mari* и @DAngel.
@DAngel @Kate Rina 93 фала ви! Ќе ги пробам и двата некогаш, во меѓувреме мајка ме благослови со смс за како го праеле дома. Додадов и печурчиња внатре.
Реално не знам дали е кари сос, ама дома знам се прај во 5 минути како брза алтернатива. Дали оти сама си го праев, ама најубо до сега.
Искрено се изненадив на делот сенф. Јас како не голем фан на сенф, ако добро можи да се маскира го јадам, па преѓе ставив онака убаво лајче сенф. Која иронија ако за то ми е повкусно.
Сенф е магија. и јас едно време мислев дека не сакам сенф. Кајгана или омлет следен пат кога правиш стави во јајцата, да видиш дури тогаш како ќе го засакаш
Види ја са. Последно за сенф се изненадив кога мајка ми ми кажваше како праеле со татко ми стек, со сенф apparently. А јас демек не јадам сенф, а то во се шо сум јадела има. Ако не се предомислам имам во план вечер омлет да прам па ќе пробам.
Ако дома знаат дека не јадеш сенф - требало да им се налутиш дека намерно ти подметнувале Јас со пилешко толку не - оти обично во друго го маринирам, ама свинско на шницли кога е, па и јунешко, сенф има во 90% случаи. И во дресинг за салати го ставам
Да прашаам дали може смеса за палачинки да правам во апарат за вафли (онаа срце форма). Дали ќе ми искочат палачинки ? Хахаха
Женски, може ли малку помош? Сакам да направам бомбици со тоа што имам дома Па да ми кажете дали ќе испадне нешто од овие состојки и по колку да ставам? Имам урми, смокви, ореви, банани, бисквити, маргарин, какао... Што да ставам, а што не? Не ми се купува слатко од дуњи, инаку мајка ми мислам дека со такво ги прави најубавите бомбици