Многу е, ама толку ми е мерата за квасецот. На 200 или 150 гр ќе треба помалку од пола пакетче квасец или лажиче. Јас вака ја правам па останува малку и за другиот ден.
Глеј да го искористиш во рок од недела-две, оти мувла фаќаат, како топка се прави внатре. Ми се има случено, оттогаш само домашно користам, или ако немам домашно, мало пакување купувам.
Има ли некој рецепт за пралини? Сум правела посни, но сега мрсни ми требаат. Конкретно сакам да ги наполнам со некој фил.
Јас правев прошлиот месец едни со цели малини внатре, едни со путер од кикирики, едни со сецкани лешници од Кам има едни готови карамелизирани и пудинг од лешник како фил дојде, убави се и со еурокрем и лешниците, со дулче ди лече еден фил има готов во Рамстор, хопла со мелени наполитанки, хопла со бисквити и банани....
Многу често правам сникерс зашто најомилено благо ми е ,имам рецепт (испробан значи ) ама сабајле ќе го пишам
@GirlRose повели 8 белки се матат со 18 лаж.шеќер па се додава 200 гр.печени и сецкани кикирики,1 лаж.какао и се пече на хартија 30 мин.на 180 степени. Фил : 150гр.шеќер да врие со 50гр.вода и се додава 50гр.чоколадо ,1лаж.какао и да се згусне.1 маргарин се мати со 150гр.шеќер во прав ,8 жолчки и 300 гр.печени сецкани кикирики Одозгора се става глазура од 1 чоколада со 3 лаж.зејтин . Пробај ја тортава ,превкусна е
Фала златна. Ми се гледа лесна и не многу скапа.Овие по нет многу работи имаат. Ќе постирам слика и впечатоци.
Нема на што Пробај обавезно и ќе кажеш.Ако имаш нешто нејасно при правење слободно прашај ,со години ја правиме се по овој рецепт и нема утка .
Ако не си правела тешко е ова. Ова е Ројал ајсинг, си бара трпение и дарба, без тоа џабе е се. А за колачите побарај на нет било какви путер бисквити, погледни некое видео за ројал ајсинг и пробај.
Мислам дека има и фондан, не е се ројал ајсинг. Бројките и подлогата ми личат како од фондан. Буквите се ројал ајсинг.
Јас правев запчиња за малото. Ич не е тешко за маневрација и правење. Напиши ројал ајсинг, ќе ти излезат рецепти. Само фин шприц ти треба. Види на јутјуб. Мене ич не ме бидува за цртање и декорации ама фино испадна. Сакам да ти кажам дека ептен лесно се работи со него и лесно се прави. Од белка од јајце е .
Zenski imam borovinki,sakam kompot da pravam i nesto da zamrznam,ama mnogu se so gjubre livcinja...nekoja finta za polesno cistenje?