Сакам да направам чорба ориз и спанаќ,онака течна ептен да е, ама имам само кафеав ориз, какокда варам со него, оти тој многу време се вари и од спанаќот ништо нема да остане од толку варење, некој идеjа?
Да го киснеш преку ноќ, да омекне. Пократко време се вари така. Или свари го прво оризот, после додај го спанаќот.
Имам остананато малце мелено месо и ми текна на домашни кнедли за супа, ама не можам да најдам никаде рецепт за нив, знае ли некој како се прават? Сакам да збркам и да направам со домашна супа.
https://moirecepti.mk/post/кнедли Можеш кнедлите вака да ги направиш и плус да го додадеш меленото месо (кратко пропржено со кромид).
Јас обожавам кнедли,се давам во нив. 1 јајце 3 лажици големи гриз 1/2 лажиче мало маргарин се мешам заедно во филџан и оставам да одстои во фрижидер 15 минути. Супа обично земам од Кам -добра супа посна . Ставаш вода да зоврие,и полека со врв на мало лажиче ги спушташ кнедлите да се варат и на крај ги додаваш кесите супа.Можеш и плус фиде или мевце од копанче
Да ве прашам една смешка...Ако една ваква ќесичка ориз ја сварам со млеко и потоа и ставам шеќер и цимет/какао.. дали ќе се добие сутлијаш?? И со што гиготвите и како? Јас ја варам кесичката, потоа ја ставам во чинија и си додавам масло, сол/вегета, некогаш и зеленчукова златна мешавина( замрзната купена, па потоа и таа сварена)и така си јадам.А друго некако поинаку да го зготвам?Како?
Јас обично оризот го варам во вода бидејќи при варење се згуснува од самиот ориз и потоа кога е сварен оризот додавам млеко од око....па ванилин шеќер, или шеќер и екстрат од ванила добива многу добар вкус. Друга алтернатива за солен ориз е печен, можеби ви е чудно но јас ставам томатело сос пред печење (не ми замерувајте обожавам домати).
Солен ориз - варен или печен, го приготвувам со вода во која имам растворено коцка за супа. Превкусен е така, немам потреба од дополнителни зачини.
Хаха си ја најдов својата копија. Не се зезај со овој ориз нема да направиш сутлијаш. Односно, можеш да направиш ама нема да го има оној убавиот вкус. Инаку и јас го правам истото со овие кесички само што јас сум уште по практична односно поголема мрзливка. Го варам со кесичка неколку минути оризот, ја фрлам првата вода и ставам друга, ја истурам недоварената кесичка, ставам брокула, мешавина, масло и доварувам. Се во едно тенџере. На крај си ставам пармезан или моцарела. @Mishela и јас правев порано така се додека не дознав колку нездрави се тие коцки. Сега сама си ги додавам зачините, куркума , оригано и сол.
Proveren recept za sutlijas a i preubav e 250 gr seker,250 oriz 1 litro mleko 1 litro voda 1 vanila se vari na tivko dodeka se svari orizot
Некој што се разбира да ми одговори.Вчера правев намаз од авокадо,ставив 2 полумеки авокада,пола лук,пола лимонов сок,маслиново масло 2 капки и малку вода.Го изблендирав во нутри булет.Топ си беше,после тоа шо остана го затворов со капакот и го шибнав у фрижидер.Сабајлето кога видов намазот од зелен станал кафен скроз.Зошто е тоа така? и другпат ми се дешавало ама никогаш не ми отемнувал
Феминки, имам соја сос ми стои у фрижидер, досега користен само малце со сарма и павлака комбинација. Но, не ми текнува како да го искористам за друго, еднаш ставив во тестенини многу грдо беше. Чаре?
Со ориз,свинско месо и пилешки стек пропржено ако е се додава при крај и има убав шмек,селска тава со месо,заленчук пропржен со соја сос,морски плодови ....
Очекуваме деновиве да ни испадне првото забче,па сакам да направам некои колачиња во форма на забче,ако некој има правено ве молам пишете ми рецепт и како се прави
На 177 страна од темата рецепти од фемина инстаграм има два рецепти постирано. Еден мој еден од Манако. Види и ако треба нешто слободно прашувај.